Контакт

Култура

Стефоска: Со чествувањето на Блаже Конески ние ги негуваме љубовта кон нашата земја и културата на мирот

Објавено пред

Кога го чествуваме Блаже Конески, ние ја чествуваме убавината – преку неговата уметност, потоа високата морална свест и супериорноста на разумот, знаењето и доблеста, како и највисокиот степен на еманципација, ги чествуваме извонредноста во работата и работната етика. Ги чествуваме човечноста, толеранцијата, ширењето на културата на мирот и, конечно, љубовта кон својата земја оти само преку таа љубов, но во комбинација со темелното знаење, и Блаже станал не патриот, туку граѓанин на светот, истакна министерката за култура, Ирена Стефоска, на промоцијата на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески, како и на кусиот запис за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура.

Министерката Стефоска на промоцијата што се одржа во дворот на Министерството за култура се осврна и на сето она што го создал големиот Конески во книжевната наука, во лингвистиката, во поезијата, во фолклористиката, во славистиката… Сето тоа, како што рече, покажува дека тој бил мислител што успевал секогаш со едноставен јазик да ги искаже есенцијалните нешта на нашиот културен индентитет.

Таа пред присутните прочита и извадок од есејот „Мигот“ од Блаже Конески нагласувајќи дека тој е човекот што суштински придонесува македонскиот јазик и македонската книжевност да станат дел од, како што вели тој, светскиот литературен процес.

Со годината посветена на Блаже Конески, како што рече министерката, пак, сакаме да ги зачуваме и да им ги пренесеме на идните поколенија неговите постигнувања и неговиот етос: стремежот кон извонредност во науката, неговата уметност во поезијата – сето тоа што е целосно и посветено на македонскиот јазик и култура.

Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – година во чест на Блаже Конески“, која е дел од календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Чешка вечер на Охридско лето со гудачкиот квартет „Вихан“

Објавено пред

Традиционалната Чешка вечер на фестивалот Охридско лето ќе донесе концерт на квартетот „Вихан“. Во црквата „Света Софија“, вечерва, со почеток во 21 часот, ќе настапат членовите на овој состав: виолинистите Леош Цепицки и Јан Шулмајстер, Јакуб Чепицки на виола и виолончелистот Михал Канка.

Во 2015 година квартетот „Вихан“ прослави 30 години постоење и во текот на годините стана еден од најпризнатите гудачки квартети чија специјалност е изведбата на дела од чешката музичка ризница, како и на дела од класичниот, романтичниот и модерниот репертоар за квартет. Нивното аудиоиздание со делата од опусот 34 и опусот 105 на Антонин Дворжак беше прогласено за „снимка на годината“ на „Мјузиквеб интернашнл“, а специјализираниот весник за класична музика „Би-би-си мјузик магазин“ нивната снимка на оп. 61 од Дворжак ја оцени како „една од најдобрите снимени изведби на делото досега“. Во 2012/2013 година квартетот „Вихан“ беше резидентен ансамбл на Чешкото здружение за класична музика во концертната сала „Рудолфинум“ во Прага. Добитници се на многубројни награди на интернационални натпревари, како „Прашка пролет“ и „Камерниот фестивал“ во Осака, Јапонија. Во 1991 година квартетот ги освојува првата награда и наградата од публиката на престижниот натпревар за гудачки квартети во Лондон по што станува резидентен квартет на Конзерваториумот за музика и танц „Тринити-Лабан“ во Лондон.

Во 2014 година од квартетот се повлекува виолистот Јиржи Зигмунд, а во 2017 година, по 32 години музицирање, крај на кариерата во квартетот става и виолончелистот Алес Касприк. Нивните места во ансамблот ги заземаат виолистот Јакуб Чепицки, син на долгогодишниот виолинист во квартетот – Леош Чепицки, и признатиот чешки виолончелист Михал Канка.

Фестивалот Охридско лето Чешката вечер ја организира во соработка и со поддршка на Амбасадата на Република Чешка во Скопје.

Прикажи повеќе...

