Контакт

Култура

Со ретроспектива на илустрации на Димитар Кондовски се отвора фестивалот „Литера“

Објавено пред

Стотици илустрации што ги краселе кориците на многу детски книги, списанија, учебници, од вечерва во 20 часот ќе бидат изложени во „Мала станица“, со што ќе биде отворен вториот меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Изложбата ќе ѝ биде достапна на публиката сѐ до 1 ноември. Од 15 октомври, од 9 до 19 часот може да се видат делата на доајенот на македонската ликовна уметност со посебен ковид-протокол.

Идејата на „Литера“, што го организира Центарот за визуелна комуникација од „Ефектива“ од Скопје, е на денешните генерации да им го доближи исклучителното значење на овој уметник. За време на првиот фестивалски ден група деца ќе сликаат свои дела инспирирани од илустрациите на Кондовски.

„Димитар Кондовски е еден од малкутемина македонски ликовни уметници чие творештво остави траен белег во времето. Неговото дело е широко во својот опфат и длабоко според својот мисловен дофат. Златната трага што тој ја врежа во скаменетото време е чудесен сложен орнамент, чија тајна уште не е откриена. Работата за децата и за оние што светот може да го видат со детски очи на Кондовски му даде можност да го претстави светот како волшебна сликовница. Користејќи ја слободата што му ја дава работата за деца, Димитар Кондовски го отвори своето дело за сништата. Тој докажа дека голем уметник е волшебник, кој може да го претвори обичниот лист хартија во шума, каде што меѓу дрвјата блеска месечина и осветлува езеро сјајно како огледало – меѓу набабрени од роса виолетови и црвени цветови крај езерото танцуваат самовили со распуштени коси во проѕирни велови, а над нив меѓу облаците лета млад јунак на крилато коњче. Работејќи сликовници за деца и илустрирајќи книги, тој имаше можност да истражува еден поинаков свет, свет во кој чудата се можни“, пишува ликовниот критичар Емил Алексиев.

Освен изложбата, второто издание на „Литера“ ќе донесе и пет работилници наменети за детската публика, кои ќе се реализираат во Даутпашиниот амам. Креативните деца ќе може да творат во повеќе области – креативно пишување, цртање и др.

Фестивалот „Литера“ најде најчин и за време на карантинските денови да ги мотивира децата да творат. Неколку илустрации на Кондовски им беа инспирација и ни праќа нивни приказни и раскази. Во чест на октомври – месецот на штедењето, авторот на најдобриот детски текст од Халк банка“ Скопј ќе добие штедна книшка во вредност од 5.000 денари.

Во рамките на фестивалот, на 16 октомври во 19.30 часот, во Europe House во Скопје, ќе се одржи дебата на тема „Како децата се запознаваат со предизвиците во животот преку литературата?“ На оваа дискусија ќе учествуваат: проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска, проф. д-р и писател Владимир Мартиновски, Искра Димковска („Сказнувалка“) и психологот Христина Стефановска.

Во рамките на фестивалот ќе бидат организирани пет работилници, на кои ќе може да учествуваат помал број деца. Доколку дозволат временските услови, тие ќе се одржат во дворот на Даутпашиниот амам, а во случај на заладување или дожд, активностите ќе се префрлат внатре.

На второто издание на „Литера“, со наслов „Емоцијата има своја боја“, на 15 и 16 октомври работилница ќе одржат кустосот и едукатор од Националната галерија, Маја Димитрова, и вајарката Моника Гошева.
Четири работилници ќе се одржат на 17 октомври. „Прочитај ми приказна/прочитај си приказна“ ќе ја води Коста Милков од издавачката куќа „Метаноја“. Во истиот термин од 11 часот ќе се реализира и работилница на тема „Среќни деца денес – подобри луѓе утре“, а ќе ја одржи едукативниот центар „Скампер“ од Скопје.

