Контакт

Култура

Трет балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески”

Објавено пред

Во организација на Здружението за литература и култура „Мацково” од Охрид, утре и наредните два дена се одржува третиот балкански поетски камп за деца и млади „Ванчо Николески”.

Учесници се млади поетски надежи од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија, виртуелно уште и од од Босна и Херцеговина – Република Српска, и Грција.

Годинава за првпат поканета е да биде дел од програмата и Првата детската амбасада „Меѓаши” од Скопје.

Во одборот на учесниците вклучени се културно-информативните центри од сеседните земји, при што најтесна соработка е воспоставена со КИЦ во Софија – заедно со Друштвото на писателите на Бугарија.

„По две години, Министерството за култура одби да го финасира кампот со чудно образложение ‘не бил традиционален'(!?)“, стои во соопштението од организаторите.

Покрај во Охрид, каде што ќе биде свеченото отворање со прием и поздравен збор на претставник на локалната самоуправа, одделни манифестации ќе се одржат уште во Струга, Вевчани, Белчишта, како и во селото Црвена Вода, родното место на писателот за деца и основоположник на македонската литература за деца, Ванчо Николески.

Организаторите напоменуваат дека остваруваат тесна соработка со менаџментот на Струшките вечери на поезијата. Учесниците на кампот еден ден ќе бидат заедно со своите постари колеги и идоли, присутни на светскиот поетски фестивал во Струга, кој годинава е јубилеен – шеесетти по ред.

„Кампот, меѓу другото, се одржува и под грижата на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој им испраќа посланија, но и под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, од каде посланија им испраќа д-р Лаура Троиси, генерален секретар“, информираат организаторите.

Култура

„Covidmembrance“: Документарен проект за социо-економските, културните и психолошките промени предизвикани од пандемијата

Објавено пред

Mакедонски тим составен од новинари и дигитални уметници го објави минисеријалот Covidmembrance, како дел од третото издание на Media Innovation Lab одржан во декември 2020 година под покровителство на USAID’s BMAP.

Се работи за краток документарен проект кој обработува пет различни теми поврзани со светската пандемија предизвикана од коронавирусот, кои ја отсликуваат социо-економската состојба во Северна Македонија. Како носител на документарните видеозаписи изработен е дигитален музеј во вид на веб-платформа – www.covidmembrance.com.

New Image е првата епизода која е објавена денеска, а во наредните пет недели, секој понеделник ќе се објавува друга кратка епизода со различна тематика. New Image е епизода која ја третира заштитната маска, односно стручни објаснувања и осврт на обичниот човек, зошто истата се носи, дали штити и како луѓето ја прифаќаат. Во Fearing other ќе ги слушнеме приказните на сите оние професионалци кои работеа и во екот на пандемијата, додека From doubters to believers е епизода која се основа на лична приказна за загубата на блиските низ лавиринтите на бирократијата и потрагата по пари за лекување. Covidless го прикажува секојдневието на луѓето кои работеа од дома, а се пренесува и примерок од онлајн наставата на учениците, додека епизодата The Next day се осврнува на борбата со Ковид-19 и можните последици.

Минисеријалот е во комплетна продукција на авторите Влатко Чаловски, Вероника Камчевска, Дарко Комненовиќ и Бојан Коцевски, додека оригиналниот звук е дело на Горан Москов.

Според нив, приказните опфатени во Covidmembrance имаат за цел да ги прикажат различните аспекти предизвикани од социо-економските, културните и психолошките промени од пандемијата со Ковид-19.

Самиот наслов на минисеријалот, на целиот проект, наречен Covidmembrance сметаме дека е доволно иновативен и индикативен за публиката. Ние во текот на оваа пандемија неколку пати се навраќавме, како јавност, на шпанскиот грип кој одзеал многу животи, но факт е дека немавме доволно приказ. Овие мини документарци кои ги изработивме со над 30 интервјуа со професори и граѓани ни дозволија да ја запазиме овогодишната тема на MIL – етичко известување во текот на пандемијата. Замислете кога друг пат би слушнале како еден такси-возач се исплашил само од кивањето на патник? Тоа се тие ситници кои оставаат белег, на кои ќе можеме да се навратиме во иднина“, велат авторите во соопштение.

