Контакт

Култура

Со „Хамлет од Горно Дупени“ прилепскиот театар одбележува 67 години постоење

Објавено пред


 

Театарот „Војдан Чернодрински“, со прикажувањето на претставата „Хамлет од Горно Дупени“, во режија на Кирил Петрески во сабота вечер од 19.30 часот и со детската „Сонувачот, купувачот и уште нешто“, во режија на Игор Трпчески, во недела од 11 часот, ќе одбележи 67 години од формирањето.

Завесата од театарот се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Во изминатите години театарот растеше и се развиваше, за сега да е еден од најперспективните во Македонија, докажано со бројните театарски претстави кои беа прогласени за најдобри не само на МТФ „Војдан Чернодрински“, туку и на фестивалите надвор од Македонија, како што се МЕСС и ЕКС ПОНТО.

Денес во театарот има ансамбл со одлични актери кои годишно реализираат по 3-4 премиери, а одигруваат по стотина претстави. Досега биле прикажани над 370 премиери, одиграни се околу 9.000 претстави, кои ги гледале над два милиона посетители

„Продолжуваме по зацртаниот пат – да бидеме најдобри, да дарувуваме многу претстави, многу смеа, радост од сцената, а за возврат ги очекуваме аплаузите од публиката“, велат од ЦК „Марко Цепенков“ во чии рамки е театарот.

Во моментот на сцената се поставува „Ништо без Трифолио“ од Русомир Богдановски, во режија на Кoле Ангеловски, што премиерно ќе се одигра кон крајот на март.
И годинава според програмата одобрена од Министерството за култура е најавено целосно реновирање на објектот на театарот./крај/со/бб

Култура

Проекција на „Смрт во Венеција“ за крај на осмото издание на Филозофскиот филмски фестивал

Објавено пред

Од

Во Кинотеката на Македонија со прогласување на победниците во конкуренција на долгометражни и краткометражни играни филмови вечерва од 19 часот завршува осмото издание на Филозофскиот филмски фестивал.

За наградата „Златен був“ (од жири и публика, во двете конкуренции) се натпреваруваа 6 долгометражни и 22 краткометражни филмови.

За крај, по свеченото доделување на наградите, во рамките на Ревијалната програма Филм-филозофија и во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје, публиката ќе има можност да погледне еден безвремен филм – „Смрт во Венеција“ (Death in Venice / Morte a Venezia, 1971) на Лукино Висконти базиран на истоименото дело на Томас Ман.

За релацијата филозофија-литература-филм и нивната поврзаност во ова класично дело од филмската историја ќе зборува Александар Прокопиев.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Почнува втората фаза на изградба и внатрешно уредување на Турскиот театар

Објавено пред

Од

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, денеска оствари средба со делегација на Генералниот директорат на државните театри на Република Турција, по што заедно со генералниот директор, Мустафа Курт, и министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Аднан Ќахил, го посетија објектот на Турскиот театар, којшто влегува во втора фаза на внатрешно уредување и техничко опремување.

Како што информираат од владината прес-служба, при посетата на објектот на Турскиот театар, министерот Алаѓозовски ги информирал новинарите за преземените чекори за надминување на застојот во изградбата на објектот.

„Продолжуваме со нашата политика на одглавување на капиталните проекти. Како што ги одглавивме Тетовскиот театар, зградата на Албанскиот театар и Македонската филхармонија, ова е уште еден објект кој треба да го ставиме во функција. Интерес на Министерството за култура е да се работи брзо и во добра динамика за да може Турскиот театар да ги добие своите квалитетни услови за работа, но истовремено сите работи врз објектот да бидат изведени врз база на прецизни договори и квалитетно вградување на сите потребни материјали за што ќе разговараме со нашите пријатели од Турција. Сè уште расплеткуваме неколку ситуации околу плаќањата, дали правилно се исплатени одредени фактури, дали одредени барања дадени на суд се исправни, објективни. Се надеваме дека во многу скоро време и тоа ќе го расчистиме за да можеме за втората фаза да стартуваме со чиста ситуација“, истакна Алаѓозовски.

Министерот задолжен за странски инвестиции во Владата на РМ, Аднан Ќахил, посочи повеќе проблеми кои влијаеле на застојот на изградбата на театарот за време на претходната власт, која, според него, намерно ја оставила турската заедница на маргините на капиталните инвестиции во културата и културниот живот воопшто.

„Тоа можеше и требаше да се направи порано. Во минатата Влада, Турците беа ставени на маргините на настаните. Тие три години т.е. од 2008 година можеа не вакви театри, туку цел град да изградат, но не изградија. Дваесет илјади метри квадратни со една подземна катна гаража кажува дека дилетантски е работено. Секој кој испитувал геолошки знаел дека тука има подземни води“, рече Ќахил и праша зошто баш тука каде има подземни води почнала изградбата.

Тој најави дека со одлука на Владата и разговор со турската страна ќе има соодветна динамика за изградба и соодветна опременост на Турскиот театар. Според него, тоа го заслужува турскиот народ во Македонија, кој е оставен на забот на времето. Инаку, втората фаза на внатрешно уредување и техничко опремување на Турскиот театар ќе се реализира во соработка со Генералниот директорат на државните театри на Република Турција.

Прикажи повеќе...

концерти

(Видео) Билетите за „Ентер-фест“, дефинитивно, 990 денари за сите вечери

Објавено пред

Од

Денес, точно напладне, почна претпродажбата на билетите за петдневниот музички фестивал „Ентер-фест“, што ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. Како што беше објавено, цената за комплетот билети за сите фестивалски денови во претпродажба чини 990 денари на http://mktickets.mk/.

На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите засега открија дека ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“.

Фестивалот има цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво – 80 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 часа

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија21 час

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија21 час

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион22 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија22 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија22 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет23 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија1 ден

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија2 дена

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија2 дена

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија2 дена

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет2 дена

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија2 дена

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија2 дена

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија2 дена

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија2 дена

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија2 дена

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Досие