Искра Димковска од издавачката куќа „Сказнувалка“ ќе одржи работилница инспирирана од сликовницата „Празнина“ од Ана Лјенас. Поетесата Ана Голејшка-Џикова ќе одржи работилница за креативно пишување.
На 18 октомври во Даутпашиниот амам заедничка работилница ќе одржат „Полица“ и фестивалот „Литера“ на тема „Креирање книжевно дело од деца за деца“.

На 19 октомври во Europe House фестивалот ќе додели награди за најдобрите македонски изданија меѓу двата изданија. Ќе бидат доделени три награди: за најдобра детска книга, за најдобра илустрација и издание во целина, за кои ќе одлучи стручно жири. Фестивалот го помагаат: Делегацијата на ЕУ во Скопје, Министерството за култура, Град Скопје, Халк банка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Кинотеката ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство

Објавено пред

Кинотеката утре ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со неколку настани.Кинотека ќе ги отвори своите работни простории и депоа за студентите, ученициите, колегите од сродните институции и секторот за заштита на културно наследство, како и за љубопитните граѓани. Годинешново мото под кое светските филмски архиви, музеи и институции поврзани со заштитата на културно наследство организираат изложби, проекции, предавања и слични настани по повод Светскиот ден на аудиовизуелно наследство е „Вашиот прозорец кон светот“.

Во 12:00 часот во Кинотеката ќе биде промовирано ДВД изданието со пет дигитално реставрирани македонски играни филмови. Изданието ги содржи филмовите Три Ани (1959) на Бранко Бауер, Жед (1971) на Димитрие Османли, Македонски дел од пеколот (1971) на Ватрослав Мимица, Татко (Колнати сме, Ирина) (1973) на Коле Ангеловски и Хај-Фај (1987) на Владимир Блажевски.

Филмовите во ова ДВД издание хронолошки се реализирани во распон од 28 години. За разлика од претходните ДВД изданија на дигитално реставрираните филмови од целокупниот опус на авторите (браќата Манаки, Арсениј Јовков, Љубиша Георгиевски, Бранко Гапо, Столе Попов, Милчо Манчевски, Кирил Ценевски), изборот на филмови кои се дигитално реставрирани, како дел од културното наследство, беше резултат на меѓународната соработка на Кинотеката со други филмски архиви од некогашна Југославија.

Во киносалата на Кинотека во 19:00 часот ќе се одржат проекции на филмовите Исчезнувањето на Сузана Арсова (1992) на режисерот Борис Дамовски, Првата светска војна, Сеќавања (WW1 REMEMBERING) и Фотофрафија 20-20 на Роберт Јанкуловски, професор на Факултетот за филмски уметности при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје, и Македонски дел од пеколот на Ватрослав Мимица.

Одбележувањето на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство го започна УНЕСКО, а потоа го прифатија и презедоа меѓународните тела што обединуваат организации и асоцијации на филмски архиви, музеи и институции што се занимаваат со заштита и чување на аудиовизуленото наследство, предводени од Координативниот совет на здруженијата на аудиовизуелни архиви (CCAAA -Coordinating Council of Audiovisual Archives Associatio

Настанот во киносалата на Кинотеката ќе се реализира според здравствените протоколи.

Прикажи повеќе...

Култура

Данската кинотека го прогласи „Исцелител“ за филм на месец ноември

Објавено пред

Данската кинотека, под покровителство на „Данскиот филмски институт“ го прогласи филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески за филм на месец ноември.

Со тоа, филмот ќе добие 8 проекции, свртувајќи го вниманието на филмските критичари, професионалците и публиката.

Секој месец, уредничкиот тим на кинотеката одбира филм за кој мисли дека заслужува да се прикаже на големо платно во нивната престижна институција.

„Ќе бидеме во неверојатно друштво, филмови на месецот претходно беа ремек-делата на светската кинематографија: „Елена“ на Андреј Звјагинцев, „Молитва пред мугра“ на Жан-Стефан Саува и „Јавачот“ на Клое Жао“, се наведува на официјалната Фејсбук страна на филмот „Исцелител“.

