Контакт

Книги

Уредничка од легендарниот „Зуркамп“ и основачот на „Далки архив прес“ гости на „Про-За Балкан“

Објавено пред

Јаника Ритер, уредничка во еден од најпознатите светски издавачи – германскиот „Зуркамп“, Џон О’Брајан, основач на најважната издавачка куќа од САД со фокус на преведувачката литература од Европа и Балканот, и Назлиџан Катабаш, литературна агентка од престижната турска агенција „Калем“, се гостите на програмата „Скопје фелоушип“, дел од 6. интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе се одржи од 27 до 29 мај во Скопје.

За македонските медиуми Џон О’Брајан, кој беше гостин на фестивалот и пред две години, ги откри амбициозните планови во однос на промоцијата на нашата литература на американскиот пазар.

„Далки архив прес“ планира повеќегодишна едиција на македонската литература и издавање по пет книги годишно, што ќе вклучи проширена маркетинг-програма, а и ќе ги доведе писателите во САД и Ирска. Нашите очекувања се дека оваа едиција ќе придонесе писателите да бидат издадени и во други држави, најавува Џон О’Брајан, основач на најважната издавачка куќа од САД со фокус на преведувачката литература од Европа и Балканот.

Според директорот на фестивалот, Дејан Трајкоски, чест е што во Скопје доаѓа Ритер, дел од еден од најважните издавачи во Европа.


„Зуркамп“ е еден од најпосакуваните светски издавачи. Тоа е врвна референција за секој квалитетен автор, рамна на германскиот „Ханзер Ферлаг“ или францускиот „Галимар“. Чест ни е што Ритер ја прифати поканата бидејќи токму таа во „Зуркамп“ повеќе години работи во одделот за источноeвропска литература како помошник-уредник фокусирајќи се на литературата од Балканот. Со тоа ја продолжуваме нашата намера да не развиваме литературен туризам, туку да ги донесеме вистинските луѓе во Скопје, оние што на саемите во Франкфурт или во Лондон се недостижни. Се надеваме дека гостите ќе придонесат за промоција на нашата литература“, вели Трајкоски.

Назлиџан Кабаташ, пак, доаѓа од литературната агенција „Калем“ од Турција. Големината и важноста на оваа агенција во 2017 година ја потврди и Саемот на книгата во Лондон наградувајќи ја сопственичката Нермин Молаоглу со наградата за најдобар литературен агент.

Гостите од „Скопје фелоушип“ за време на фестивалот ќе се сретнат со членови на Македонската асоцијација на издавачите и со повеќемина писатели.

Програмата „Скопје фелоушип“ е посветенa на странските издавачи, директори и програмски менаџери на фестивали, литературни агенти и скаути. Фестивалот меѓу првите во регионот воспостави програма посветена на овој профил на гости и продолжува со несмален интензитет.
Целта на програмата е да ги запознае важните имиња од светот на издаваштвото со македонската книжевна сцена, од што, се надеваме, ќе произлезат нови преводи, гостување на писатели од Македонија во странство, промоција на нашата литература, вмрежување на писателите и културните работници од сферата на издаваштвото и книжевноста со колегите од Европа и светот.
Во почетокот на наредната недела фестивалот ќе го најави и добитникот на наградата „Прозарт“, како и сите гости на фестивалот годинава.
„Про-За Балкан“ и оваа година е во организација на „Икона“ и ќе има ист број гости и несмалена програма. Поддржан е од Министерството за култура со 200.000 денари, од „Традуки“, Делегацијата на ЕУ, амбасадите на Словенија и на Хрватска и од Словенечката агенција за книга.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Билјана Станковска ја доби наградата „Струшко изгрејсонце“ за книгата „Кој ги краде соништата“

Објавено пред

Од

Традиционаланата награда „Струшко изгрејсонце“, која се доделува за книга за деца и млади од македонски автор, годинава ја доби писателката Билјана Станковска за книгата „Кој ги краде соништата“, во издание на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје.

„Кој ги краде соништата“ е продолжение на романот „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ и е инспирирана од динамиката на современото живеење кога компјутерите и севкупната електроника полека ни ги потиснуваат фантазијата и желбата за креативно изразување.

Романот е исклучителна приказна што ја поттикнува имагинацијата, но и нè води по работ на опасностите и предизвиците на современиот живот, што неминовно дава можности за многу сознанија, но може и да ни го одземе основното – сонот и желбите.

Затоа, не станува збор само за приказна преплетена само со фантазија, ниту за бурлескни авантури, ова е книга со имплементирана порака за целото семејство.