Прикажи повеќе...

Култура

Каспер Туксен, дански кинематографер: Светлината е клучен елемент во филмот

Објавено пред

Реномираниот дански кинематографер Каспер Туксен има солидна филмографија од над 50 филмски наслови, меѓу кои и неколку комерцијално успешни филмови од кинорепертоарите (последниот од нив е „Јавачи на правдата“, со Мадс Микелсен во главната улога). Филмот со кој Каспер Туксен се претстави на фестивалот „Браќа Манаки“ е „Најлошата личност на светот“/ THE WORST PERSON IN THE WORLD, кој е всушност последен од „Трилогијата од Осло“ на норвешкиот режисер Јоаким Триер, по филмовите „Реприза“ од 2006 година и „Осло, 31 август“ од 2011 година.

-Жал ми е што не можев физички да присуствувам на Фестивалот, поради пандемијата и се надевам дека од следната година веќе ќе може да патуваме и би сакал да присуствувам на „Браќа Манаки“. Светлото е клучно во овој филм бидејќи се претставуваат многу сезони од годината. Иако сум од Данска, не е многу различна од Осло. Таму поминав 4 месеци само во проучување на светлината и всушност имав можност да го видам светлата на Осло во една година и беше добра тактика цел ден да се помине на местото каде што ќе се снима и да го гледам светлото, да го проучувам и да испланирам како ќе се снима секоја сцена во кој било дел од денот. Сценариото зависи од светлото од самиот почеток бидејќи филмот почнува со сцена од зајдисонце, има многу периоди каде се менуваат делови од денот и сето ова се реализираше на овој начин бидејќи и режисерот сметаше дека светлото е клучно за визуелизацијата на неговата приказна, рече Туксен на денешната прес-конференција.

Во филмот „Најлошата личност на светот“ следиме неколку епизоди од животот на една шармантна и интелигентна млада жена. Пред неа се можностите за речиси сè што може да посака, живее во едно од најнапредните општества, но сепак изгледа дека почнува да ги испушта шансите кои ѝ ги дава животот и времето почнува да ја притиска. Особено е впечатлива смрзнатата сцена која претставува вистинска магија.

-За таа сцена вештачко светло се употребуваше само кога девојката си оди во станот и се враќа и светлото во станот. Сè останато е изведено со снимање во право време и на право место. Ова е многу интересен пристап, луѓето требаше само да седат мирни, тоа во последно време е често употребувана метода, но нагласувам дека најголемиот дел од таа сцена е изведен под природно светло, објасни Туксен.

Селекторот Слаѓан Пенев го замоли Туксен да каже што мисли за системот за осветлување на Кристијан Бергер, кој е годинашен лауреат на „Златна камера 300“ за животен опус на „Браќа Манаки“ и кинематограферот истакна дека е запознат со ситемот на Бергер, но многу малку гафери знаат да ги работат неговите огледалца.

-Во Шведска имав можност да ги користам. Иако не беа неопходни беа корисни за рефлекција на Сонцето. За мене осветлувањето на еден филм е успешно направено кога не им пречи на актерите. Отсекогаш сакав да снимам со Јоаким бидејќи и тој верува во додавање на боите во светлата, да се потенцира руменилото на образите и светлината во очите на актерите, раскажа Туксен.

Ова е филм кој лесно ве вози низ приказната, нудејќи доволно содржини за забава и за тага, а прекрасно фотографираните интериори и екстериори на еден од врвните архитектонски градови, Осло, ја дополнуваат пријатната атмосфера на убавините и удобствијата на средната класа во напредните општества.

-Ми беше чест што работев на филм за борбата на една млада жена низ животот, што ме натера да помислам на сопругата, на сестра ми, на сите мои жени пријателки, поранешни девојки…, рече Туксен.

Главната актерка, Ренате Реисве, ја доби наградата за најдобра актерка на Филмскиот фестивал во Кан.

Прикажи повеќе...

