Контакт

Култура

Средба на министрите за култура Стефоска и Минеков во Софија

Објавено пред

Министерката за култура, Ирена Стефоска, во рамките на својата работна посета на Република Бугарија, денеска во Софија се сретна со бугарскиот министер за култура, Велислав Минеков. Ова е прва средба на министри за култура на двете земји по подолг период, при што тие потенцираа дека како непосредни соседи, упатени сме на поголема заемна соработка.

Соговорниците нагласија дека во изминатиот период се реализирани проекти и иницијативи во повеќе дејности од културата, кои произлегуваат од Програмата за култура за периодот 2018 – 2021 година потпишана од двете министерства.

Во разговорите, министрите ја истакнаа добрата соработка во издаваштвото, во ликовната уметност, во филмската уметност и во програмата „Традуки“. Стефоска и Минеков се заложија за реализација на заеднички проекти, истражувања, обуки, размена на експерти во делот на реставрација и конзервација на културното наследство.

На средбата беше истакнато дека двете земји остваруваат одлична соработка и на мултилатерален план.

Министерката за култура, Стефоска, и бугарскиот министер за култура, Минеков, синоќа присуствуваа на концертот на Софиската филхармонија, на кој настапија Симон Трпчески, Александар Крапоски и Александар Сомов.

Култура

Стефоска и Гир ја најавија новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“

Објавено пред

Со тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, денеска заврши тридневниот циклус на јавни настани на Министерството за култура и канцеларијата на „Креативна Европа – Култура“ – „Креативна Европа – Дома“, посветени на поддржаните проекти во периодот 2014-2020 година, како и нивната рефлексија на национално и на регионално ниво.

Министерката за култура, Ирена Стефоска, и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на денешната тркалезна маса посветена на предизвиците и рефлексијата на програмата „Креативна Европа – Култура на ЕУ“, во своите обраќања се осврнаа на резултатите од претходниот програмски циклус, а го најавија и почетокот на новата програма „Креативна Европа 2021 – 2027 година“, која на крајот од минатиот месец беше усвоена од страна на Европскиот парламент.

Стефоска, истакнувајќи ги досегашните резултати на нашата држава, потврди дека Министерството за култура веќе изрази интерес за учество во новата програма, како и подготвеност за потпишување грант-договор со Европската комисија.

„Во текот на овој циклус поддржани се 79 проекти на невладини организации, издавачки куќи, национални и локални установи од областа на културата, а поддршката на ЕУ за овие македонски организации изнесува 4,5 милиони евра. Издвачкиот сектор во нашата држава уште еднаш ги потврди исклучителната посветеност и успехот во рамките на оваа програма на европско ниво, а Министрството за култура, секако, продолжува со кофинансирање на поддржаните проекти“, рече Стефоска.

Таа додаде дека како координативно тело за спроведување на програмата на национално ниво, Министерството, и во иднина ќе продолжи преку конкретни мерки да одговори на предизвиците базирани на досегашните искуства од спроведувањето на програмата на национално и на локално ниво, а сѐ со цел олеснување на пристапот во новата програма до што поголем број корисници од културните и креативните сектори.

Амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на тркалезната маса истакна дека културниот и креативниот сектор секогаш играле главна улога во животот на Европа и ги ширеле европските вредности. Тој истакна дека културниот и креативниот сектор претствуваат 4,2 проценти од европскиот вкупен БДП и 3,8 проценти од работната сила во ЕУ и се меѓу најдинамичните сектори во Европа. Повикувајќи се на информации од Евростат, Гир рече дека во културата и во креативниот сектор се вработени 8,7 милиони луѓе во ЕУ.

„Програмата ‘Креативна Европа’ на некој начин е консолидирана форма на поддршката на ЕУ за овие индустрии. Во периодот од 2014 до 2020 преку оваа програма се доделени над 13.000 гранта, а ги искористиле 41 земја. Кофинансирани се речиси 16.500 културни проекти за соработка во Европа“, рече Гир.

Прикажи повеќе...

Култура

Почнува летната филмска програма во Музејот на современата уметност во Скопје

Објавено пред

В четврток, 17 јуни, во 21 часот, почнува Летното кино со својата редовна филмска програма под отворено небо на тремот на Музејот на современата уметност – Скопје, информираат од оваа институција.