Билјана Станковска (1951) автор е на делата: „Кој ги краде соништата“ (роман за деца), 2016; „Кога ветровите стивнуваат“ (роман), 2015; „Сега сè е поинаку“ (збирка раскази), 2014; „Вистинска приказна за исчезнувањето на приказните“ (роман за деца), 2011; „Реставрација на светлината“ (поезија), 2009; „Замисли желба“ (роман), 2008; „Мед и ѕвезди“ (драмска трилогија), 2006; „Лето значајно како изгрев“ (роман за деца), 2002; „Разговорливи ветрови“ (роман), 2001; „Сказни и сторенија за поколенија“ (поезија за деца), 1999; „Светлиот пат“ (поезија), 1996; „Миг за пресоздавање“ (поезија), 1995; „Заробен сон“ (раскази), 1993; „Светлооко небо“ (поезија за деца), 1990; „Ограничен простор“ (поезија), 1983.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година.

Наградата „Струшко изгрејсонце“ ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Досегашни добитници на наградата се писателите: Киро Донев, Панде Манојлов, Петко Шипинкаровски, Добре Тодоровски, Трајче Кацаров, Васил Тоциновски и Ели Маказлиева.

Веле Митаноски

Прикажи повеќе...

Книги

Преведен романот „Бележникот на татко ми“ од Кадер Абдолах

Објавено пред

Од

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави објавувањето на романот „Бележникот на татко ми“ од најтиражниот писател од Холандија – Кадер Абдолах. Станува збор за историски роман кој преку религиско-љубовни алузии ни ја доловува Персија од бајките. Преводот на македонски е на Елизабета Божиноска.

Кога бил дете, глувонемиот Ага Акбар, непризнат син на персиски благородник, отпатувал со вујко си до една света планина во длабочините на Персија, која криела мистериозна пештера. Во неа се наоѓал релјеф издлабен со клинесто писмо, стар три илјади години, од времето на првиот персиски крал. За да се ослободи од она што го чувствувал, малиот Ага Акбар создал сопствено писмо од овие симболи со кое страсно пишувал за својот живот, за своето семејство, за емоциите и за општествените промени што се случувале во неговата земја. Создал личен дневник што само тој можел да го разбере.

Години подоцна неговиот син Ишмаел живее како политички дисидент во егзил. Обидувајќи се да го дешифрира наследениот бележник, тој ги раскажува не само татковата судбина како селски поправач на килими туку и својата приказна на политички активист во судир со властите во земјата во која е роден, но и приказната на Иран од XX век. И ниту една од овие приказни не може некого да остави рамнодушен.

Воодушевувачки амбициозен роман за патувањето на една култура кон современието и чудесна и безвременска хроника за вечната љубов на синот кон таткото.

Книгата е објавена со поддршка на Холандскиот литературен фонд.

Кадер Абдолах (1954) е ирански писател што пишува и на холандски јазик. Неговото вистинско име е Хосеин Саџади Гемагами Фарахани. Тајно ја проучувал западната литература и го спознавал поимот за слободата. Како студент по физика во Техеран пишувал за еден нелегален весник и тајно објавил две збирки раскази под псевдонимот Кадер Абдолах. На холандската литературна сцена дебитирал во 1993 година. Делата на Абдолах се преведени на повеќе од 20 јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Доктор Глас“ од шведскиот писател Јалмар Седерберг

Објавено пред

Од

„Македоника литера“ од Скопје деновиве го објави романот „Доктор Глас“ од шведскиот писател Јалмар Седерберг, во превод од шведски јазик на Ивица Челиковиќ.

Во ова ремек-дело на шведскиот класик Седерберг главниот лик е 30-годишен доктор, кој се вљубува во млада и убава пациентка, омажена за стар корумпиран свештеник, кој постојано ја присилувал на сè помалку подносливи „брачни должности“.

Кога првпат била објавен (1905) романот предизвикал скандал поради храбриот опис на брачно малтретирање и силување, но и поради контроверзните оправдувања на абортусот, евтаназијата и убиството.

– Малку романи поттикнале толкаво гнасење како „Доктор Глас“ на Јалмар Седерберг. Дури толку доцна во 1980-тите години, пишува шведскиот академик Керстин Екман, бил нарекуван застојана книга во една литературна програма на културното радио. Младите медицинари кои во наше време, забележува Екман, го имале како споредно четиво во своите студии, сведочеле за својата неволност кон приказната за лекарот кој извршил убиство врз пациент. Кога романот бил објавен во 1905 година избувнала жестока полемика.

