Контакт

Култура

Унгарскиот филм „Кинцсем – обложи се на одмазда“ на Скопско лето

Објавено пред

Вечерва на „Скопско лето“ ќе се прикаже унгарскиот филм „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (KINCSEM) (2017)со почеток во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Станува збор за историска авантура во траење од 121 минути, во режија на Габор Херенди, а улогите се на Ервин Наѓ, Андреа Петрик, Тибор Гашпар …

Фимот има добиено две награди на Унгарската филмска недела, номинација на Меѓународниот филмски фестивал во Кливленд.

В недела, 14.07.2019, ќе се одржи проекција на филмот „Кариран нинџа“ (TERNET NINJA) (2018), Данска, кој ќе биде синхронизиран на македонски, со почеток во 21 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Дистрибутер: Cutaway
анимирана авантура / траење: 81 минути
режија: Торбјерн Кристоферсен и Андерс Матесен
улоги: Андерс Матесен, Алфред Бјер Ларсен, …
награди: најдобар детски филм на Роберт-фестивалот, 2 номинации за данските Бодил-награди

Во понеделник, 15.07.2019, ќе се прикаже филмот „По стапките на мојот татко“ (LA PELLE DELL’ORSO) (2016), Италија, со почеток во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Дистрибутер: Uzengija
авантура / траење: 92 минути
режија: Марко Сегато
улоги: Мирко Артузо, Лучија Маскино, Леонардо Масон,…
награда: италијански Златен глобус за кинематографија, номинација за наградата „Давид ди Донатело“ за најдобар млад режисер.

За сите филмски проекции билети може да се купат на влезот на Сули ан, пред самиот почеток на проекцијата по цена од 100 денари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Почина Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески

Објавено пред

Пејачот Ѓорѓи Желчески, дел од познатото дуо Селимова-Желчески, почина утрово на 82 години во Белград.

Желчески беше роден во Прилеп 1938 година. Кариерата ја почнал како солист во Радио Скопје. Во 1959 година се запознал со пејачката Кевсер Селимова, со која по две години почнал да пее во дует. Заради неа и се преселил во Белград. По неколкугодишна врска се венчале и ја добиле ќерката Ана.

Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: „Елено, ќерко“, „Бело лице љубам јас“, „Брала мома капини“ и други. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржаа концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележаа јубилејот – пет децении творештво.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „По дождот“ и средба со Раде Шербеџија

Објавено пред

Издавачки центар „ТРИ“ ја претставува авторската книга „По дождот“ на филмскиот, телевизиски и театарски глумец Раде Шербеџија.

Промоцијата на книгата ќе биде на 26 февруари (среда), во Клуб-ресторанот во МКЦ, со почеток од 19 часот.

Промотор ќе биде истакнатиот писател и колумнист Венко Андоновски.

Книгата излезе од печат во 2018 година, a главната тема што се провлекува како нишка низ испреплетените парчиња текст е чувството на вечен егзил, патување во кое не постојат други граници освен реалните. Тие често како тегобност создаваат немир за кој мора да се пишува. За да се ослободи мислата, минатото, да се вкрстат патеките, да се заспие покрај морето или океанот. Да се одглуми најтешката улога – помирувањето со себеси, како странец во друга земја.

Секогаш неодреден, секогаш надвор од метежот, а внатре во себеси – Раде не е обичен раскажувач, тој е интимен сопатник низ поглавјата што ги ткае во својата приказна. Опишувајќи ја славата, но и осаменоста низ призмата на релациите меѓу себе и семејството, но и со холивудската немилосрдност, тој во „По дождот“ ни нуди токму таков амбиент. Сонце што огрева откако сите облаци ќе се расчистат.

Како култна икона на југословенскиот простор, овој заводлив и контроверзен актер и раскажувач ја создава својата книга на животот со леснотија опишувајќи ја најтивката и најгласна борба на вечното патување, на чувството дека животот се прелева низ границите за кои не постојат пасоши.

Прикажи повеќе...

концерти

„Поточиња“ на 21 и 22 март во МОБ

Објавено пред

Почетокот на пролетта во Скопје е резервиран за уште една детска забава. Фестивалскиот викенд на 21 и 22 март ќе помине во знакот на 17. издание на детскиот фестивал „Поточиња“.

Разиграни, распеани, а на сцената единствени, „Поточиња“ се подготвени да приредат уште една голема забава. Актерот, Мартин Јорданоски, како домаќин и водител под маската на Поки, ќе ја води публиката низ уште една фестивалска приказна, а распеаните „Поточиња“ ќе ги претстават новите песни и изненадувања.

„Поточиња“ во Македонска опера и балет за 21 и 22 март ги претставува следните термини и тоа од 11:00 ч, 13:00 ч и 18:00 часот во двата дена. Билетите се по цена од 250 денари и се достапни на следните продажни локации: Продажна мрежа МК Тикетс, Југотон, билетарница на МОБ и онлајн – www.karti.com.mk

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Македонија10 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет12 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа13 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија14 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет16 часа

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија16 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија17 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија17 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ18 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа18 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа18 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет20 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет20 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа1 ден

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет1 ден

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа2 дена

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија2 дена

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ2 дена

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Досие