Данската кинематографија е една од најстарите и најпрестижните во светската филмска историја, дом на филмските великани Карл Теодор Дреер, Ларс фон Триер, Томас Винтерберг и Николас Виндинг Рефн. Првата филмска проекција се одржала во Копенхаген во далечната 1896, само една година по првата проекција на филм воопшто.

Прикажи повеќе...

Култура

Вендерс и Бењини – инспирација за проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“

Објавено пред

Интердисциплинарниот проект кој подразбира фузија на поезија, филм и музика ќе се реализира в понеделник во 20 часот во Europe House Skopje, а публиката ќе може да го следи само на стрим.

Со музика од Бранислав Николов и Гоце Јованоски, поезија од Дејан Трајкоски и сцени од филмови на Вим Вендерс и Роберто Бењини, в понеделник (26 октомври) во 20 часот во Europe House Skopje ќе се одржи проектот „Реобмислување на европски режисери: филм, музика и поезија“.

Интердисциплинарниот проект во развој подразбира фузија на поезија, филм и музика.

Се работи за три песни инспирирани од сцени од филмовите „Париз, Тексас“ и „Хотел од милион долари“ од Вим Вендерс, „Тигарот и снегот“ од Роберто Бењини. Поезијата од Трајкоски ќе ja изведува Бранислав Николов, со музика создадена од Николов и Јованоски, која е инспирирана од оригиналните филмски композиции, а сето тоа е вклопено со филмските сцени. Видео и аудиомонтажата е на Гоце Јованоски.

Идејата на проектот е реобмислување на едно уметничко дело и создавање ново, во сосема поинаква форма од оригиналното.

Настанот ќе може да се проследи само во живо преку стрим на следниот линк: https://bit.ly/31qhNH2

Проектот се реализира со финансиска поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 минути

Стејт департмент: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет23 минути

Над 8.000 новозаразени со коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи со коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија27 минути

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Минатата недела имаше...

Македонија12 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет12 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија13 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија15 часа

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион16 часа

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион18 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Европа19 часа

Шпанија прогласи вонредна состојба

Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со...

Регион20 часа

Од денеска во болниците во Словенија само пациенти со корона и итни случаи

Од денеска приемот на сите пациенти во словенечките болници ќе биде прекинат, освен за итните случаи и оние кои страдаат...

Топ21 час

Автомобил прегази 15-годишно дете во Скопје

Петнаесетгодишно дете вчера напладне било прегазено од автомобил на булеварот Александар Македонски во Скопје. Со возилото управувал Т.В. од Крива...

Македонија23 часа

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

На дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот, градоначалникот Петре Шилегов се...

Македонија24 часа

Во болниците се лекуваат 595 пациенти од коронавирус, капацитетите се прошируваат

Со вчерашните нови 404 случаи со Ковид-19 регистриани во земјава, во болниците низ Македонија се лекуваат 595 пациенти. Од нив...

Македонија24 часа

Маричиќ: Судството покажа дека може да функционира онлајн

Судството покажа дека може да функционира онлајн, вели министерот за правда Бојан Маричиќ по повод Европскиот ден на правдата. „Ова ново...

Македонија1 ден

Амди Бајрам бил позитивен на коронавирус, епидемиолозите ќе прават анкети со семејството

Министерството за здравство информира дека кај починатиот Амди Бајрам постмортем е утврдено дека бил позитивен на Ковид-19. Од страна на...

Македонија2 дена

Починаа 14 лица, регистрирани 404 новозаразени

Денеска се регистрирани 404 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 182 пациенти, а починаа 14 лица. Министерството за здравство...

Регион2 дена

На Балакнот рекордни бројки на заразени со коронавирус

Дел од државите на Балканот денеска регистрираа рекордни бројки на заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата. Во Србија рекордни...

Свет2 дена

(Видео) Трамп гласаше на претседателските избори во САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп гласаше на претседателските избори во САД. „Само што гласав! Голема чест“, напиша Трамп на социјалните...

Свет2 дена

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Досие