Контакт

Изложби

„Ти си мобилна архитектура“, мултисензорен настан на Ирена Пејовиќ во МСУ

Објавено пред

Во Музејот на современата уметност во Скопје, утре, во 20.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Ти си мобилна архитектура“ на Ирена Пејовиќ. Изложбата е осмислена како мултисензорен настан кој кореографира движења преку комбинирање облека, модуларни форми, предлози, како што се фотографскиот објект и звукот како место, материјалноста како настан, техниките на организација во природата и организација на луѓето, и она што се појавува.

Пејовиќ создава настани што водат надвор од визуелниот аспект кореографирајќи движења што ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела публиката се движи со сензори користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

За нејзините дела, Бен Дејвис, национален критичар, за „Артнет њуз“ ќе напише: „Нејзиниот интерес за танцот и импровизираните движења се дестилира во средини кои навидум се ултраделикатни и робусни. Пејовиќ ја развива идејата за скулптура не како фиксен збир од објекти туку како релации што секогаш се одвиваат, кои влијаат и се под влијание на начинот на кој гледачите се движат низ нивните параметри. Транспарентните материјали прикриваат суптилни движења и случајности што доаѓаат во фокусот за потоа да се распаднат во истрагата; на суптилен начин од оваа средина се појавуваат тактилни и аудитивни компоненти кога таа е истражена нагласувајќи ја концепцијата на уметноста како производ на холистичко искуство поголемо од кој било од неговите делови“.

Ирена Пејовиќ, родена 1981 година, Гевгелија, Република Македонија; живее и работи во САД. Дипломира и магистрира ликовна уметност на Државниот универзитет „Монтклер“. Неодамна, во 2016 година, Пејовиќ беше дел од перформансот SWIM на американскиот уметник Роберт Витман, презентиран во галеријата „Фридман“ во Њујорк, а реализиран во соработка со Фондацијата „Диа“ и со Џули Мартин, директор на „Експерименти во уметноста и технологијата“; истиот перформанс, на кој Пејовиќ исто така учествуваше првпат, беше изведен една година претходно, во 2015, во театарот „Александар Касер“ во Монтклер. Селектирани самостојни изложби има одржано во: галеријата „Ненси Дрифос“ на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси; галеријата „Карас“, Загреб, Хрватска; галеријата „Аферо“, Неварк, Њу Џерси; галеријата МЦ во Њујорк. Пејовиќ е добитник на неколку значајни награди за својата уметност – 2018 година: Државната награда за индивидуални уметници од Советот за уметности на Њу Џерси; 2014 година: Наградата од Обединетата македонска дијаспора: Џон Битов Македонско културно наследство; 2013 година: Step Beyond Travel Grant од Европската културна фондација. Вонреден професор е на Државниот универзитет „Монтклер“ и на Универзитетот „Кин“ во Њу Џерси, САД.

 

Изложби

„Форми во црно” – изложба на Мице Јанкуловски во Куманово

Објавено пред

Утре, во 20 часот, во Уметничката галерија во Куманово, ќе се отвори изложбата на Мице Јанкуловски.

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Милан Јазбец, амбасадор на Република Словенија во земјата. На изложбата ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно, од Форма 3. – најновата фаза од 50-годишното творештво на Јанкуловски. Форма 3 се карактеризира со: монохромност (зашто сите слики се насликани само со една боја – црната), модуларност (сликите се со разни димензии, но сите меѓусебно се во некој однос), мултипликација (создава посебни дела со мултипликација на повеќе дела) и минимализам – создавање на своите дела со минимум елементи.

Мице Јанкуловски е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал разни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи разни материјали и техники вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво, кое опфаќа разни медиуми, го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот преклопувајќи се на рамнина што се протега бескрајно далеку. Тој е препознаен од професионалната јавност во светот како најизразит претставник на апстрактната уметност во Македонија.
Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во палатата „Ка ‘Занарди“ во рамките на Остен-павилјонот Венеција, Италија; галеријата „Лола Николау“ во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; Архиви дела Мизерикордија во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција, и голем број групни изложби.

Добитник е на највисоки меѓународни награди за творештво: наградата за животно остварување „Лоренцо ил Магнифико“ на Фиренца биенале, Италија, оваа година, наградата „Уметник на светот“ на биеналето „Ларнака“, Кипар 2018, гран при на Меѓународното биенале на графика Варна, Бугарија, во 2017 и многу други…
Оваа 2019 година Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Прилеп, Куманово, Тетово, Торино, Италија; Сент Петербург, Русија, и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на „Уметничка меѓународна група со пријателите“ во Домот на културата „Илинден“

Објавено пред

Утре, со почеток во 12 часот, во Домот на културата „Илинден“ во општина Илинден, ќе биде отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите“.

На изложбата што ќе ја отвори сликарката од Русија Олга Панкина, ќе бидат застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија, како и од нашата земја, со 40-ина дела.

Прикажи повеќе...

Изложби

Познатиот уметник Драган Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба

Објавено пред

„Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил“ е насловот на мултимедијалниот проект на познатиот уметник Драган Спасески Охридски, којшто заедно со пресекот од неговите најзначајни ликовни и поетски дела ќе биде промовиран во рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“, утревечер, со почеток во 21 часот во катедралната црква „Света Софија“.

Спасески Охридски одбележува три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“.

