Контакт

Култура

Турскиот театар ќе ја изведе претставата „Крал Лир“ на сцената во „Театар комедија“

Објавено пред

НУ Турски театар ќе ја изведе претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир во режија на Диего де Бреа на 10 јануари, со почеток во 20 часот, на сцената во „Театар комедија“.

Претставата се изведува со титл на македонски јазик.

Улогите ги толкуваат: Џенап Самет,  Осман Али, Несрин Таир, Ерман Шабан,  Зубејде Али и
Ебру Мусли.

Кралот Лир го истражува човечкото патување во темнините и бездните на смртта. Симнувањето е полно со човечки страв, несигурност и немоќ. Имено, судирот со смртта не е оставен на човечкото самоволие. А Лировото заминување во подрачјата на смртната темнина е дотолку поболно и потрагично поради неговото расцепено срце и помрачениот ум. Порано Господ на Земјата, сега најдлабоко понижениот обичен смртник кој се обидува на збогувањето со животот да ја осознае вистината која ќе му ја донесе најтешката пропаст полна со лаги и невистини. Безмилосната болка на сознанието дека бил измамен и изигран го турка во лавиринтот на страдањето кој го удира со нечовечка сила и моќ. Порано сè, сега ништо. Сето тоа е казна на животот, за на крај, ако не и порано, да го преземеш на себе страдањето и низ него да се исчистиш. Лировото заминување е вистинското „danse cadabre“ во кое не е поштеден баш од ништо. Земјата стана гробница, нека го довика некој сонцето!



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Работилница за современ танц на ФМУ – Скопје со словенскиот кореограф Урша Рупник

Објавено пред

Од 18 до 21 март 2019 година на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе гостува проф. Урша Рупник, кореограф од Словенија.

Во работилницата ќе земат учество студентите од студиската програма за балетска педагогија – современ танц од класата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова од ФМУ, како и ученици од средниот оддел – класичен балет и модерен танц од Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Работилницата ќе се реализира во салите на Државниот музичко-балетски училишен центар „Илија Николовски-Луј“ и во студиото „Брејк а Лег“. Соработката со Рупник е резултат на размената помеѓу УКИМ ФМУ и Вишата балетска школа КГБЛ во Љубљана (www.kgbl.si) во рамките на програмата за мобилност на наставен кадар Еразмус+.

Урша Рупник работи како кореограф со етаблирани уметници од современата танцова сцена во Словенија како Росана Хрибар, Грегор Луштек и Матјаж Фариќ, но има реализирано повеќе кореографски проекти и на современата интернационална танцова сцена. Последната деценија таа е асистент на етаблираниот кореограф Џо Алегадо (САД), со кого соработува како педагог, танчар, кореограф и е дел од неговата танцова компанија во Прага.

Рупник со студентите ќе работи на синтеза на современите и модерните танцови техники, основани врз нејзиното искуство како танчар и кореограф. Таа е инспирирана од работата со Алегадо и неговиот истражувачки принцип. Рупник истражува како движењата од рацете го иницираат движењето на телото во просторот создавајќи уникатна танцова динамика.

Гостувањето на проф. Рупник на ФМУ се надоврзува на низата успешни проекти на студентите на студиската програма за балетска педагогија – современ танц во рамки на нивната практична настава, иницирани и предводени од кореографот и вонр. професор на ФМУ, д-р Искра Шукарова, и реализирани во текот на 2018 година. Минатата година студентите имаа можност да работат со кореографите Урсула Еагли и Чарлс Слендер Вајт (САД), Грегор Камникар (Словенија) и Андреа Ситер (Франција).

Во мај 2019 година, студентите од катедрата за балетска педагогија –современ танц се поканети да работат со Џој Мари-Томпсон (САД) како дел од интенационалната програма во Дерида Центар во Софија (www.derida-dance.com) поддржана од страна на фондот на мрежата Global Practice Sharing.

Покрај ова, во август оваа година вонр. проф. д-р Шукарова е поканета да гостува во САД како предавач во проектот Earthdance (www.earthdance.net) во рамки на интернационалната програма за кореографи и педагози. Проектот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing (САД), во која Шукарова е член од основањето.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Сирота мала богата драма“ ќе биде промовирана на Меѓународниот фестивал „Сарајевска зима“

Објавено пред

Во периодот од 19 март до 22 март 2019, доцент д-р Иванка Апостолова Баскар, како иницијатор, уредник и промотер ќе настапува на Меѓународниот фестивал Сарајевска зима 2019, со промоција на електронската книга/збирка на 11 кратки драми на современи македонски автори-Сирота мала богата драма.

Промоцијата ќе биде во Музичкиот павиљон (Мејдан). Организатори на фестивалот се Ибрахим Спахиќ и неговиот тим од Меѓународниот центар за мир.

Прикажи повеќе...

Култура

Филмот „Боемска рапсодија“ може да добие продолжение

Објавено пред

Филмот за легендарниот пејач на „Квин“, Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, набргу би можел да добие продолжение. Режисерот Руди Долезал, кој му бил пријател на Меркјури, открил за порталот „Пејџ сикс“ дека режисерот на филмот, како и членовите на бендот, кои се сè уште активни, Брајан Меј и Роџер Тејлор, планираат второ продолжение.

Според него, и Џим Бич, менаџерот на „Квин“, сериозно се подготвува за продолжение.

Гитаристот на групата, Брајан Меј, претходно рече дека уште некоја приказна од долгата кариера на бендот би можела да биде екранизирана.

Филмот „Боемска рапсодија“ заработи повеќе од 870 милиони долари во светот. Во февруари освои четири „Оскари“ и поттикна повторно заживување на популарноста на бендот во целина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Пожарот на Скопска Црна Гора се шири

Пожарот на Скопска Црна Гора, на местото наречено Влајингроб, што избувна пред неколку часа, се шири. На терен интервенираат противпожарни...

Свет12 часа

Уапсен осомничениот за нападот во трамвајот во Утрехт

Холандските власти го уапсиле осомничениот за нападот во Утрехт, во кој беа убиени три лица. Станува збор за триесет и...

Топ15 часа

Собранието ќе потроши речиси половина милион евра на авиобилети и хотели

Засилена меѓународна соработка, средби, конференции, семинари, специјални гостувања поврзани со ЕУ и НАТО-интеграцијата, како и редовни активности на пратениците, спаѓаат...

Македонија15 часа

Кај „Чинарот“ во Охрид се ѕида со одобрение за поставување урбана опрема

Општина Охрид ги одобрила градежните активности на плоштадот Чинар во Охрид, каде што минатата недела охриѓани алармираа за нова дивоградба....

Македонија16 часа

(Видео) Премиерот со премногу овластувања во новата агенција за разузнавање, реагираат експертите

Една од главните забелешки на експертската јавноста на јавната расправа за формирањето на новата агенција за разузнавање која ќе ја...

Свет17 часа

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет19 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија19 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија20 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ20 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет21 час

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион22 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет22 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион1 ден

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 20191 ден

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет2 дена

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 20192 дена

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток2 дена

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија2 дена

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион2 дена

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Досие