Контакт

Култура

Списанието „Синтези“ посветено на Славко Јаневски

Објавено пред

По повод 100-годишнината од раѓањето на Славко Јаневски, делото на овој голем македонски писател е тема на новиот број на книжевното списание „Синтези“, што излегува во издание на „Дијалог“ од Скопје.

На своите страници „Синтези“ објавува омаж за Славко Јаневски под наслов „Поетска вертикала на неспокојот“, во кој критичарот Веле Смилевски потсетува дека „Јаневски е крупно име во современата македонска литература. Како поет, романсиер, раскажувач, сценарист, патописец и публицист тој создаде опус кој е цврсто вграден во развојните процеси на нашата книжевност во период од цели шест децении. Неговите творечки љубопитства и резултати означија еден од естетските врвови, чии вредности опстојуваат и се потврдени од судот на времето, за што сведочи и сегашното одбележување на 100-годишнината од раѓањето на писателот“, подвлекува Смилевски.

Во посебен оддел „Синтези“ донесува обемен избор од поезијата на Славко Јаневски под наслов „Сказание од искони“. Објавен е и фотопис со интересни фрагменти од животната и творечка врвица на Славко Јаневски, како и избор на дела од неговиот ликовен опус.
Во својот уводник „Синтези“ уште еднаш го поставува прашањето зошто Скопје нема улица со името на големиот македонски писател Славко Јаневски, роден во овој град.

Стогодишнината од раѓањето на писателот е убава можност да се исправи оваа грешка, се вели во коментарот.

„Синтези“ објавува низа други поетски, прозни и критичко есеистички прилози од домашни истрански писатели од различни генерации. Во овој дел застапени се Весна Ацевска, Кристина Домбровска, Борислав Павловски, Екатерина Јосифова, Димитар Башевски, Вилијам Голдинг, Глигор Чемерски, Влада Урошевиќ, Ристо Лазаров, Гордана Михаилова Бошнакоска, Љубомир Левчев, Филип Клетников, Паскал Гилевски, Мирослав Тодоровиќ, Елена Карпузовска, Фима Клетникова и Мелида Траванчиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Прва грчко-македонско филмска копродукција поддржана од европскиот фонд „Еуримаж“

Објавено пред

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – „Еуримаж“ ја поддржа и првата грчко-македонска филмска копродукција „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks) во режија на младата грчка режисерка Асимина Проедроу.

Татјана Ќурчинска-Пепељугоска, национален претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, која редовно учествува во работата на Фондот, учествуваше на последната сесија на европскиот филмски фонд „Еуримаж“, чиј календарски термин беше 22-27 јуни 2020 година, а на која се евалуираа 56 копродукциски филмски проекти, од кои само 26 добија финансиска поддршка од Фондот.

Еден од проектите што ја доби поддршката е и „Зад стоговите сено“ (Behind the Haystacks), копродукција меѓу Грција и Германија, каде што како копродуцент заедно со носителот од грчката страна е и македонската продуцентска куќа „Сектор филм“ од Скопје. Ова е прв филмски проект меѓу продуцентите од Грција и Северна Македонија во соработка со Германија, кој доби финансиска поддршка од „Еуримаж“.

„Од финансиски аспект, копродукцијата не е потврдена од македонската страна бидејќи Агенцијата за филм на РСМ сѐ уште не ги објавила резултатите од јануарскиот конкурс за 2020 година. И покрај тоа, овој проект беше поддржан од претставниците на сите држави членки на ‘Еуримаж’“, изјави националниот претставник на Република Северна Македонија во „Еуримаж“, Татјана Ќурчинска-Пепељугоска.

На претходната мартовска сесија „Еуримаж“ додели грант на македонскиот проект „Преекспонирано“, во режија на Елеонора Венинова, копродукција меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Се очекува македонските продуценти и филмски работници да станат поприсутни во европските копродукции кога на 1.10.2020 година ќе стапи во сила ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција поради многуте олеснувања што таа ги пропишува. Со оваа Конвенција македонските филмски работници ќе може да учествуваат со најмалку 5 проценти во меѓународните мултилателарни филмски копродукциии и со 10 отсто во билатералните копродукции наместо како што беше досегашна пракса, да учествуваат со најмалку 10, односно 20 проценти.

Прикажи повеќе...

Култура

300.000 луѓе сакаат да го забранат филмот во кој Исус е лезбијка

Објавено пред

Филмот „Хабит“ се најде под удар на критики во јавноста уште пред дистрибуцијата. Речиси 300.000 луѓе потпишаа петиција во обид да ја забранат дистрибуцијата на филмот, кој е карактеризиран како богохулен бидејќи Исус е прикажан како лезбијка, иако тоа не се спомнува во промотивните материјали на филмот.

Главните улоги во филмот ги имаат Бела Торн и Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон. Париз го игра Исус, а во филмот се појавува и трансродната манекенка Андреја Пејиќ.

 

View this post on Instagram

 

“Bad Habits Die Hard” 🎥

A post shared by Andreja Pejic (@andrejapejic) on

„Не е случајно што во составот има голем број актери со музички талент. Ќе имаме одличен саундтрак”, рече продуцентот Донован Леич за „Ентертеинмент викли“.

Дејството на филмот ја следи Бела, која ја игра улогата на жена која има фетиш на Исус и се маскира како чесна сестра за да избегне насилна трговија со дрога.

Дел од јавноста е згрозен од ваквиот портрет на Исус и смета дека филмот ги исмева христијанството и верниците.

Датумот на премиерата сè уште не е познат.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавена книгата „Корејски народни приказни“

Објавено пред

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.
Во предговорот приредувачот Киро Донев, меѓу другото, пишува:

„Корејската народна книжевност ја претставуваат неколку познати епови и безброј сказни и легенди изникнати во народот во текот на столетијата. Легендите, всушност, ја сочинуваат основата не само на корејската книжевност, туку и на корејската национална историја, бидејќи ги бележат сите настани, сите патила, сите настојувања на историскиот народ кон што подобар и посреќен живот, симнувајќи го од врат ропскиот синџир на освојувачите од север, исток и запад. Тоа е прикажано во сказните и легендите, во ликовите на луѓето – јунаците од народот, кои се подготвени во секој миг да си го жртвуваат животот за својата татковина.

Корејските легенди и митови имаат тесна врска со бајките, понекогаш дури е тешко да се утврди каде завршува легендата, а каде започнува бајката. Во многу од нив е присутна и реалната историја на земјата. Затоа во корејскиот фолклор има многу приказни за првите познати предци, основачите на древните корејски држави. Митските ликови се претставени како полуисториски, полулегендарни владетели или херои на Кореја… Во книгава е опфатен само мал дел од народното книжевно творештво од корејската култура и уметност – само народните сказни, приказни и преданија. Ова книга ни го отвора светот на древната корејска традиција. Таа е книга за сите возрасти – како за децата, така и за нивните родители, баби и дедовци.“

Прикажи повеќе...

Најново

Забава1 час

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет2 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт3 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија3 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ4 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија6 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија6 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ7 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа8 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет9 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет22 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија1 ден

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа1 ден

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Досие