Контакт

Култура

(Видео) Тозија: Украдените пари од државниот буџет ги трошат на пропагандни видеа и шират лаги

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија преку соопштение до јавноста реагира во врска со објавените снимки на социјалните мрежи и вели дека станува збор за лаги со кои се се дефокусира јавноста од спроведената пресметка со криминалот во филмот, особено оној со серијата „Македонија“ и продукцијата Јадран филм и Винко Грубишиќ која ја оштети државната каса за 1.300.000 евра. Тој тврди дека наспроти клеветите од страна на протагонистите во видеото,  против него никогаш не се водела и не се води никаква кривична постапка.

Во документите испратени до редакцијата, а потпишани годинава од страна на надлежните  судски органи  во Загреб а издадени по барање на Горјан Тозија пишува дека против него никогаш не е покренато никакво обвинение ниту пак кривична постапка.

„ Во врска со изнесените лаги и бесмислици од страна на некои медиуми и видео материјалот што се подметнува на социјалните мрежи, сакам да ја известам јавноста дека станува збор за обид да бидам дискредитиран од личности на кои им застанавме на патот на криминалот и можноста да го уништат македонскиот филм и да го осакатат државниот буџет. Имено, по разоткривањети на криминалните дејствија врзани за серијата „Македонија“, проект за кој од договорените 4,6 милиони се одлеани 1.300.000 евра на продуцентот Винко Грубишиќ и Јадран филм, а против кого Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави и Јавното обвинителство отвори случај, а воедно за истиот договор кривични пријави добија и поранешните директори на Агенцијата за филм, тие на секаков можен начин се обидуваат да ја измамат и дефокусираат јавноста и да удрат врз мојот интегритет“, реагира Тозија.

За случајот со серијата „Македонија“,  институциите на системот водат постапки во кои има индиции и за други инволвирани одговорни лица во финансиски криминал. Ова е првиот случај кога се сврти бројчаникот и во државната каса се направи поврат на 300.000 евра.

Според Тозија исто така, по прекинување на штетните договори од страна на Агенцијата, и континуирано откривање на повеќе незаконски проекти, зaсегнатите немаат друг начин да го оправдаат криминалот освен да се служат со крајни нискости и да пласираат невистини за него.

За Тозија, очигледна е нервозата на оние кои беа разоткриени како незаконски се богатат на товар на буџетот на Република Македонија па откако се под лупа на законот и скратени им се парите за злоупотреба се обидуваат самите да се претстават како жртви.

„ Да биде иронијата поголема, човекот со десетици кривични пријави Грубишиќ и довчерашните абоненти на Агенцијата за филм наместо да ги вратат украдените пари ги трошат за медиумски тероризам и снимаат видеа во обид да шират лаги. Во битката со нелегалното работење во филмската дејност е значајна поддршката на јавноста и затоа реагирам и најодговорно тврдам дека се што досега е изнесено за мене е чиста лага. Останувам транспарентен и отворен со институцијата со која раководам и уште еднаш повторувам дека времето на измами и штетни проекти кои се закануваа да ја опустошат нашата кинематографија е минато.  Сето ова нема да ме спречи, да продолжам да ја спроведувам започнатата стратегијата за развој на македонскиот филм во соработка со филмските професионалци за да го вратиме филмот во европска насока. Македонскиот филм оди напред!“, соопштува Тозија.

Минатата недела Агенцијата за филм и филмаџиите од ДФРМ, потпишаа меморандум за нова стратегија за развој на македонскиот филм и беше констатирано дека по долги години најзначајната филмска институција ќе стави крај на незаконското и нетранспарентно менаџирање на средствата за филм. По објавата, на социјалните мрежи кружи видео каде што извесни луѓе од Хрватска тврдат дека пред 28 години Тозија со измама продал стан на две лица.  За еден од луѓето кој се претставува како Милан Јаковљевиќ а кој  зборува во видеото дека е измамен од Тозија, хрватски Национал пишува дека станува збор за познат рекетар и измамник од хрватското подземје а линкот од написот беше испратен до редакцијата.

За скандалот со серијата „Македонија“ и продуцентот Винко Грубишиќ и Јадран филм, Макфакс пишуваше низа на написи по откривањето дека од договорената серија нема испорачано никаков материјал а за истата се дадени 1.300.000 евра. Судските органи ја водат неколкумесечната постапка и според наши информации наскоро ќе биде прогласен стечај на фирмата а следува и уште едно обвинение за Јадран филм.

 

Култура

Почесна „Златна рамка“ за Жаклина Крстевска, Петар Мирчевски, Петар Богоевски и постхумно за Томе Молдовски – Мољац

Објавено пред

Почетокот на првото издание на филмската ревија посветена на македонскиот филм „Златна рамка” беше означено денеска со свеченото собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) кое донесе одлука да ги награди професионалците Жаклина Крстевска за најдобар филмски автор, Петар Мирчевски за најдобар филмски актер, Петар Богоевски за најдобар филмски работник, а постхумна почесна „Златна рамка“ доби Томе Молдовски – Мољац.

Наградата во име на Молдовски ја прими член на неговото семејство, а останатите награди ќе бидат врачени утревечер во Клуб-ресторанот во МКЦ.

Овие награди секоја година ќе се доделуваат за да се одаде почит на филмските професионалци кои имаат многу значајни и многубројни остварувања зад себе.

На собранието зборуваше претседателот на ова здружение, режисерот Игор Иванов-Изи, и директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија.

