Контакт

Култура

Тетовскиот хор „Менада“ вечерва на „Охридско лето“

Објавено пред

Претпоследниот концерт од музичката програма на 61. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе го одржи тетовскиот хор „Менада“ под диригентската палка на Ивица Зориќ, вечерва од 21 часот во предворјето на црквата „Света Софија“.

Хорот „Менада“ е основан 1981 година во Тетово и сите овие години е предводен од маестро Ивица Зориќ. На репертоарот на хорот редовно се застапени композиции од најразлични епохи и стилови од македонската и светската хорска а-капела и вокално-инструментална музика. Хорот е добитник на многубројни награди и признанија во земјава, поранешна Југославија и Европа меѓу кои награди на натпреварите во Добрич, Цеље, Литомишл, Бад Ишл, Превеза, Нерпелт, Краков и Римини. За квалитетот на хорот сведочат бројните настапи на фестивали, конкурси и концертни турнеи и тоа во: Чешка, Полска, Шпанија, Шведска, Холандија, Данска, Португалија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија, Романија, Бугарија, Турција, Германија, Грција, Словенија, Австрија, Белгија, Косово.

Ивица Зориќ дипломира, магистрира и докторира на ФМУ во Скопје, како прв доктор од областа на интерпретација во Република Северна Македонија. Во македонската и меѓународната културна јавност познат е пред сè како реномиран хорски диригент. Со хоровите „Лале” и „Менада” има остварено повеќе од 1000 настапи во земјава и странство. Како диригент со хоровите настапувал на фестивали, концертни турнеи и конкурси во 17 земји каде што освојува бројни награди и признанија, вклучувајќи ја и наградата за најуспешен диригент на фестивалот во Хајновка (Полска) во 1999 година. Ивица Зориќ е претседател на управниот одбор на Меѓународниот хорски фестивал „ТЕХО”. Иницијатор е и основач на Балканскиот хорски форум во Тетово во 1998 година во кој членуваат претставници од РС Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Србија и Романија. Член е на Европската хорска асоцијација со седиште во Белгија како претставник на Р Северна Македонија во музичкиот комитет. Во 1979 година ја добива 19-ноемвриската награда на Тетово, во 1982 година наградата „Кирил Пејчиновиќ”, во 2005 највисоката државна награда на РС Македонија „11 Октомври” и во 2007 година наградата на Здружението на музички педагози за „Повеќегодишна успешна работа во областа на музичката педагогија”.

Култура

На локалитетот „Стоби“ отворена изложбата „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“ од скулпторот Петар Хаџи Бошков

Објавено пред

Вчера на археолошкиот локалитет „Стоби“ беше отворена изложбата на дела од реномираниот скулптор Петар Хаџи Бошков со наслов „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“.

Како еден од најзначајните ликовни творци во втората половина на 20 век, човек со космополитски дух и отворен светоглед, делата на Хаџи Бошков, инспирирани од античката култура, го најдоа своето упориште во Стоби во просторот пред театарот, потоа Полукружниот плоштад, Виа сакра, сцената на Античкиот театар и коридорот под гледалиштето, Храмот на Изида и Серапис, како и големиот неистражен простор, кој се протега до Градбата со Арки, велат организаторите.

Поставката на интересен начин овозможува заемно разоткривање и суштинска врска меѓу вредностите на модерната и антиката.

Куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски.

Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, кои опфаќаат четиридецениски период од 1962 до 2004 година.

Сите изложени дела авторот ги има зачувано во лична сопственост и ги оставил во наследство на неговото семејство. Овие репрезентативни дела, благодарение на неговиот син Игор Хаџи Бошков се позајмени и директно од ателјето беа пренесени на локалитетот Стоби.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ. По тој повод, министерката за култура, Ирена Стефоска во своето обраќање пред присутните рече:

„Присуствуваме на редок културен настан. На дијалог меѓу Стоби и Петар Хаџи Бошков. Се вкрстуваат цивилизации и епохи. Модерната е внесена во античкиот град. Овој храбар уметнички предизвик, не е само атрактивно случување за афирмација на локалитетот или на модерната во македонската уметност. Овој проект е и рефлексија на современата ангажирана уметност, која е свртена кон актуелните општествени текови. Она што особено ме радува е што изложбата, на креативен начин, го реактуализира прашањето за местото на модерната денес. Очекувам овие модернистички дела – кои зрачат со слобода, интегритет и индивидуалност, со европски дух, поставени на древниот локалитет – да влијаат врз подигнувањето на свеста за значењето на заштитата на културното наследство“, потенцираше Стефоска.

