Контакт

Култура

„Уметноста на звучните пејзажи во современата изведба“ – предавање на композиторот и пијанист Алесандро Ола

Објавено пред

Утре, со почеток во 19 часот, во КСП „Центар – Јадро“, предавање ќе одржи професор Алесандро Ола на тема „Уметноста на звучните пејзажи во современата изведба“.

dobivaj vesti na viber

Говорникот Алесандро Ола е познат уметник со звук и композитор, кој во рамките на проектот Arts Hub ќе ги сподели своите сознанија за тоа како звукот може да го подобри изведбеното искуство и да создаде инволвирачки средини.

За време на предавањето ќе бидат истражени разни елементи на звучните пејзажи вклучувајќи теренски снимки, пронајдени звуци и електронска манипулација и како тие може да се искористат за да се создаде уникатен звучен пејзаж за публиката. Воедно, ќе проникнеме и во спојот на звучната уметност и изведбата и ќе дискутираме како звукот може да се користи како форма на изразување и раскажување.

Исто така, за време на предавањето ќе бидат истражени начините на кои звукот може да се користи како алатка за социјален ангажман, од проекти во заедницата до инсталации на специфични локации, кои се занимаваат со суштински социјални прашања. Ќе се разговара и за тоа како звукот може да помогне да се создадат поинклузивни и партиципативни форми на уметничко изразување овозможувајќи им на маргинализираните заедници да го пуштат својот глас и да бидат слушнати.

Ќе биде истражена и улогата на звукот во градењето капацитети за локалната сцена во социјално ангажираната уметност. Говорникот ќе ги сподели своите искуства од неговата работа со заедници и уметници за развивање вештини и градење мрежи овозможувајќи им да креираат свои социјално ангажирани уметнички проекти и иницијативи.

„Без разлика дали сте уметник, изведувач или едноставно сте заинтересирани за светот на звукот, ова предавање не треба да се пропушти. Ви ветуваме дека оваа вечер ќе ве стимулира на размислување и подлабоко ќе ја цените моќта на звукот во современата изведба“, велат организаторите на настанот.

Предавањето се реализира во рамките на проектот Arts Hub на КСП Центар-Јадро, кој е поддржан од Фондацијата „Отворено општество – Македонија“.

Алесандро Ола (Alessandro Olla, IT/ESP), композитор, пијанист и изведувачки уметник. По студиите по пијано, композиција и електронска музика, го напушта академскиот пристап кон музиката и го почнува својот уметнички пат низ експеримент, импровизација и електроника како во компонирањето така и во сценскиот настап. Неговото лично истражување се фокусира главно на интеракцијата помеѓу музиката и другите уметнички изрази. Неговите интереси и искуство исто така вклучуваат видеоарт и танц.

Изведувал во интернациопнални музеи и галерии, како, на пр.: MACBA (Museu d’Art Contemporani Барселона, 2007), BAC (Лондон, 2007), GRIM (Centre Montévideò Марсеј, 2005), Accademia d’Arte Contemporanea (Сиракуза, 2000), Théatre Daniel Soriano (Дакар, 2004), The Luggage Gallery (Сан Франциско, 2004), Voz Alta (Сан Диего, 2004). Настапувал со современи уметници меѓу кои и: Tim Hodgkinson, Marc Ribot, David Shea, David Toop, Elio Martusciello, Victor Nubla, Fabrizio Spera, Paolo Fresu, Jean Marc Montera, Lorenc Barber, Roberto Pellegrini, Henning Frimann; на фестивали меѓу кои и Time in Jazz (Berchidda, 2006), LEM (Barcelona, 2005), Europe Tendence Emotion (Paris, 2003), electricittà – GRIM (Marseilles, 2005, 2003), Festival SpazioMusica (Cagliari, 2003), Ixem (Firenze, 2003), Impro Match, festival europeen de musique improvisée (Poitiers, 1999). Во 1996 го основал ансамблот Coincidentia Oppositorum.

Од 1999 компонира оригинална музика за многубројни претстави соработувајќи со важни италијански театри и театарски уметници, како Дарио Фо, Марко Карнити, Марко Пароди, Дациа Мараини, Марио Фатикони, Франческо Ориго, Франческо Сапонаро, Карла Тато. Автор е на театарски претстави, кои исто така вклучуваат претстави базирани на импровизација (Suonobliquo, Water Rythms, Aleph). Компонирал музика за радио, телевизија и филмови и работел на звучни записи на локации во урбани и рурални средини.

Од 1994 работи и како подучувач и ментор во рамките на театарски и музички работилници. Подучувајќи, го продлабочил својот поглед на врската музика-јазик-поезија и како режисер реализирал неколку проекти базирани на вокални експериментирања. Веќе шест години држи часови за музикотерапија и театарски работилници работејќи во полето на менталните тешкотии.

