Контакт

Култура

Со филм, дискусија и музика одбележани „Вечерите на женските права“

Објавено пред

Синоќа, во киното „Фросина” во МКЦ, по повод меѓународниот Ден на жената, 8 Март, по деветти пат се одржаа „Вечерите на женски права“ под мотото „Сега е моментот – сите за родова еднаквост!“

На самиот почеток публиката ја поздравија градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој истакна дека борбата за родова рамноправност е „секојдневна битка, битка што секој од нас мора секојдневно да ја води”, и Доминика Стојаноска, раководителка на канцеларијата на телото на Обединетите нации  за родова рамноправност и зајакнување на жените (ОН жени) во Скопје, која потсети дека го одбележуваме 8 Март за да им оддадеме признание и поддршка на сите активисти и активистки коишто неуморно и секојдневно се борат да ја искоренат дискриминацијата, исклученоста и неправдата.

По проекцијата на шпанскиот документарен филм „Граници и ветувања“, своите размислувања и приказни за феминизмот, еманципацијата, женскиот активизам и многу други теми, во разговор со Ана Јовковска ги споделија Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска и Огнен Јанески, како и Елена Пренџова со својот слем-поезија перформанс, по што дружењето продолжи со бендот „Џун“ во холот на Кино „Фросина“ каде што публиката имаше можност да ја разгледа и изложбата „Признаените vs. невидливите жени“ составена од шведската изложба „Пионерските чекори во воведувањето на надворешна феминистичка политика“ и македонскиот „еквивалент“ во кој беа претставени невидливите жени од нашата историја.

Настанот за одбележување на 8 Март во рамките на „Вечерите за женски права“ беше организиран од ОН жени канцеларијата во Скопје, Град Скопје и Институтот за човекови права, во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје.

Како дел од овогодишните „Вечери на женски права“ ќе биде организирана „Недела на вечери на женски права“ (26-31 мај 2018) во Кинотеката на Македонија, проследена со дебати со ученици во средните училишта, за што наскоро ќе бидат објавени повеќе детали.

Култура

Поетот Михајло Свидерски награден на меѓународна манифестација во Казахстан

Објавено пред

Од

Неделава во Астана, Казахстан, поетот Михајло Свидерски учествуваше на меѓународната манифестација „Хроники на главните градови на светот“, на која присуствуваа над триста работници во културата, автори и претставници на најголемите светски библиотеки.

Авторот беше награден со медал за поезија за песната „Седмица“, и благодарница за развојот на културните билатерални односи помеѓу Македонија и Казахстан.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Распишан конкурсот за најдобри песна и есеј за „Празникот на липите“

Објавено пред

Од

Друштвото на писателите на Македонија распишува конкурс за најдобра песна и најдобар есеј на манифестацијата „Празник на липите“. На конкурсот може да учествуваат сите членови на ДПМ анонимно, а изборот за најдобра песна, односно есеј, ќе го врши тричлена стручна комисија.

Песната или есејот треба да се испрати во четири примероци потпишани со шифра на адреса: улица Максим Горки, бр. 18, 1000 Скопје, или преку електронска пошта на адресата: [email protected] најдоцна до 15 јуни 2018 година.

Манифестацијата „Празник на липите“ ќе се одржи во втората половина на јуни, а точниот датум ќе биде дополнително и благовремено објавен.

Од ДПМ напоменуваат дека е потребно учесниците што ќе учествуваат по електронски пат да направат нова адреса за електронска пошта исклучиво наменета за конкурсот, која нема да ги оддава нивните лични податоци и ќе го гарантира принципот на анонимност.

Прикажи повеќе...

Култура

Летно издание на фестивалот Скопје синема сити

Објавено пред

Од

Од 6 до 10 јуни во Кинотека на Македонија ќе се одржи летното издание на фестивалот Скопје синема сити.  Фестивалот ќе биде отворен со филмот за јапонскиот композитор Руичи Сакамото „Кода“во режија на Стивен Номура Шибле. Филмот се прикажа премиерно на филмскиот фестивал во Венеција во 2017, а се прикажа и на Берлинале во февруари годинава. Севкупно ќе се прикажат 15 филмови за овие 5 фестивалски денови.

Фестивалот има и претфестивалска програма, односно ќе се отвори изложба на џез-фотографии на реномираната џез-фотографка Татјана Ранташа со фотографии на истакнати македонски џез-уметници од различни генерации насловена како„Македонска џестетика – Ранташа Татјана, фотографии“ (Macedonian Jazzthetics – Rantasha Tatjana, photography“). Паралелно со нејзината изложба свој настап ќе има и Гоце Стевковски Квинтет. Бидејќи централно место има музиката, оваа изложба кореспондира со селекцијата на џез-филмови и од домашна и од странска продукција кои се на програмата. На програмата се застапени филмови за познатата музичка куќа Blue Note Records: Приказна за современиот џез, „Сан Ра: Братот од другата планета“, „Бил Еванс: Сеќавање на едно време“ заедно со кратки филмови од продукцијата „Види вака“ за Зоран Маџиров и Драган Ѓаконовски Шпато.

Покрај посветата на Сакамото, вториот ден фестивалот ќе му оддаде почит и на најпознатиот композитор на денешницата, Филип Глас, со прикажување на филмовите „Филип Глас: Гледајќи го Глас“ и култниот уметнички филм „Којанискатси“.