Култура

Роденденска торта и концерт на „Синтезис“ за 61. роденден на Охридско лето

Објавено пред

Со роденденска торта, што свечено ја пресече министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, НУ Охридско лето денеска го одбележа 61. роденден.

Директорката на фестивалот Охридско лето, Наташа Поповиќ. на денешната прес-конференција рече дека богатата историја на фестивалот е доказ за влогот на многу генерации и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.

„Секоја година 40-те фестивалски дена се празник на уметноста. Охридско лето носи околу 1.000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите земји во светот. И во време на пандемија успеавме да ја продолжиме традицијата, да го задржиме квалитетот и да ги донесеме најдобрите домашни и светски уметници. Особено се гордеам што и покрај здравствената криза предизвикана од Ковид-19, успеавме оваа манифестација да не изгуби од својот квалитет. Напротив, продолживме и го надградивме квалитетот за што добивме и многубројни пофалби како од нашата верна публика така и од уметниците што се дел од програмата“, рече Поповиќ, која најави дека традицијата ќе продолжи, но, како што рече, во иднина фестивалот ќе чекори и кон модерни, побогати и разновидни уметнички достигнувања.

Денеска, на денот кога оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ во 1961 година го означи почетокот меѓународниот фестивал Охридско лето, НУ Македонски народен театар на фестивалот му предаде биста на големата Ана Липша-Тофовиќ, дело на академик Димо Тодоровски, датирано во 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана“. Бистата е излеана во бронза, со димензии 99х55х32 сантиметри.

Според директорката Поповиќ, бронзената биста за фестивалот претставува вреден спомен, кој секогаш ќе потсетува на нејзиното дело и на зборовите „да ни е вечно Охридско лето“.

„Нејзината благородна мисија е аманет за сите нас да го негуваме и одржуваме блесокот на оваа сцена. Вечно благодарни кон нејзиниот лик и дело, посакуваме да се слави овој ден уште многу години. Посакуваме уште многу блескави моменти на следните фестивалски изданија“, додаде Поповиќ.

Одбележувањето на шеесет и првиот роденден ќе продолжи и вечерва со голем концерт на етногрупата „Синтезис“ на Античкиот театар.

Претставникот на групата „Синтезис“, Ванчо Јовчев, рече дека е огромна честа да се настапува на фестивалската сцена на која во текот на годините настапиле врвни уметници од целиот свет.

Прикажи повеќе...

концерти

Најбрзиот пијанист на светот, Љубомир Мелник, првпат во Скопје

Објавено пред

МКЦ Скопје го најавува концертот на врвниот пијанист и композитор Љубомир Мелник, кој првпат доаѓа во Скопје на специјална локација, во зградата на скопската легендарна „Пошта“! Концертот е на 22 август во 21 часот во „Пошта“.

Маестро на континуирано пијано

Љубомир Мелник е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Беше наречен пророк на пијано поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во поместувањето на границите на тоа што може да се направи со него. Во средината на 70-тите, додека живееше во Париз, тој создаде континуирана музика – тотално нов јазик за пијано, кој бара неверојатни технички способности, кои го користат целиот природен глас на пијаното. Може веднаш да се препознае дека оваа музика е основана во традиционалната класична техника за пијано, со сеќавање на Лист и Брамс, но исто така содржи многу влијанија од источната филозофија, како и минималната музика, комбинирајќи ги во прекрасна мешавина на модерни романтични хармонии и мелодии.

Користејќи ги неговите извонредни пијано-способности за да генерира над 19,5 ноти во секунда во секоја рака, тој е најбрзиот пијанист некогаш снимен. Од раните 70-ти произведе неверојатен опус од повеќе од 120 дела, повеќето за соло или двојно пијано и отвори целосно нови патеки во современата музика.

Билетите се во многу ограничен број. Достапни на билетарница во МКЦ и онлајн за цена од 500 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија5 часа

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија6 часа

Приведено едно лице за предизвикување пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија8 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија10 часа

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија10 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија13 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија15 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ15 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ15 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа16 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија17 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија17 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија1 ден

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ2 дена

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион2 дена

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие