Контакт

Култура

Со „Чудесна терапија“ заврши осмото издание на „Гола месечина“

Објавено пред

Со комедијата „Чудесна терапија“ на НУ „Драмски театар“ од Скопје во режија на Димче Николовски, во која играа Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски, вчеравечер заврши осмото издание на традиционалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“.

Во Спортскиот центар „Ново Лисиче“, каде што се одржа годинешниот фестивал на комедијата, покрај „Чудесна терапија“, публиката имаше можност да ги проследи и комедиите „Грдиот“ на НУ „Театар Комедија“ од Скопје, „Црвенкапа“ на НУ „Театар за деца и младинци“ од Скопје, „Мој термин“ на НУ „Македонски народен театар“, како и „Вообразен болен“ на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово.

Фестивалот што го организираа Општина Аеродром и НУ Театар „Комедија“ се одржа според сите утврдени протоколи за организирање манифестации од отворен карактер во услови на Кобид-19, поради што изостанаа претставите од соседството, а целосниот фокус беше ставен врз македонската продукција на комедии.

Култура

Разговор со првенецот на МНТ Ѓорѓи Јолевски

Објавено пред

25.10 • Последната лента на Крап во изведба на првенецот на МНТ – Ѓорѓи Јолевски

По изведбата на монодрамата публиката ќе има можност да остане 30 минути на разговор со актерот Ѓорѓи Јолевски на тема „Создавањето на Последната лента на Крап, идеја, процес, реализација и рефлексии”.

 

Претстава која годинава на 22. Интернационелен фестивал на монодрамата во Битола доби „Гран при” за најдобра претстава и најдобра режија.

Билети www.mnt.mk

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Култура

„Киненова“ од 27 до 31 октомври

Објавено пред

Од 27 до 31 октомври ќе се одржи шестото издание на Меѓународниот филсмки фестивал „Киненова“.

Свеченото отворање ќе се одвива во кино Милениум, на кое ќе се прикаже проекцијата на филмот „Бановиќ Стахиња“ / AS FAR AS I CAN WALK на Стефан Арсенијевиќ, а останатите филмови од програмата ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија.

Покрај филмовите кои се дел од натпреварувачката програма, годинава во фокус се и филмови од Ирска, Франција, Австрија, ќе бидат прикажани и филмови од „Лукс програмата“, како и краткометражни македонски и странски филмови.

Прикажи повеќе...

Култура

„Северен Пол“ на уште еден фестивал од А-категорија

Објавено пред

По учеството во Официјалната конкуренција на Канскиот филмски фестивал и на фестивалите во Сараево, Конкорто во Италија, Батуми и Сванети во Грузија, Тирана, Рејкјавик, Монпелје и Солун, филмот „Северен Пол” на Марија Апчевска-Петровска, во продукција на Кино око ќе биде дел од Официјалната конкуренција на уште еден фестивал од А-категорија. Со проекција на 17 ноември, филмот ќе биде прикажан на Black Nights Film Festival (PÖFF) во Талин.

Од 2019 година Black Nights Film Festival (PÖFF Shorts) е член на Европска филмска академија (EFA) и на секое издание фестивалот кандидира еден краток филм во изборот за Европски филмски награди. Исто така, овој фестивал секоја година номинира и филм за наградата на Британската академија за филм и телевизија (BAFTA).

По овој фестивал, во текот на ноември следува учество на фестивалот во Стокхолм и други европски и светски фестивали.

Главните улоги ги толкуваат: Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија Влатко Самоиловски, костимограф Билјана Гргур, сценограф Кирил Спасески, монтажер Драган Вон Петровиќ, шминка Горан Игњатовски, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа, кастинг-директор Киријана А. Николоска. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот е во продукција на „Кино око” во копродукција со „Сервиа филм” и „Форгрејд” од Србија и „Тиволи продукција” од Унгарија. Финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија и Српскиот филмски центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион12 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија13 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ14 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија16 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија17 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа18 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија19 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ21 час

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет21 час

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет21 час

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет22 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија1 ден

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет1 ден

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ2 дена

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија2 дена

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија2 дена

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија2 дена

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет2 дена

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Досие