Култура

Јапонија ни донираше над 600.000 евра за набавка на музички инструменти и техничка опрема во Националната опера и балет

Објавено пред

Во фоајето на НУ Национална опера и балет (НОБ) денеска се одржа прес-конференција по повод реализацијата на проект од јапонската програма за развој на културата во висина од 79.800.000 јапонски јени (663.000 евра) што во целост беше финансиран од Владата на Јапонија, а беа набавени музички инструменти за музичарите, опрема за озвучување и осветлување за потребите на Националната опера и балет.

Координацијата и испораката на оваа донација како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, во соработка со Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (ЏАЈКА) и Министерството за култура. Во својство на национален координатор за странска помош, вицепремиерот Димитров нагласи дека Јапонија е традиционален пријател и донатор на Северна Македонија во повеќе области, а со овој проект се продлабочува културната соработка помеѓу двете земји.

„Јапонија е земја на инспирација и иновација, што географски е далечна од нас, но со поддршката од јапонската Влада, посветеноста и подготвеноста за соработка на Амбасадата и Јапонската агенција за меѓународна соработка, успешно се реализираат проекти преку кои се зближуваат нашите граѓани. Со овој проект во областа на културата верувам дека врските помеѓу двете земји дополнително ќе се зајакнат, како пример за глобално поврзување“, истакна Димитров.

На прес-конференцијата се обрати и јапонскиот амбасадор Н.Е. Савада Хинорори, којшто истакна дека во рамките на Иницијативата за соработка со Западен Балкан, Јапонија е сериозно посветена во поддршката за Северна Македонија кон одржлив економски и социјален развој, клучен за интеграцијата во Европската Унија. Тој посочи дека од 2001 година навака, ова е втор грант што Јапонија го доделува на Северна Македонија во полето на културата, имплементиран од страна на ЏАЈКА: „Освен за подобар перформанс на Националната опера и балет, би сакал оваа културна размена да придонесе и за размена на уметници“- заклучи амбасадорот Савада.

Заблагодарувајќи се за донацијата, во таа насока и министерката за култура Ирена Стефоска посака што поскоро на сцената на НОБ да настапат нашите и јапонските уметници: „Оваа донација ќе ги мотивира уметниците за поголема креативност на сцената и страст во музицирањето, што на крајот ќе биде врвно уживање за публиката, па дозволете ми, вредноста на оваа донација да ја опишам со три збора – мотив, квалитет, аплауз“ – додаде министерката Стефоска.

Претставникот на ЏАЈКА за овој регион Такеичи Џиро го изрази своето задоволство од оваа соработка со која се потврдува желбата за културна размена и поврзување.

Директорот на НОБ, Васо Ристов, се заблагодари на сите вклучени страни за успешната реализација на овој проект што претставувал голем предизвик за целиот тим, но отвора нови можности за соработка и унапредување на квалитетот на изведбите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Нови 154 заболени од Ковид-19, починале 12 луѓе

Во последните 24 часа се направени 1.967 тестирања, а регистрирани се 154 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 118, Куманово...

Македонија3 часа

Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот Зоран Заев изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално. „СДСМ има квалитетни кадри коишто...

Македонија3 часа

Позитивни на коронавирус се 13 воспитувачи и 9 деца во градинките, Шахпаска вели дека состојбата е стабилна

Тринаесет воспитувачи и 9 деца се позитивни на коронавирус низ градинките, информираше денеска министерката за труд и социјална политика, Jагода...

Македонија5 часа

Стевчо Јакимовски ќе настапи самостојно во Карпош, во другите општини ГРОМ ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

Граѓанската oпција за Македонија-ГРОМ на овие локални избори одлучи да настапува самостојно во oпштина Карпош со претседателот на партијатија Стевчо...

Свет5 часа

(Видео) Најмалку осум починати и десет повредени во пукотниците на рускиот универзитет, напаѓачот бил студент

Околу осум лица загинаа додека повеќе од десет се повредени во драмата на рускиот универзитет каде што непознато лице отвори...

Свет6 часа

(Видео) Проработе вулкан во Шпанија, лавата проголта 20 куќи

Шпанските власти евакуираа околу 5.000 луѓе од неколку села на канарскиот остров Ла Палма поради ерупција на вулкан, соопштија локалните...

Македонија23 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет23 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија1 ден

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија1 ден

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија1 ден

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ1 ден

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет1 ден

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет1 ден

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Досие