Во 2007 го основа и почнува да го води мултимедијалниот фестивал на напредна музика SIGNAL, чиј идеен творец е токму тој. Од 2001 до 2005 организирал годишен фестивал за импровизација и музичко истражување, базиран на работилници и перформанси во Калјари, Сардинија. Живее помеѓу Барселона, Рим и Калјари, а базата му е (главно) во Калјари, каде што во 1995 го основал центарот посветен на музичко истражување и театарски експеримент, TiConZero [www.ticonzero.org]

 

Култура

Премиера на „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар во Театар Комедија

Објавено пред

На 12 декември (вторник), со почеток во 20 часот, на малата сцена на Театар Комедија ќе се случи премиерата на пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

dobivaj vesti na viber

− Делото „Демнејќи го Годо“ на Драго Јанчар, коешто може да се каже дека е еден вид парафраза на апсурдната класика „Чекајќи го Годо“, прикажано во едно поинакво време и во поинаква средина, сепак се занимава со стравот, сомнежот и контролата на општеството со помош на тие механизми и го обликува постоењето на човекот. Но, без разлика на тоа што овој драмски текст е сериозен во однос на тематиката, сепак мајсторијата на Јанчар е во тоа што успеал сето тоа да го покаже низ една призма на апсурдни ситуации, кои сами по себе може да се толкуваат и како комични, а во суштината се трагични. Со оглед на тоа што ова е прва копродукција помеѓу НУ Театар Комедија и НУ Турски театар Скопје, кои долги години делат ист покрив, работев со Жаклина Стевковска и Едмонд Сотир од Театар Комедија, и Џенап Самет, Селпин Керим и Сузан Акбелге од Турски театар кои првпат се споија во овој проект, а самата соработка ни донесе многу креативен и забавен процес – вели режисерката Сибел Авдиу за предизвикот да се работи на оваа пиеса на Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Самостојна изложба на Иван Аџиевски во КСП Центар-ЈАДРО

Објавено пред

„Форми на системот“ е мултимедијална концептуална изложба во која преку ликовната уметност, инсталациите, скулптурата, како и видеопроекција се прави обид на пошироката јавност да ѝ се покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем со праќање порака за надминување на таквата состојба.

dobivaj vesti na viber

Корупцијата се перципира како најголемо општествено зло и закана за правната држава. Феноменот на корупцијата се смета не само како морално штетен туку и како причина за нефункционирање на институциите на системот и како сериозен економски и политички проблем (la fraude erigee en systeme). Корупцијата го еродира владеењето на правото и сериозно ги повредува човековите права бидејќи со неа се врши пренасочување на јавните средства наместо за решавање на основните потреби на граѓаните, за коруптивни активности и за нелегално збогатување на поединци или групи (бизнисмени и други центри на моќ). Борбата против корупцијата значи заштита на основните човекови права, гарантирани со Универзалната декларација за човекови права, како што се правото на образование, здравствена заштита, социјална заштита, чиста животна средина, добра инфраструктура, сигурност и сл.

Изложбата „Форми на системот“ овозможува искористување на моќта на уметноста и културата за охрабрување на граѓанска акција против корупцијата. Таа процесира идеја/провокација кај уметниците, активистите и новинарите креативно да се вклучуваат во антикорупциските прашања, да изградат меѓусекторски релации и подобро да ја разберат улогата на креативната акција и како таа влијае врз перцепцијата на јавноста за корупцијата.

Цел на проектот е поттикнување на јавниот дијалог за надминување на корупцијата и неправичноста на централно и на локално ниво од правниот систем како социјален проблем, како и стимулирање повисока свест кај јавноста за овој проблем како пречка за евроинтеграција.
Уметничките слики претставени на изложбата се изработени во различни формати од алтернативни сликарски материјали на платно. На нив се застапени алуминиумски и бакарни плочи во неправилни форми на кои се принтани цитати /фрази од актуелното позитивно право, а јавноста може да се запознае со примери од судската правна практика и судската статистика. На дел од плочите се принтани и филозофски мисли на филозофи/мислители што имаат цел да потикнат креативен активизам против неправичноста на правниот состем.

Во централниот дел на галеријата е поставена скулптура – стилизирана претстава на божицата на правдата Јустиција изработена од кородиран метал симболизирајки го неправичниот корумпиран судски корозивен систем каде што правдата и правичноста се дефакторизирани и крајно маргинализирани. Сликите и скулптурата се придружени од инсталации – колаж од фотографии од пораки на активисти (CSU) против корупцијата поставени на јавен простор преку кои граѓаните на еден креативен начин го креваат гласот против овој општествен проблем.

Во видеопроекцијата се прикажуваат фрагменти од уметничките слики и таа завршува со приказ на скулптурата – божицата на правдата Јустиција.

Отворањето на изложбата „Форми на системот“ е на 9 декември – Светскиот ден за борба против корупцијата во КСП Центар-Јадро. Изложбата „Форми на системот“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, дел од „Програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година“.

Иван Аџиевски (Скопје, 1985) завршува правен факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба „Beauty Spot“ во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички и кубистички манир.

На својата втора самостојна изложбa „Beauty Spot II“ во 2022 година во КСП Центар-Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми и материјали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжување на претходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.

