Контакт

Актуелно

Театар „Комедија“ го слави својот 7. роденден

Објавено пред

Националната установа Театар „Комедија“, денес, 27 март, на Светскиот ден на театарот, го слави и својот 7. роденден.
Седмиот роденден е скромен, но богат јубилеј на театарот, кој во текот на изминативе години прикажа 27 премиери, имаше голем број гостувања во државава и странство освојувајќи значајни фестивалски награди и е театар со најголем број посетители.
На денот на свеченоста Театар „Комедија“ ќе ја прикаже претставата „Не сега драга“, а средствата од продадените билети ќе бидат наменети како донација за Детската клиника „Козле“.

Актуелно

Венко Андоновски на Саемот на книгата во Санкт Петербург

Објавено пред

Македонскиот писател Венко Андоновски на 24 и 25 мај ќе учествува како специјален гостин на Саемот (салонот) на книгата во Санкт Петербург.

На 24 мај ќе учествува на меѓународна тркалезна маса со повеќемина странски писатели, на тема „Перспективите на книжевноста денес“, а на 25 мај е предвиден разговор за делото на нашиот писател, што ќе води во моментот најпопуларниот руски писател Евгениј Водолазкин, припадник на истата книжевна генерација како и Андоновски.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Тони Зен со нов албум „Од изворот на изборот“

Објавено пред

Познатиот хип-хоп артист Тони Зен го издаде својот шести по ред соло-албум со наслов „Од изворот на изборот“. Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка.

„Сниман е во студиото ‘Knobs Keys ‘n Stuff’ заедно со Бојан Филиповски ‘Gloomie’, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио. Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас-гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“, вели Тони Петковски.

Албумот е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.

„Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОИ се и да преземат одговорност за сопственото постоење. Насловот ‘Од изворот на изборот’ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“, објаснува Петковски.

Албумот е отпечатен во 1.000 копии и ќе го има во продажба од 23 мај.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал за обнова на Домот на културата во Ченто

Објавено пред

Еднодневен културно-едукативен фестивал ќе се одржи в недела, 19 мај, со почеток во 10.30 часот, во населбата Ченто, со цел да направи иницијатива за обнова на напуштенот Дом на културата во оваа населба.

Населбата Ченто порано имаше прекрасен дом на културата што го посетуваа илјадници луѓе во трекот на годините. На површина од 2.800 квадратниметри, бина од 85 м2 и сала со 328 седишта, овој простор беше како културно срце на населбата. На огромна штета на илјадници граѓани на Скопје веќе 25 години Домот на културата е мрачно, руинирано, неупотребливо место.

„По примерот на многу европски метрополи, на Скопје и на другите градови во Македонија потребна им е стратегија за решавање на сложениот проблем со руинираните објекти, во чии просторни капацитети може да се направи соодветна интервенција и да се оспособат за нова функционална програма според потребите на граѓаните“, велат од здружението „Културно ехо“, кое е организатор на настанот.

Локацијата е паркот „Методија Андонов-Ченто“, кој се наоѓа помеѓу булеварите Ченто и Маџари. До местото може да се стигне со автобусите 23, 45 и 65. Доколку не ви е позната оваа област, предлагаме да ја видите точната локација ОВДЕ.

ПРОГРАМА:

од 10.30 до 12.30 – Екоакција за расчистување на внатрешноста на руинираниот Дом на културата „11 Октомври“ во Ченто и симболично метење на театарската сцена.

13 часот – парк „Методија Адонов-Ченто“
ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА:
Како од напуштен објект до мултифункционален и самоодржлив културно-едукативен простор надвор од центарот на градот?
(учесниците ќе бидат објавени набргу)

МУЗИЧКА ПРОГРАМА – парк „Методија Адонов-Ченто“
15 ч – Drums & Percussion Дамјан Грујо
16 ч – Man In a Suit – Куманово
17.30 ч – DJ-сет на Ненад Стефановски од Foolish Green – Скопје

Во склоп на музичката програма ќе се одржи работилница за перкусија за сите заинтересирани.

Настанот е бесплатен и е поддржан од Град Скопје и Општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Нимиц: Компромис на Балканот има лошо значение

Американскиот дипломат Метју Нимиц, кој беше посредник во спорот со името со Грција, оценува дека на Балканот зборот компромис има...

Македонија1 час

На Табановце голема колона возила, нема струја на преминот

На граничниот премин Табановце, направена е долга колона на возила, бидејќи нема струја. Не е позната причината зошто нема струја,...

Политика3 часа

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален...

Регион4 часа

Автобус остана без покрив откако помина под мост во Пловдив

Немил инцидент ги вознемири утрово бугарските жители на градот Пловдив, кога автобус остана без својот покрив откако помина под еден...

Свет5 часа

Трамп: Му верувам на Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека и натаму му верува на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, наспроти пекинот...

Свет5 часа

(Видео) Торнадо срамни со земја хотел во Оклахома, има и мртви

Торнадо синоќа во доцните часови го погоди Ел Рено во Оклахома, пренесе „Фокс Њуз“. I’m in El Reno. I was...

Европа6 часа

Последен ден од европските избори, гласаат поголем дел од државите

Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа...

Свет20 часа

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет23 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија1 ден

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија1 ден

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија1 ден

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести1 ден

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа1 ден

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт1 ден

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа2 дена

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет2 дена

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет2 дена

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија2 дена

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Досие