Контакт

Култура

Со „Илијада“ од Хомер спуштена завесата на „Охридско лето“

Објавено пред

Со театарска претстава „Илијада“ од Хомер во копродукција на Словенечки народен театар СНГ Драма Љубљана , Цанкариев дом и Градски театар од Словенија, можеби еден од најголемите проекти на фестивалот „Охридско лето“, синоќа се спушти завесата на најголемата музичко-сценска манифестација во државава.

Публиката задоволна од врвната актерска игра во приказната колку што е класична, толку е и инспирирана од европската театарска авангарда, со суптилни совети на модерната историја на Балканот. Изведбата апочна како концертна верзија на една опера, актерите во формална облека, седнати на столови, ја раскажаа крвавата историја за „Илијада“ на микрофони. Раскажаниот вовед полека прерасна во едно целосно театарско доживување со една универзална релевантна нишка кое беше препознатливо за целата публика.

Самата актерска игра се одвиваше пред сцената на Античкиот театар со што гледалиштето беше поставено централно, во правоаголна форма. Странично беа поставени конструкции со рефлектори со што беше невозможно да се следи од краевите на Антички. Но сето тоа публиката го знаеше затоа што навремено го најавивме, велат од дирекцијата.

-Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено. Доколку поставевме публика на страничните места на Антички, ќе беше невозможно да се следи претставата и токму поради тоа се ограничивме само на предниот дел, а протоколот го сместивме на самиот партер. Од следната година за вакви специфични претстави ќе направиме платна со кои ќе ги покриваме местата од каде што не може да се гледа претстава, со цел за да не се добие впечаток дека не можеме да го наполниме Античкиот театар. Но она што е сепак битно, е тоа дека го имавме најголемиот театарски проект на „Охридско лето“ и на Античкиот театар, велат од Охридско лето.

Свеченото затворање на фестивалот го проследија министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми, заменик-министерот Владимир Лазовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата, Роберт Алаѓозовски, министерот без ресор Зоран Шапуриќ, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, видни личности од театарскиот свет, пратеници, советници, како и луѓе од бизнис-секторот, помагатели и пријатели на „Охридско лето“.
Успешното 58. фестивалско издание беше заокружено со свечен коктел во елитниот хотел UNIQUE .



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Манифестации

(Видео) Проект на осум дизајнери – од текстилен отпад создадени уникатни креации

Објавено пред

На осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје беше отворена нова иницијатива во Македонија – проектот #Sustainablestorymk, со кој што дизајнерите покажаа како од текстилен отпад се добиваат уникатни креации.

На капсулните колекции изработени од текстилен отпад работеа осум млади дизајнери под менторство на дизајнерката Ирина Тошева и гостинките од Велика Британија односно талентираната дизајнерка Ана Скодбо која твори зад брендот „Phannatiq“ и една од водечките британски стилистки Ребека Рој.

Гостинките кои долго време работат на одржлива мода, на дизајнерите им предаваа за техниките за бавно производство, одржливи ткаенини, сертифициран органски памук, производство на нула отпад, вегански материјали и етички услови за производство .

Целиот проект го реализираше Моден викенд Скопје со поддршка од Македонско модно здружение, Министерството за економија , Министерството за култура , Британскиот совет како и партнерите „Текстилното трговско здружение- Текстилен кластер –Македонија“ во соработка со фабриките „Okitex“, „La dama“, „Bella“, „AFG“ и „Istkomerc Sanda“, „Monika“, Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ и „Сивус едукативен и развоен центар“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Во Скопје изложба на еден од основоположниците на современата хрватска фотографија Тошо Дабац

Објавено пред

Изложба „Народните носии низ објективот на Тошо Дабац“ ќе биде отворена денеска (15 ноември) во Порта Македонија со почеток од 19 часот.

Организатор на изложбата е Музејот на македонската борба во Скопје од каде што велат дека истата нуди ексклузивна можност да се видат фотографиите на еден од основоположниците на современата хрватска фотографија Тошо Дабац.

„На изложбата ќе бидат претставени триесетина фотографии со мотиви од народни носии од различни краеви на Хрватска, БиХ, Македонија и други земји од регионот, во сопственост на Музејот на современа уметност во Загреб. Изложбата се реализира во соработка со Културниот центар „Травно“ и Работилницата за заштита и изнајмување  народни носии од Загреб, Република Хрватска, а е поддржана од Министерството за култура на Република Хрватска“, се наведува во најавата за настанот.

На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Музејот на македонската борба, Даниела Николова, и директорот на Културниот центар „Травно“, Јосип Форјан. Специјален настап ќе има Ансамблот „Македонија“.

Изложбата ќе биде отворена до 14 декември годинава.

За авторот

Тошо Дабац (1907-1970) е познат хрватски и светски фотограф, еден од основачите и еден од главните претставници на таканаречената Загрепска школа на уметничка фотографија. Во долгогодишната кариера има оставено зад себе повеќе од 200 000 фотографии, а негов најголем фокус била социјалната фотографија преку мотивите на животот на улица, питачи, народ на улица, циркузанти, панаѓури, процесии и сл.

Прикажи повеќе...

Култура

Монодрамата „Страстите на Илија“ гостува во Софија

Објавено пред

Во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија младиот актер од македонско потекло кој завршил актерско мајсторство, а живее и работи во Република Бугарија, Игор Дамјанов ќе ја изведе монодрамата „Страстите на Илија“ на македонски јазик од бугарскиот драматург и режисер Димо Дешев, а во режија на неговиот професор Чавдар Крстев.

Претставата се изведува во галеријата на КИЦ на РМ, а во нејзиното визуелно обликување учествуваа и истакнатите ликовни уметници Иво Пецов и Марјан Ѕин.

Инаку, изведбата на монодрамата „Страстите на Илија“ е еден вид раритет, од 1986 година до денес е играна во Плевен, Ќустендил, Видин и други места, а токму на 15 ноември ќе има во исто време две изведби – едната во КИЦ на РМ, а другата во „Нов театар“ во НДК во 19 часот во Софија.

Овој краток монолог на Дешев всушност е епитаф на осаменоста со светецот, а примарно станува збор за тагата и осаменоста на напуштениот човек. За сезоната 2019 година планирано е гостување на монодрамата во повеќе македонски и бугарски театри.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментов се водат во Министерството за вантрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија10 минути

(Видео) Бошњаковски: 400 страници документација е прибрана за екстрадицијата на Груевски

Над 400 страници документација е прибрана досега, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола Груевски од...

Македонија12 минути

Обвинителство: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер...

Македонија25 минути

Невладините организации ги детектираа сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, Цивил, Македонското здружение на млади правници, Евротинк, МОФ, Транспаренси Интернешнл и Транспарентност...

Македонија36 минути

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток1 час

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток1 час

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија2 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа3 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија4 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија4 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија15 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија19 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија19 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија20 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија22 часа

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија22 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија22 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија1 ден

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија1 ден

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Досие