Контакт

Култура

„Страст за лутање“ – утре се отвора биеналето на млади уметници во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Во 20 часот, утревечер, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворено 13. Меѓународното биенале на млади уметници со наслов „Страст за лутање“.

Годинашново биенале, чиј организатор е МСУ, се проширува вон архитектурата на музејот, вклучувајќи институционална соработка со Музејот на Македонија, Природонаучниот Музеј и зградата на Управата за хидрометеоролошки работи, степенувајќи ја важноста на овие простори, како примери за модернистичко архитектонско наследство на градот Скопје и на потенцијалот на тоа наследство, кој е насочен кон иднината и непознатото и кој повикува на талкање кон други простори и времиња.

Па така, по утрешното отворање на биеналето во МСУ, на 20 мај публиката е поканета да ги погледне делата на млади уметници, кои ќе бидат изложени во Природонаучниот музеј, додека на 21 мај ќе се случи отворање во Музејот на Македонија. Изложбената поставка во зградата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде отворена за посетители на 22 мај со почеток во 13 часот.

На поставките ќе бидат изложени дела на повеќе од 30 локални, регионални и меѓународни уметници. Селектирани се дела на уметници од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Аргентина, Турција… меѓу нив, уметници, со стекнато образование на уметнички универзитети во Англија, Холандија, Германија, Словенија, Франција и Италија.

Сите настани во различни институции ќе бидат придружени со музичка програма на која ќе настапат со свој диџеј сет Мартина Пенева во МСУ, Aka Thesaur во Природнонаучниот музеј, Еми Ермилова во Музеј на Македонија и џез составот „Светлост“ во Управата за хидрометеоролошки работи.

Со свои дела ќе се претстават: Дарко Алексовски, Стефан Анчевски, Мартин Волман, Сали Ертунч, Филип Ивановски Пепе, Методи Исков, Јован Јосифовски, Соња Јо, Ана Јовановска, Ресул Кабоглу, Никола Кекеровиќ, Ана Лазаревска, Николо Масини, Јулија Манојлоска, Ивана Мирчевска, Ана Марковска, Наташа Неделкова, Доротеј Нешовски, Мила Паниќ, Кристина Пулејкова, Никола Радосављевиќ, Дритон Селмани, Душан Стефановски, Бојан Стојкиќ, Милица Лазаревиќ Спировски, Ивана Самандова, Ана Трајковска, Адриен Ујхази, Елена Чемерска, Миа Чук и Зоран Шекеров.

Биеналето е мултидисциплинарен настан, еден од значајните од областа на современата уметност, првенствено поради тоа што негова цел е да наоѓа начини и создава простори, преку кои ќе ги претстави најновите уметнички насоки на надоаѓачка генерација уметници и куратори.

Биеналето на млади, освен изложбена, содржи едукативна и дискурзивна програма, со кои низ низа активности ќе ги препознае младите автори, ќе им овозможи да стекнат соодветно знаење, ќе ги инволвира во процес кој ќе ја профилира нивната работа и ќе им помогне во нивното натамошно ангажирање и претставување пред јавноста.

/ˈwɒndəlʌst/ значи да се патува бесцелно од место до место. Кога ќе се тргнеме настрана целта на патувањето, било заради туризам или работа, останува чиста форма на движење, како основна функција на целиот живот и енергија. Под притисокот на живеењето како фиксни субјекти на капитализмот принудени сме да произведеме вредност што може да се потроши. Да се троши енергијата бесцелно е да се живее во непочитување на овој системски погон, да не се следи кодот на логиката на капиталот. Така, желбата за лутање е реткост, таа е скудна во сегашната ситуација.

Креативното уметничко дело во својата природа не може да ја прифати ваквата ограниченост. Затоа што она што го цениме како уметност секогаш е чин што означува пауза, прекин и пукнатина во она што е веќе дадено во нашиот адаптиран сетилен систем. Во потрага сме по уметноста што не го репродуцира значењето на сегашноста. Ја сакаме уметноста којашто го навестува она што во сегашната состојба на знаење е неотповикливо. Сакаме да ја поттикнеме желба за талкање низ простори внатре и надвор, за конкретно да ги прошириме просторите за лутање, простори што се (о)слобод(е)ни од доминантниот код со кој се фиксира и се имобилизира поединецот и колективот. Овие нови простори што се достапни без никаква цел, претставуваат отвори со потенцијал за новина во, и за, уметноста.

