Контакт

Култура

Театарот „Сенки и облаци“ гостуваше во Софија со претставата „Свадби на животни и нешта“

Објавено пред

Театарот „Сенки и облаци“ со детската претстава „Свадби на животни и нешта“ во петок (25 април) гостуваше во Културно-информативниот центар на С.Македонија во Софија, Бугарија. Пред преполната сала во центарот на бугарската престолнина, театарскиот ансамбл ја одигра претставата создадена според истоимената книга на Раја и Георги Господинови.

Свои обраќања пред публиката имаа македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска и бугарскиот писател Георги Господинов.

„Навистина ни е драго што се претставуваме пред софиската публика со претставата „Свадби на животни и нешта“ напишана од Раја и Георги Господинови кои оваа вечер нѐ почестија со нивото присуство. Оваа претстава во Македонија досега доживеа дваесетина изведби на нашата матична сцена, а имавме гостувања и во Србија и Словенија. Нашиот театар на сенки патувал од Кина до Бразил, а сега за првпат ќе се претставиме и во Бугарија“, изјави Благородна Коцева Симјанов од театарот „Сенки и облаци“ пред публиката во Софија.

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска на ансамблот на театарот „Сенки и облаци“ му додели благодарница за гостувањето, а по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето на македонскиот Културно-информативен центар во Софија и градењето на мостови на соработка во областа на културата.

Посебно внимание пред софиската публика предизвика и присуството на писателот Георги Господинов, кој заедно со неговата ќерка и ко-авторка Раја Господинова, споделија информации за процесот на пишување на делото и за првпат ја проследија претставата создадена според нивната заедничка книга.

Претставата „Свадби на животни и нешта“ беше премиерно изведена пред македонската публика во пролетта 2024 година. Улогите ги толкуваат Катерина Стефановска, Александра Стојановска, Дарко Богески, Благородна Коцева Симјанов, која воедно е и дизајнер на куклите, а Круме Стефановски ја изведува и музиката во претставата. Дизајнот на постерот за претставата е на Ивона Ѓорѓиовска.

Гостувањето на театарот „Сенки и облаци“ во македонскиот Културно-информативен центар во Софија беше поддржано од Министерството за култура и туризам.

Театарот „Сенки и облаци“ од Скопје, С.Македонија пионерски работи на промоција на театарот на сенки како уметничка форма повеќе од 15 години наназад. Како дел од македонската независна културна сцена, изведувајќи ги претставите на матичната сцена во Дебар Маало, неговата работа е фокусирана на употреба на театарот на сенки како неконвенционална креативна и едукативна алатка за општествени теми.

Следната изведба на претставата “Свадби на животни и нештa” e на 8 мај (четврток), со почеток во 19:00 часот, во театар “Сенки и облаци”.

Најново

Македонија3 минути

Делови од општините Аеродром и Чучер Сандево утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 09.00 до 14.00 часот,...

Македонија7 минути

Дел од општина Центар утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, поради водоводен приклучок од ф150мм на улицата Дана Стуцки бр.18, прекинато водоснабдување...

Забава9 минути

(Фото/Видео) Запомнете го овој изглед: таа спои неспоиво и покажа зошто е кралица на храбрите модни комбинации

Пенелопе Круз важи за жена со стил и вкус, а речиси секоја нејзина модна комбинација раскажува уникатна приказна. Нејзиниот најнов...

Македонија29 минути

Времето утре: претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните...

Забава41 минута

Како да се грижите за косата по 50-тата година? Овие трикови ѝ ги враќаат мекоста и сјајот

Косата се менува со возраста, исто како и кожата. Рутината за нега што некогаш била доволна, можеби повеќе нема да...

Македонија51 минута

Министерството за правда за бегството на Ива Михаилова: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија,...

Европа53 минути

Лавров: Нема повторно да наседнеме; Зеленски не заслужи оддишка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не заслужува прекин на непријателствата и оти...

Спорт55 минути

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа57 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...