Иницијативата за реализација на овој проект е на Спасе Перовски, директор на Археолошкиот локалитет Стоби, чиешто настојување, меѓу другото, е и да го заживее локалитетот во рамките на долгорочната проектна-програма „Стоби – жив град“.

Поставката на локалитетот „Стоби“ ќе биде отворена до 11 октомври.

Прикажи повеќе...

Култура

Со концерти на Игор Џамбазов, Гуру Харе и Тока Шитет вечерва завршува „Преспаленд“

Објавено пред

Во рамките на „Преспаленд“ во чест на народниот борец и поет Димитар (Мите) Богоевски во Ресен, денеска беше отворен мурал посветен на неговиот лик и дело.

Фестивалот продолжува со ликовната изложба „Преспа во срцето, Кирил Јоновски – најголемиот познавач и хроничар на овој регион“, која од 17 часот ќе биде отворена во Домот на културата во Ресен.

Во 19 часот во амфитеатарот во Ресен ќе настапи Тока Шитет. Зад ова уметничко име е Идриз Амети, фронтменот на групата „Бла бла бла“. Како соло уметник свири на традиционалниот балкански инструмент шаркија. По него, со почеток од 20 часот, фестивалот „Преспаленд“ со концерт ќе го затворат блуз-легендите Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Прикажи повеќе...

Култура

„Скопје синема сити“ од 18 до 22 септември во Кинотеката

Објавено пред

Во дворот на Кинотеката, со почеток во 19 часот, утре, 18 септември, ќе почне седмото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“.

Фестивалот ќе трае четири дена, 18-19 септември и 21-22 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот и билетите ќе може да се набават пред проекциите на касата од Кинотеката.

Филмот што ќе го отвори Фестивалот е уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“ во режија на Винсент Мун за филмскиот композитор Олафур Арналдс, кој е воедно и „Артист во фокусот“. Истата вечер ќе се прикаже филмот за џез-великанот Мајлс Дејвис, Birth of the Cool, со што ќе се одбележи 30-годишнината од неговата смрт.

Втората вечер ќе биде прикажан филмот The Hip на режисерот Јане Алтипармаков и тоа ќе биде со слободен влез. Филмот што ќе следува е B-Movie: Lust and Sound in West Berlin за боемската и декадентна сцена во Западен Берлин.

На 21 септември ќе биде прикажан краткиот филм Angel’s Breath, односно филм за музичката авантура на Милан Младеновиќ и Суба во Бразил, кој го изнедри истоимениот албум.

Во продолжение ќе биде прикажан филмот за Кирил Џајковски – „Современа музика за современа доба“, во продукција на ТВ „Војводина“. Филмот е портрет на Џајковски и неговите достигнувања во електронската и филмската музика, а осврт е даден и на неговото минато со бендовите „Бастион“ и „Леб и сол“. Филмот досега не бил прикажан во Македонија. Истата вечер ќе биде прикажани филмовите „Трагачи по звукот“ (бесплатна проекција) и „Primal Scream: Изгубените снимки од Мемфис“.

Последната вечер ќе бидат прикажани филмовите „Кејт Буш: Трчајќи по ридот“ и „Марк Болан: Космичкиот танчар“.

Фестивалот е во организација на здружението „Номад-арт“ – Скопје во соработка со Кинотеката на Македонија, Институтот „Гете“ и Фондацијата „Милан Младеновиќ“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Првичните резултати од изборите во Русија покажуваат победа на партијата на Путин

Руската владејачка партија Единствена Русија, од која потекнува и претседателот Владимир Путин, е на пат да победи на парламентарните избори,...

Македонија3 часа

23 починати и 365 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи...

Македонија4 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет4 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија5 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија7 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија10 часа

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ10 часа

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет11 час

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет12 часа

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа13 часа

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет13 часа

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија1 ден

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ1 ден

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет1 ден

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија1 ден

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија1 ден

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет1 ден

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ1 ден

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет2 дена

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Досие