На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба „Форми на системот“ која е дел од програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година авторот се преставува со слики, инсталации, скулптура и видео проекција кои имаат за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на претставата „Поткровје“

Објавено пред

На малата сцена во Македонскиот народен театар на 9 декември, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде одиграна претставата „Поткровје“ според „Цената“ на Артур Милер, а во режија на Александар Ивановски.

dobivaj vesti na viber

Според режисерот Ивановски „Се е прашање на гледна точка, и ако не можете да ја разберете гледната точка тогаш невозможно е да ја разберете цената.”

Поткровје е претстава која ја истражува цената на одлуките, одговорноста која ја имаме кон себе и кон семејството, и вината со која живееме поради изборите што сме ги направиле. Во претставата играат: Томислав Давидовски, Елена Кузманов, Горан Ников и Хари Михајловски. Како креативни соработници се потпишуваат сценографот Ненад Тонкин и дизајнерот на плакатот Тео К. Атанасовски.

Преводот го направи Марио Стојаноски. Следната изведба ќе биде закажана во текот на месец јануари 2024 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Земјата се соочува со епидемија од корупција, црната листа ќе се проширува, најави Агелер

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но...

Македонија7 часа

Со возило на фирма струмичанецот му помогнал на Палевски и го пренел преку Турција, обвинителството нареди истрага за возачот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело...

Македонија8 часа

Анѓушев: Малта не треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана

Малтешкото Министерство за надворешни работи му ја прекина функцијата почесен конзул на Малта на поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, поради неговото...

Македонија10 часа

Мајката на Вања: Сè уште не можам да разберам зошто моето девојче е сега во гроб

Не ме интересираше неговиот живот. Мојот живот беа моите деца и мојата работа. Беше оставен на мира и разговаравме само...

Македонија10 часа

Спасовски го обвини ВМРО-ДПМНЕ за политиканство и најави дека ќе се испитуваат комуникациите на осомничените со лица надвор од групата

Политиканството во вакви случаи на убиства, уште еднаш ги убива жртвите и тоа не е добро. Ова го изјави министерот...

Македонија11 часа

Лога за екстрадицијата на Палевски: За релативно кратко време очекувам да биде меѓу нас и да докажува што се случило

Барањето за екстрадиција на Љупчо Пелвски- Палчо, осомничен дека е организатор и извршител на убиствата на 14 – годишната Вања...

Македонија11 часа

Спасовски: Адвокатот на Палевски се’ уште е на распит во полиција

Васко Стојков – адвокатотот на осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски, се’ уште е на распит во полициската станица. Министерот...

Македонија11 часа

Кривична ќе има и за возачот кој го носел Палевски до Турција

Возачот кој го превезуваше осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски,  во Турција и кој беше приведен на влез во земјава...

Македонија12 часа

Поднесен предлог за разрешување на јавен обвинител поради сторена тешка дисциплинска повреда

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна...

Свет12 часа

(Видео) Објавени снимки на кои се слушаат истрели: Русија вознемирена поради осмоодделенката која упадна со пиштол во училиште

Убиено е девојчето Марија Н., а уште пет лица се ранети во училиштето во Брјанск, Русија, кога утрово во одделението...

Свет14 часа

Бразил испраќа војници на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Бразил објави дека распоредува војници долж границата со Венецуела, откако венецуелската влада ги објави плановите за вклучување на областите контролирани...

Македонија14 часа

Запленети непријавени 50.600 евра на скопскиот аеродром

Запленети 50.600 евра коишто патник на влез во државата на царинската испостава Аеродром Скопје не ги пријавил кај царинските службеници,...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се одговори зошто веднаш МВР не тргнало во потрага по возилото на убиениот Панче

МВР направи низа пропусти во истрагата за убиствата на Палевски, што ја отвора дилемата дали Вања можела да биде спасена,...

Свет15 часа

Сенатот го блокираше новиот пакет американска помош за Украина и за Израел

Пакетот нова безбедносна помош за Украина и за Израел во вредност од милијарди долари беше блокиран вчера од републиканците во...

Македонија1 ден

Адвокатот на Љупчо Палевски на распит во полициска станица

Адвокатот Васко Стојков, со кого Љупчо Палевски Палчо, првоосомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, замина...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: За втор мандат ќе се произнесам кога ќе дојде време, не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат

Претседателот Стево Пендаровски денеска кажа дека не размислува за втор мандат во вакви траорни времиња. „Прашањето на вашата колешка беше...

Македонија1 ден

Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, информираат од ресорното министерство. Појаснуваат дека истото...

Македонија1 ден

Побарана екстрадиција на Палевски поради убиствата

Основното јавно обвинителство Скопје го изготви Барањето за екстрадиција за Љупчо Палевски-Палчо кој е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања...

Македонија1 ден

Пендаровски: Функционерите мора да работат и да градат, без да крадат, корупцијата најголем проблем за граѓаните

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на дводневниот Отворен Форум за антикорупција организиран од Македонскиот центар за меѓународна...

Македонија1 ден

Мажoт кој го возел Палевски до Турција доби 48-часовен притвор

Судија го прифати предлогот и определи мерка краткотраен притвор од 48 часа за С.Д. од Струмица, кој го возел првиоосомничениот...