Во наредните четири месеци во рамките на Летното кино на Музејот под отворено небо над градот публиката ќе има можност да проследи десет креативни документарни филма. „Станува збор за внимателно избрани филмови, кои во себе не носат само дидактичка нишка, туку на повеќе нивоа ги отвораат прашањата поврзани со животот и делата на уметниците, општествените и егзистенцијалните теми, како и предизвиците на создавањата на делата и раководењето на музеите во 21 век“, вели Дарко Набаков, одговорен за филмската програма и дел од стручниот тим на МСУ.

Летното кино на Музејот ќе биде отворено со кинеско-американскиот документарен филм „Нашата временска машина“ (2019) од режисерите Yang Sun и S. Leo Chiang, филм што го следи создавањето на проектот на влијателниот кинески уметник Малеон. Филмот прикажува повеќеслојна медитативна уметност на агонијата на загубата и љубовта, како и кругот на животот. https://www.youtube.com/watch?v=SEREJDupsZs

Филмот трае 81 минута.

Сценариото е на S. Leo Chiang и Bob Lee, а музиката на Paul Brill.

Филмот е досега прикажан на повеќе значајни светски филмски фестивали и добитник е на многу награди, меѓу кои: гран при за најдобар документарен на Меѓународниот фестивал во Минск, Белорусија, во 2019 година, награда за најдобар интернационален режисер во рамките на „Хот докс во Канада во 2019 година. Награда за најдобар документарно-игран филм на фестивалот во Мелбурн во 2019 година. Награда за најдобра кинематографија на „Трибека филмскиот фестивал“ во САД, 2019 година. Гран при од жири-комисијата на Азискиот филмски фестивал во Лос Анџелес, во САД, 2019 година и други.

Сите проекции на Летното кино на МСУ ќе се одвиваат на отворениот трем на Музејот со почеток од 21 часот, влезот е слободен, а капацитетот е ограничен на 50 седишта.

Проекциите ќе се одвиваат според пропишаните мерки во услови на пандемија.

Следната проекција овој месец е закажана за 24 јуни (четврток) и ќе биде прикажан филмот „Музејски град“ (Museum Town) на режисерката Џенифер Треинер, една од основачките на Музејот за современата уметност во Масачусетс/ MASS MoCA.

Прикажи повеќе...

Култура

Актерите на Театар „Комедија“ изминатиот викенд одиграа претстави на отворено

Објавено пред

По долгомесечната театарска тишина, изминатиов викенд во Скопје одекна културен настан што ги израдува љубителите на театарот. Во срцето на градот, на отворена сцена на покривот на ГТЦ, три вечери по ред се играа претстави во рамките на ,,Театарски викенд на отворено“, уникатен настан организиран од Театар „Комедија“ и Градскиот трговски центар.

И покрај променливите временски услови што ги имавме деновиве, токму во вечерните часови дождот изостана, па во прекрасната атмосфера под отворено небо се одиграа „Вечера за глупаци“ (11 јуни, петок), „На отворено“ (12 јуни, сабота) и „Чао, пријатно“ (13 јуни, недела), со почеток во 21 часот. Сите изведби беа проследени со смеа и аплаузи, а актерите беа поздравени со многубројни овации од задоволната публика.

Овој настан покажа колку им недостигала комедијата на скопјани и колкаво значење има театарската култура во секојдневниот наш живот. Се надеваме дека во текот на летото ќе имаме и други вакви можности за театар на отворено, дури го чекаме нормализирањето на условите и за посета на театрите. Им благодариме на актерите на Театар „Комедија“ што изведоа дел од нивните познати комедии на отворена сцена и што разнесоа смеа во центарот на градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

29 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на...

Македонија2 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија3 часа

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет4 часа

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија4 часа

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија4 часа

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет6 часа

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија6 часа

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет7 часа

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет7 часа

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет7 часа

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија21 час

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Свет22 часа

Бајден: Напад врз една членка на НАТО е напад врз секого

Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Брисел рече дека колективната одбрана на НАТО, принципот дека нападот врз една членка се...

Свет1 ден

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија1 ден

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа1 ден

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија1 ден

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија1 ден

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион1 ден

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија1 ден

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Досие