Контакт

Изложби

Со изложба на фотографии почнува програмата на Викендот на гордоста во Скопје

Објавено пред

Од денеска до 10 јуни во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи дел од програмата на Викендот на гордоста Скопје 2018 во организација на „Коалицијата Маргини“ и ЛГБТИ-центарот за поддршка.

Со изложбата на фотографии – „CORPUS QUEER: тела на отпор 1980-2018“ на Дел Лагрејс Волкено, која денеска ќе се отвори во 21 часот во Музејот на современата уметност (МСУ), започнува официјалната програма.

Дел Лагрејс Волкено е визуелен уметник кој преку фотографијата настојува да ги наруши и проблематизира општествено-културните бинарности користејќи ги висцералното задоволство и политичката провокација како примарни стратегии на отпор. Волкено е роден/а како интерсексуална личност, но со женскиот пол назначен од раѓање, во кој е и одгледан/а, по што првите 37 години од својот живот ги поминува како жена. Живее како небинарна и отворено интерсексуална личност од 1995 година. По завршувањето на студиите на Институтот за уметност во Сан Франциско од 1979 до 1981 година, добива магистерска титула по фотографски студии на Универзитетот во Дерби, Велика Британија, во 1992 година. Има создадено пет фотографски монографии, од LoveBites во 1991 г. до The Drag King Book во 1999 г. со Џек Халберстам, до Femmes of Power: Exploding Queer Femininities во 2008 со Улрика Дал.

На 9 јуни (сабота) во 13 часот во МСУ ќе се одржи и проекција на филмот „Жената лубеница“ на Шерил Дунје како програмска соработка помеѓу МСУ-филм и видеопрограмата на Викендот на гордоста.

„Жена лубеница“, одредена од историчарите на филмот и квир-теоретичарите како еден од првите New Queer Cinema-филмови, ја отсликува комплексноста на расата и полот и сите последователни социјални идентитети конструирајќи различна верзија на класичен Холивуд, на неверојатно нов, стимулирачки и забавен начин. Отворената Cheryl Dunye гради лажен cinéma vérité-филм како полуавтобиографска приказна за една од верзиите на сопствената личност.

Музејот на современата уметност е партнер на Викендот на гордоста 2018, партнерство релизирано преку програма што ги слави љубовта и поддршката, културата на сеќавањето и разбирањето, но и програма што ги отвора прашањата за неизбришливите ефекти на минатото.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

По 27 години, прва самостојна изложба на Перица Георгиев – Пепси во Македонија

Објавено пред

Од

Во рамките на манифестацијата „Демир Хисар, град на културата, 2018“, в недела, 23 септември, со почеток во 19 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на уметникот Перица Георгиев – Пепси.

Изложбата ќе биде поставена во фоајето на Домот на културата во Демир Хисар, а публиката ќе има можност да ја види сè до 1 октомври.

Перица Георгиев – Пепси денес живее и работи во Република Бугарија, а оваа самостојна изложба му е прва по 27 години во Република Македонија.

На изложбата ќе бидат прикажани 20 слики од мал формат, без одредена тематска определба. Експресивни по употребата на боите и апстрактни по содржина, каде што предметното е сведено на асоцијативно препознавање. Некои од изложените дела личат на имагинарни пејзажи од галактичкиот простор, други на пејзажи произлезени од бајките насликани во виолетово и златно, во кои проблеснува нетварната светлина, а трети се движат кон чиста апстрактност. Главното обележје на сликите е нивната трансцедентална природа, кои отсликуваат трансцедентални состојби на свеста, кои уметникот за време на своите медитативни пракси интимно ги доживува и живее, а преку својата уметничка практика ги пренесува пред очите на гледачот, со што индиректно или директно му укажува за еден интимен свет што постои интимно во сите нас, а кој се спознава кога човек место да гледа нанадвор, треба само да се сврти навнатре кон самиот себе.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих

Објавено пред

Од

Денеска, со почеток во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје ќе се отвори самостојна изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих насловена Black Raw Memory.