„Оваа година славам 30 години творештво. Насловот на овој мултимедијален проект е ‘Спокоен сум ко врвот… Не прашувам зошто сум се извишил’. Проектот се состои од два дела, едниот дел е промоција на книга со истиот наслов ‘Спокоен сум ко врвот…Не прашувам зошто сум се извишил’ и пресек од досегашното творештво ќе биде презентиран во катедралната црква ‘Света Софија’. Промотор ќе биде проф.д-р Кристина Николовска, а стихови ќе чита актерот Димитрие Доксевски. Другиот дел ќе се одвива на терасата ‘Аквариус’ каде што исто така ќе биде презентирано дел од моето творештво, ‘Охридските ангели’, компјутерска графика. Гости ќе бидат ‘Кукузел’, млади уметници кои се занимаваат со музика“, најави уметникот Драган Спасески Охридски.

По повод тридецениот творечки јубилеј на Драган Спасески Охридски, градоначалникот на Охрид, кој е колега, но пред сè пријател на Спасески, вели дека големо богатство е Охрид да има ваков сестран интелект каков што е токму Спасески Охридски.

„Со Драган Спасески Охридски сме пријатели и колеги повеќе од две децении. Сакам да му честитам за 30-годишниот јубилеј на едно извонредно творештво на повеќе полиња и да му се заблагодарам за сите совети и патишта на кои ме насочил во животот. Како градоначалник на Охрид, би истакнал дека вистинско богатство е да имаме еден ваков сестран интелект во градот,а потоа и доктор, и уметник, и пред сè човек. Сум ги посетил повеќето негови изложби, а со нетпрпение очекувам да ја погледнам и последната изложба“, вели Георгиески.

Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија е доктор специјалист ортопедски хирург.
Досега ги реализирал следните мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сè трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), речиси сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.
Спасески Охридски е голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта (видео)

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија....

Македонија4 часа

Ветрот го шири пожарот кај Опеница, кризниот штаб бара решение

Поради сериозноста на ситуацијата заседава Кризниот штаб на Општина Охрид кој бара решение како да се изгасне пожарот кој се...

Топ5 часа

Ресенчанец со фалц диплома станал полицаец, се запишал на факултет и го унапредиле во инспектор

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38) од село Асамати, Ресенско, поради „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од...

Свет5 часа

Трамп размислува да ја повика Русија на следниот Самит Г7

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот...

Свет5 часа

НАСА објави вознемирувачки снимки од пожарите кои ги уништуваат ,,белите дробови” на светот

Вознемирувачки сателитски снимки на НАСА од вселената укажуваат на огромниот размер на пожарите што ја зафатија Амазонија која се нарекува...

Европа7 часа

Уапсени 68 учесници на протестот против Самитот Г7 во Франција

Француските власти соопштија дека уапсиле 68 лица кои учествувале на напнатиот протест во близина на Бијариц, каде се одржува самитот...

Регион7 часа

Вучиќ: Пред Србија е тешка есен и компликувана зима

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на...

Спорт7 часа

Ѓоковиќ: Мојата сопруга е помоќна од мене – секогаш пишува нешто

Новак Ѓоковиќ во ново интервју пред САД опен во Њујорк, последниот гренд слем од сезоната, се отвори за својот личен...

Македонија7 часа

Прв рок за упис на скопскиот универзитет на 29 и 30 август

Првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје е...

Спорт8 часа

Ковалев го „здроби“ Јарди во 11. рунда, сега го сака Канело (видео)

Шампионот Сергеј Ковалев го „уништи“ британскиот предизвикувач Ентони Јарди со нокаут во 11. рунда од нивниот меч за ВБО титулата...

Свет20 часа

Над 1 600 нови пожари во Амазонија, на терен испратени 44 илјади војници

Над 1 600 нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, поради што на тарен се испратени авиони како и...

Македонија22 часа

ЗНМ и СЕММ бараат медиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) сметаат дека јавните функционери треба...

Македонија23 часа

(Видео) Заев се надева дека со опозицијата консензуално ќе го донесат законот за јавно обвинителство

Премиерот Зоран Заев денеска во Општина Новаци, на настанот по повод увидот на напредокот на работите на магистралниот гасовод Неготино...

Свет23 часа

Во пожар на Алјаска изгореа 51 куќа и три згради

Шумски пожар којшто гори северно од Анкорејџ, Алјаска, уништи 51 куќа и три деловни згради, соопштија властите. Уништени се и...

Европа23 часа

Макрон апелираше за помош за сузбивање на пожарите во Амазонија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска пред почетокот на самитот на Г7 во Бијариц дека ги повикува сите светски сили...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе тужи за клевета по објавата на записникот за случајот „Рекет“

Премиерот Зоран Заев денеска oд Прилеп најави тужба за клевета, повикувајќи го обвинителството да ја потврди веродостојноста на записникот кој...

Регион1 ден

Во Словенија просечната плата изнесува 1.108 евра

Просечната нето плата во Словенија во јуни 2019 година била 1.107,96 евра, што е за 0,8 проценти пониска од просечната...

Македонија1 ден

Обвинителството ќе утврдува како документи од „Рекет“ протекле во јавноста

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата...

Македонија1 ден

Германски државјанин што се барал со потерница, живеел со лажен идентитет на Попова Шапка

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава....

Македонија1 ден

Еден мигрант загина, а 12 се повредени во несреќата кај Демир Капија, возачот побегнал

Едно лице од Бангладеш почина, а 12 други се повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на автопатот Демир...

Досие