„Она за што сум се борел и ќе се борам е филмот да остане надвор од политиката. Во ДФРМ гледаме партнер со кој заедно ќе создаваме критериуми за филмот да оди напред. Ќе работиме на квалитет, а не на квантитет. Оваа ревија е начин да се направи отчет на сработеното, да не ни се случи како во минатото да се даваат средства за филмови кои никој никогаш не ги видел. И натаму се бориме да ги вратиме накалемените долгови, а во моментов наследивме 90 незавршени филмови. Сепак, во сите овие проблеми во кој била втурната Агенцијата за филм, успеваме да создаваме силни критериуми за македонскиот филм да добие видливост и успех во светски рамки како што тоа ни се случи во изминативе месеци“,  рече Тозија.

Иванов го соопшти и предлогот за прием на почесен член во ова друштво, филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре, кој е неуморен многугодишен поддржувач на македонскиот филм. Куновски беше едногласно избран од членовите на ДФРМ.

Работниот дел на Собранието продолжи зад затворени врати со претходно утврдена агенда.
Трите филмски денови на ревијата, почнувајќи од денес, се поделени во три дела: документарна програма од 17:00 часот, краткометражни филмови кои почнуваат во 19:00, додека, пак, долгометражните во 21:00 часот. Сите проекции се во кино „Фросина” и се бесплатни.

Во делот на работната програма на „Златна рамка“ в сабота со почеток во 11:30 е предвидено да се одржи презентација на МЕДИА деск Македонија со цел да можат филмаџиите да се запознаат со начините и можностите за аплицирање во овие фондови, а в недела исто со почеток во 11:30, тркалезна маса на тема: „Нема кинематографија без филмска критика” предводена од страна на уметничкиот координатор на „Златна рамка“, новинар и истражувач на македонскиот филм – Ана Василевска.

Прикажи повеќе...

концерти

Руската пијанистка со светска слава Злата Чочиева на Охридско лето

Објавено пред

Младата руската пијанистка со светска слава Злата Чочиев, на 3 март ќе одржи концерт во рамките на фестивалската програма на Охридско лето како дел од настаните што од годинава ги организира фестивалот надвор од стандардниот термин 12 јули – 20 август. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток од 18 часот.

Стручната јавност за Чочиева вели дека е пијанист од светска класа, а длабочината на нејзините перформанси, единствена моќ и зрелост се импресивни.

„Таа е многу интелигентен и чувствителен музичар. Во нејзината игра таа ја комбинира длабочината со фантазијата, давајќи им на публиката широка палета на звук“.

Злата Чочиева е родена во Москва, а моментално живее во Салцбург. Првпат се појави на сцената на 5-годишна возраст, а дебитираше со оркестарот две години подоцна во изведба на Моцарт концертот КВ. 453 во Големата сала на Московскиот државен конзерваториум. Потоа, завршува две години постдипломски студии кај професорот Жак Рувиер на Универзитетот Моцартеум во Салцбург, каде што беше назначена за асистентка во 2013 година.

Во текот на изминатите години Злата доби многу меѓународни награди за натпреварувања, вклучувајќи го и меѓународниот натпревар Свимановски (Полска), натпреварот за пијано Тиволи (Данска), наградата Моцарт на натпреварот ARD (Германија), првите награди на натпреварот Frechilla-Zuloaga (Шпанија) и натпреварот за пијано на Алберто Фано (Италија) и сребрен медал на Првиот меѓународен натпревар по пијано на Санта Катарина (Бразил), каде што исто така беше прогласена за најдобра изведувачка на омилениот Шопен и публиката.

Нејзиниот диск „комплет Етиди на Шопен” за пијано класици беше избран како „Избор на уредникот“ во Грамофон, и е вклучен во листата на 10 најголеми Шопенови снимки.

Пијанистката Злата Чочиева предизвика меѓународно внимание со своите високовреднувани снимки на дела на Шопен и Рахманинов, истакнувајќи ја како препознатлив глас кај пијанистите со длабок афинитет кон овие композитори. Поздравена од страна на „Грамофон“ како “поседувач на сеопфатна техника која носи внатрешен сјај во секој такт “,Злата Чочиева редовно се појавува во најпрестижните концертни сали во Минхен, Амстердам, Париз, Венеција, Женева, Копенхаген, Порто, Лисабон, Концертната сала Чајковски во Москва, Московскиот конзерваториум и Големата сала на Санкт Петербургската филхармонија.

Има настапувано со бројни големи оркестри, меѓу кои и Рускиот национален оркестар, Националната филхармонија на Русија, Симфонискиот оркестар Светланов, Копенхагенската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Словачкота радио, Оркестарот на Ница, Михенскиот камерен оркестар и Симфонискиот оркестар на Архус .

Прикажи повеќе...

Култура

Во март македонска премиера на „Господ постои, името ѝ е Петрунија“

Објавено пред

Домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар-Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на 15 март ќе биде градското кино „Милениум“ во Скопје.

На премиерата режисерката ќе има свое обраќање пред скопската публика.

Овој филм беше нашиот единствен претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал. Истиот веќе ја освои светската филмска критика и доби две престижни награди на реномираната манифестација Ecumenical Award и Guild Film Prize.

Првата награда, Ecumenical Award, се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Втората награда со која се закити филмот е Guild Film Prize која ја доделуваат членови на жири-комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

Одличен одзив од публиката и критиката на овогодишното издание на Берлиналето имаше и за главната актерка, Зорица Нушева. Покрај неа, во филмот се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други.

Билетите за македонската премиера ќе може да се набават по цена од 150 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион25 минути

„Франкфуртер Рундшау“: ЕУ и САД договорија поделба на Косово

ЕУ и САД го усогласија текстот на договорот за решевање на косовското прашање што предвидува поделба на Косово и размена...

Македонија3 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток15 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет17 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ18 часа

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија19 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата19 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија20 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија20 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток21 час

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија21 час

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија22 часа

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија22 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија24 часа

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија24 часа

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 ден

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа1 ден

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија1 ден

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија1 ден

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Досие