Веќе една година живееме во состојба на домашност, на истост, на повторувања во чекање. За да се спротивставиме на оваа состојба, нашиот проект ја бара „болеста за другото“ како лек што може да се најде преку бесцелно лутање. Да се биде болен за другост е страшна потреба да се биде надвор од домот, како низ идеи, така и физички.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Вечерва изложба, утре концерти на програмата на „Скопско лето“

Објавено пред

Вечерва во Чифте амам на програмата на „Скопско лето“, ќе биде одржана Јубилејна изложба – 110 години од раѓањето на Димче Коцо (1910 – 2020) која е во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија. Изложбата ќе биде отворена во 20:00 часот во просториите на Националната галерија, објектот Чифте амам, информираат организаторите.

Истата ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани.

Од Скопско лето најавуваат дека утре со почеток во 20:00 часот во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт насловен „Моцарт и кларинетот”.

Изведувачи на концертот се Бранко Павловски – кларинет, co ансамблoт на „Полифонија” – Јулија Хагер – пијано (Германија), Сања Шуплевска – виолина, Станислава Алаѓозовски – виолина (Србија), Сашка Стојановиќ – Крстиќ – виола (Србија) и Кирил Калмиков – виолончело (Канада).

Истата вечер, ќе се одржи уште еден концерт на дуото „Хагер-Калмиков“ кое се состои од Јулија Хагер – пијано (Германија) и Кирил Калмиков – виолончело (Канада). Концертот е во соработка со уметничкиот центар „Полифонија“, а ќе се одржи во Музејот на македонската борба во 21:00 часот.

Концертите ќе се одржат согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници по цена од 200 денари, информираат организаторите.

Прикажи повеќе...

Култура

В петок почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм

Објавено пред

Од 25 јуни почнува третото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонски филм во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија и ќе трае три дена, до 27 јуни, под мотото „Повторно влегуваме во наш филм“.

„Златна рамка“, претставува можност, македонската публика да ги погледне сите филмови кои беа реализирани изминатата, 2020 година, во мнозинска продукција, поддржани од Агенцијата за филм.

Филмовите за прв пат годинава ќе бидат прикажани на две локации МКЦ – Кино „Фросина“ и Кинотека на С. Македонија, кино „Мирно лето“.

Сите проекции на документарни, краткометражни и долгометражни филмови се бесплатни, а по секоја проекција, публиката ќе има можност да ја запознае екипата која работела на филмот и да учествува во отворена дискусија.

Партнери на манифестацијата покрај организаторот ДФРМ се: Агенција за филм, МКЦ, а од оваа година се приклучуваат и Кинотека на С. Македонија – кино „Мирно лето“, EU House (ЕУ Хаус) и националната телевизија – МРТВ.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен фестивалот „Скопско лето“

Објавено пред

Многубројни музички настапи, изложби, театарски претстави и филмска програма ќе понуди 42.издание на фестивалот „Скопско лето“, што секоја година традиционално се одржува од 21 јуни до 31 јули.

Овој познат скопски културен фестивал почна вчеравечер, на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката, со изведба на операта без зборови „Од оркестарот за публиката“, што се одржа во салонот на Националната опера и балет, а пред присутните се обрати и градоначалникот Петре Шилегов.

„Скопско лето е синоним за масовна посетеност и исполнетост со активна публика. Убеден сум дека и оваа година ќе биде така, затоа што програмата која што ја нуди, доминира со квалитет и содржини коишто немаме прилика да ги видиме другпат. Чест ми е што оваа година Град Скопје е главен покровител на „Скопско лето“. Ова е само мал доказ дека Градот умее да ги препознае вистинските вредности. На самиот крај, на организаторите им посакувам да имаат уште едно успешно издание на „Скопско лето“, а вам, драги скопјани, да имате многу неверојатни мигови во текот на претстојниве 40 фестивалски денови“,  рече градоначалникот Шилегов, во своето обраќање.

И оваа година, најголемиот дел од програмата на „Скопско лето 2021“ ќе биде посветен на домашните изведувачи, но фестивалот ги отвора вратите и за меѓународна соработка, па се најавуваат гости од Србија, Хрватска, Црна Гора, Австрија, Германија и Канада.

Фестивалот „Скопско лето“ е во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, а под генерално покровителство на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа1 час

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија2 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија3 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет4 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет4 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија17 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија19 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија19 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија21 час

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Досие