Контакт

Култура

Стота изведба на „Вардарски пастуви“ во Театар „Комедија“

Објавено пред

Театар „Комедија“ со гордост ја најавува втората стотка.

„Првата наша успешна приказна е ‘Стјуардеси’, а сега, на 12 ноември годинава, ќе ја прославиме стотата изведба на ‘Вардарски пастуви’, претстава чија премиера беше прикажана на 8 март 2016 година“, се наведува во соопштението, во кое се додава дека и двете претстави се потпишани од режисерот Синиша Евтимов.

Исто така, од Театар „Комедија“ нагласуваат дека на 18 ноември ќе има премиерна изведба на претставата ,,Анатомија на неверството“, во режија на Александра Кардалевска.

Култура

Зоран Спасов – Ѕоф ќе ја промовира новата книга „Торонто експрес“ во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“

Објавено пред

Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов – Ѕоф ќе биде промовирана на седми декември (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“. Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо.

Промоцијата на книгата ќе се одржи неколку дена пред премиерата на новата театарска претстава „Торонто експрес“, во Македонскиот народен театар. Претставата, која е базирана на книгата, е во режија на Јордан Симонов, а главната улога ја толкува Александар Микиќ. Тие работеа и на театарската адаптацијата на текстот, заедно со Благоја Бошковски. Премиерата е закажана за 15 декември, а ден подоцна и на 20 декември се следните изведби.

Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто eкспрес“, во книжарниците „Литература.мк“, ќе следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.

„Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помош за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон… Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на изнајмените станови во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „Тито, мојот претпоследен херој“.

Зоран Спасов Ѕоф е основач на Фондацијата „Македоника“, чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонските јазик и култура. Преку Фондацијата, на интернет-страницата www.makedonika.mk има споделено повеќе од 2.000 бесплатни е-книги. Oсновач e на првиот приватен весник во Македонија „Огласник M“, на првиот и единствен таблоид „MExpress“. Бил продуцент на популарното ТВ-шоу „Џандар збира“, а во 1995 година е избран за менаџер на годината во полето на културата. Пишувањето книги е негова голема пасија, а досега, покрај новата „Торонто експрес“, ги има објавено: „Тибам штркот“ (2009), „Некогаш, некаде“ (2012), „Тито, мојот претпоследен херој“ (2020).

Книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14766

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Култура

Уште една изведба на балетската претстава „Жизел“ во НОБ

Објавено пред

Поради големиот интерес, Националната опера и балет, најавува уште една изведба на романтичниот балет во два чина „Жизел“ на 7 декември 2021, со почеток во 20.00 ч.

Магичната и безвременска приказна за несреќната љубов, преточена во музиката на францускиот композитор Адолф Адам, а во кореографија на Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа, Леонид Лавровски.

Адаптацијата на кореографијата е на Ирена Пасариќ од Хрватска.

Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Костимографијата е на Александар Ношпал, сценографијата на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, светло дизајн: Милчо Александров.

Во главните улоги настапуваат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Васил Чичиашвили (Грузија), Игор Веланоски, Илијана Данилов, Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија).

Настапува оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина актерот Славиша Кајевски

Објавено пред

Македонскиот народен театар соопшти дека актерот Славиша Кајевски трагично го загубил својот живот.

„Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот“, известуваат од МНТ .

„Кајевски е роден на 1 февруари 1982 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.
Нè остави збунети, во болка и во неверување! Нè остави во длабока тага! Остана да замислуваме што уште можеше да направиш во животот, на театарската сцена и пред камерите! Ти секогаш ќе бидеш дел од срцето на театарот и никогаш нема да бидеш дел од некое минато време, туку дел од нас, овде и сега. За оние кои те познаваат, остана празнина во душата и на сцената на МНТ поради твојата сеприсутност на сцената и како верен колега, пријател и човек. Останавме без твојата безрезервна љубов и поддршка, твојата емотивност и грижливост за сите колеги зад сцената.

Ти на оваа сцена беше Клег во „Бесачи“, Ленокс во „Макбет“, Семјон Семјеевич Медведенко во „Галеб“, Миле Прлиќ од „Ничија земја“, Императорот во „Авантурите на Аладин“, Еснафот во „Силјан штркот шанца“, Таткото во „Соларис“, Сергеј Александрович во „Животот е прекрасен“, „Тероризам“, Агамемнон и Еврипид во „Електра“, таткото Тил во „Сината птица“, Озрик и Цар Едип во „Аферата Елсинор“, Готфрид Најцзекер во „Вечната куќа“, Грен во „Подемот и падот на кабарето“, „Декамерон“, „Животот е сон“, Јован и Анѓеле во „Парите се отепувачка“, Корубин во „Свадбата на Фигаро“, Тибалт во „Ромео и Џулиета“, „Бесови“, „Немој ти мене Фауст“, „Троил и Кресида“, „Суд“, „Лет во три глави“, Рака во „Госпоѓа Министерка“, Џими во „Вејка на ветрот“, Гласникот во „Мара/САД“, Маро Мароев во „Дундо Марое“, Морис во „Дракула“.

Остана да те гледаме како Фантом во филмот „Хомо “, Енди Гомез во „Baaghi“, Сурла во филмот „Еј“, Пики во „Црвената соба“, Павел Киров во „Последните Македонци“, Гласот во „Скопје Ремиксд“, Малиот во „Ова не е американски филм“, Јане во „Некои поинакви приказни“, Павел во „Превртено“, Војникот во „Караула“, Момчето со маска во „Бал-кан-кан“ и друго.
Комеморацијата е утре во МНТ, петок, 3.12.2021 година во 10:00 часот, а погребот е во 12:00 часот, во капелата Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа17 минути

Невакцинираните во Италија нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија на сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет12 часа

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет13 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет13 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа15 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија18 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија19 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија19 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион21 час

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ22 часа

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет22 часа

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ22 часа

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет23 часа

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива влегува во Владата

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови,...

Свет2 дена

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Свет2 дена

(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици...

Свет2 дена

Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина....

Македонија2 дена

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19...

Македонија2 дена

Владата ги замрзна цените на основните артикли

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на...

Регион2 дена

Омикрон се поблиску до нас – Потврден прв случај во Хрватска

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација,...

Досие