Нештата што нè опкружуваат и со кои сме во некаков вид односи оставаат во нас емотивна трага. Колку и да сме индиферентни кон одредена работа или, пак, субјективно заинтересирани, на крајот сѐ може да се сведе на две категории: на нашиот позитивен или негативен став. Низ позитивна призма го гледаме сето она од што не сакаме да се ослободиме, она со што се опкружуваме, што го собираме и претрупуваме, градејќи слика за себе. Другото, што од каква било причина не ни се допаѓа и го сметаме за потрошено, расипано или непријатно, ако не со брза одлука, тогаш постепено го поттиснуваме од себе, складирајќи го на некое место каде што нема да ни се испречува и да нè потсетува во секој момент. Со време тоа место е сѐ поодалечено од нас. Според уметникот, поединци, општества, институции, села, градови, држави, секојдневно ги отфрлуваат деловите од својот мемориски и материјален идентитет, градејќи за себе утописка, епско-идеална слика во огледало.

Владимир Фрелих е хрватски уметник од Осиек. Дипломирал на Ликовната акдемија во Диселдорф, Германија. Се занимава со концептулно мултимедиски дела, кои доаѓаат често до граничните подрачја на медиумот. Од 2007 е професор на Уметничката академија во Осиек на отсекот за мултимедиуми, а од 2010 е гостин професор на Академијата за уметности во Нови Сад.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Рамнотежист“ – изложба на Љубиша Камењаров

Објавено пред

Од

Вечерва, во 20 часот, во мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонија, ќе биде отворена изложбата „Рамнотежист“ на Љубиша Камењаров.

Делото „Рамнотежист“ (борец за рамнотежа, паднат во битка за неа) не се занимава со мотивите и причините за ваквото општење на релација субмисивен-доминантен во уметноста, туку само ја забележува, потсетува за нејзиното постоење – ја прави очигледна нерамнотежата. Во мал дел се обидува да ја преврти таа појава залагајќи се за урамнотежување зашто со природниот тек на работите во вселената секоја нерамнотежа тежнее кон урамнотежување.
Ваквата поставеност на нештата (нерамнотежата) се смета за неправилност – аномалија и го зема подредениот субјект за свој херој преку кој ја отсликува таа сосотојба.
Со прикажување човечка фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, без точно одредена возраст, пол, раса, се нагласува само припадноста на човечкиот род (најзасегнатата странка во оваа замисла).

Изборот на местоположбата на фигурата (на високо издигната основа) го засилува нејзиното величење, херојски прикажува паднат борец за рамнотежа, притоа материјалот наменет за одводна инсталација се поврзува директно со (се користи за) уметничката инсталација градејќи го телото на херојот, паднат на колена, претворајќи го од сумисивен во субверзивен.

Љубиша Камењаров е роден во Скопје 1978 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек вајарство, во 2004 година. Од 2003 до 2014 учесник е на голем број групни изложби, ликовни колонии и фестивали. Од 2005 до 2007 работи на изработка на сценографии за драмска и филмска продукција. Од 2007 до 2017 е член на перформативната група „Свирачиња“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Претепаното момче во Аеродром има потрес на мозок и скршеници, МВР не знае кои се напаѓачите

Лицето кое вчера беше брутално претепано во Аеродром се здобило со скршеници во пределот на носот и вилицата, имало исеченици...

Македонија7 минути

Јавното обвинителство формираше Комисија за следење на противправности во врска со референдумот

Јавниот обвинител на Република Македонија формираше Комисија за следење на евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30...

Свет28 минути

Повторно пукање во САД, петмина повредени, меѓу кои и дете

Пет лица се повредени, меѓу кои и осум годишно девојче во пукотници во Сиракуза, во државата Њујорк, соопшти полицијата. Инцидентот...

Македонија2 часа

1000 евра казна за вештак кој не дошол на судење за предмет на СЈО

1000 евра треба да плати вештакот Павлина Стојанова, а 2000 евра Друштвото за вештачење „Форензик експертс ДОО“ оти не се појавиле...

Македонија11 час

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Вести16 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион16 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија20 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија22 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија22 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија23 часа

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија23 часа

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија24 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија24 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија1 ден

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет1 ден

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија2 дена

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Досие