На 8 јуни ќе бид прикажан посебен осврт на артисти кои го носат белегот на необични, авангардни и шарени. Покрај веќе спомнатиот Сан Ра, ќе се прикаже филмот „Лунарна орбита“ за познатиот електронски состав The Orb, за  по нив да следи „Визијата за рајот“ на Ли Скреч Пери. На 9 јуни ќе бидат прикажани филмовите за Бил Еванс, кој е еден од најпознатите џез-пијанисти на сите времиња и „Буена Виста соушал клаб, Адиос“, за кубанскиот феномен.Покрај овие филмови, ќе се прикажат и два филма на македонскиот режисер Јoрдан Дуков за македонските состави „Љубојна“ и Conquering Lion, инаку дел од Телма докубенд серијалот.За завршниот ден ќе бидат прикажани филмовите „Студиото Ханса крај ѕидот 1976-90“ и „Кобејн: Монтажа на еден пекол“.

Сета програма на фестивалот ќе се случува во Кинотека на Македонија, а продажбата на картите ќе се случува на билетарницата на Кинотека на Македонија и онлајн на МКтикетс. Ќе има три видаа билети, поединечни по филм, дневни и блок-билети. Тие ќе бидат по цена од 150 и 100 денари зависно од проекција, дневните се по 250 денари, а блок-билетото 850 денари. Фестивалот е организиран со поддршка од страна на Агенцијата за филм, а одделни компоненти се поддржани и од Министерството за култура на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 часа

Трамп го откажа состанокот со Ким

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа средбата со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, планирана за на 12 јуни, соопшти Белата...

Македонија17 часа

(Видео) Заев и Борисов на заедничко чествување на Свети Кирил во Рим

Премиерот Зоран Заев, во придружба на сопругата и на владината делегација  денеска, во рамките на посетата на Република Италија и...

Топ18 часа

Ракометар на „Металург“ нападнат по синоќешниот натпревар

Дваесет и двегодишниот ракометар на „Металург“, Ф.К. од Битола бил нападнат синоќа по завршувањето на ракометниот натпревар помеѓу неговиот тим и...

Свет21 час

„Имате 48 часа да ги напуштите САД“ – Америка протера двајца венецуелски дипломати

САД наредиja протерување на двајца венецуелски дипломати, како одговор на одлуката на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро да протера двајца...

Македонија21 час

20 години затвор му се закануваат на Груевски со останатите 4 обвиненија

Доколку експремиерот, Никола Груевски, биде осуден за останатите 4 обвиненија кои му ги поднесе СЈО, може да добие максимална казна...

Македонија21 час

Истрагата за убиениот словачки новинар води до Албанци од Македонија

Истрагата за убиството на словачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница ги донела истражителите до албански бизнисмени од Македонија, кои...

Македонија23 часа

Нова рунда преговори за името во Њујорк

Денеска и утре министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе се одржат нова...

Топ24 часа

Во тешка сообраќајка во Штип загина 21-годишна девојка

Во тешка сообраќајка во Штип, утрово животот го загуби двесет и едногодишна девојка од Свети Николе. Сообраќајката се случила на...

Македонија1 ден

Денеска дожд и грмежи, од утре потопло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат пообилни...

Македонија1 ден

ЈСП со изменет возен ред поради двата празника

Денеска и утре возниот ред на автобусите од јавниот превоз ќе биде изменет поради двата празника, 24 Мај – Денот...

Македонија1 ден

Њујорк: Димитров разговараше со Гутереш за спорот со името

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Како...

Вести2 дена

Помпео: Северна Кореја сака економска помош и безбедносни гаранции

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, јасно им рече на Американците дека за возврат за денуклеаризацијата сака економска помош и...

Македонија2 дена

Иванов очекува да го добие предлогот за името написмено

Претседателот Ѓорге Иванов на средбата со Метју Палмер, заменик на помошник-секретарот во Стејт департментот на САД, уште еднаш ја истакна потребата...

Македонија2 дена

Груевски се огласи по пресудата: Доаѓаат подобри времиња

Главата горе, горди мои Македонци и горди граѓани на Македонија, доаѓаат подобри времиња, порача експремиерот Никола Груевски, кој денеска беше...

Економија2 дена

„Фени“ да се продава на јавна лицитација, побара бугарски „Минстрој“

Запирање на стечајот на „Фени“, впаричување на имотот и јавна лицитација за избор на компанија што ќе стопанисува со комбинатот,...

Македонија2 дена

(Видео) Николоски мисли дека Груевски е во Скопје, но не кажа зошто не се појавил во судот

Mислам дека Груевски е во Скопје, но за причините зошто не беше во судот на изрекување на пресудата, одговорија од...

Македонија2 дена

(Видео) Ќе горите живи, нема да излезете од судот, извикуваа демонстрантите пред кривичен суд

Пцости, клетви и закани до судиите упатуваат насобраните луѓе пред кривичниот суд, реагираат по изречената пресуда затвор за експремиерот Никола...

Македонија2 дена

(Видео) Никола Груевски осуден на 2 години затвор за „мерцедесот“

Падна првата пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“, односно набавката...

Македонија2 дена

„Убивме човек”, го читаше судијата повлечениот исказ на Хаки Азири за „Монструм”

Над 2 часа трае рочиштето на кое петтообвинетиот во „Монструм“, Хаки Азири говореше што правел на критичниот ден кога се...

Македонија2 дена

Герила акција во Центар: Дури две третини од младата популација е неписмена

Во Македонија денеска има над 40.000 неписмени луѓе, покажуваат податоците кои осамнаа во центарот на Скопје, најверојатно по повод утрешниот...

Досие