Во романот „Доктор Глас“ психолошкото преиспитување на главниот лик и неговите морални дилеми едновремено евоцираат онаков вид интроспекција што кај Достоевски е варирана и изведена во сета своја сложеност, а и некои нови тематски осврнувања што се создале со новиот, модерен стил на живеење, потребите, општествените движења, развојот на науката, и тоа пред сè медицината и психологијата.

„Доктор Глас“ е поставен врз многу противречности. Станува збор за лекар на новото време, кој живее во главниот град на Шведска, Стокхолм, но неговата докторска практика, како и животниот хоризонт се сведени на провинциски рамки. Иако има напредни и слободоумни погледи врз животот, закотвен е во еден стокхолмски дистрикт, па така своите напредни сфаќања не може да ги сподели со своите пациенти, познаници и пријатели што ги среќава во својот мал универзум на среќата. Амбивалентноста внатре во една личност е тема што Седерберг во овој роман доследно ја развива. Подвоеноста меѓу лекарските, етички принципи, што во професионалната и човечката смисла го определуваат, и ограничуваат, и исто така медицинските, но не и етички, туку биолошки начела што ги запознал, го претвора докторот Глас во мошне растроен, колеблив, модерен човек – фрлен во егзистенцијална опстановка на самата граница. Граница што не е за преминување.
Јалмар Седерберг (1869-1941) се смета за еден од најдобрите шведски прозни стилисти на својата епоха, мајстор на малата прозна форма. Романот „Доктор Глас“, покрај „Сериозната игра“ (1912), е негово најценето дело. Освен романи, пишувал и песни, новели, козерии и драмски текстови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инсулинот во Македонија е со уреден рок на употреба, велат од Министерството за здравство

Инсулинот во Република Македонија, без исклучок, е со уреден рок на употреба, уверува Министерството за здравство откако во јавноста се...

Македонија3 часа

„Врти им на Војче и на Љубинка од антикорупциска да отворат предмет за Б.Ц.“, бара Јанкулоска од Котевски

Во разговор од 2011 година ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на експомошник-министерот во МВР, Иво Котевски, му дава нарачки...

Македонија5 часа

Заев се сретна со членовите на ДИК: Должни сме сите професионално да си ја завршиме работата

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК,...

Европа5 часа

Меркел-Марковиќ: Германија и Црна Гора се согласни да нема промена на границите на Балканот

Црна Гора и Германија се согласиле да нема промени во границите на Балканот, ова била главната порака по средбата меѓу...

Свет7 часа

(Фото) Багери ги расчистуваат урнатините од надвозникот во Џенова, потрагата по исчезнатите и натаму е во тек

Багери почнаа да ги расчистуваат урнатините од надвозникот во италијанскиот град Џенова. И три ден по несреќата, потрагата по лицата што...

Македонија7 часа

„Копиле скапано“, вели Протоѓер за адвокатот на Мијалков, Шврговски

Во една од бомбите што беше пуштена во судницата, Мартин Протоѓер на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ѝ вели...

Македонија8 часа

ДИК ќе ги разгледува трошоците за референдумот

Повеќе точки поврзани со референдумот се на дневен ред на четвртата седница што ќе ја одржи денеска Државната изборна комисија...

Топ8 часа

Запален автомобил на адвокат од Охрид

Ноќеска по полноќ бил запален автомобилот на адвокатот Мишел Наумоски од Охрид. Тој за „Макфакс“ вели дека бил паркиран на...

Дијаспора8 часа

Министерот за дијаспора од Ростуше ги повика печалбарите да гласаат на референдумот

Министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, во рамките на печалбарската средба што се одржа во Ростуше, нагласи дека големиот број печалбари...

Свет9 часа

Американскиот Сенат донесе резолуција: Медиумите не се непријатели на народот

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се потврдува дека медиумите не се непријатели на народот. Резолуцијата што ја предложи...

Регион9 часа

Вучиќ: Србија има три цели на Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека главните цели на Белград на Косово се зачувување на мирот и стабилноста, заштитата на...

Македонија1 ден

(Видео) Шестчлено семејство моли за помош, откако гром им ја изгоре куќата

Пожар предизвикан од гром, во вторникот, без дом остави шестчлено семејство од скопското село Нова Брезница. Божин Вељановски, татко на...

Мартин Протогер, СЈО Мартин Протогер, СЈО
Македонија1 ден

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето...

Италија, Џенова Италија, Џенова
Европа1 ден

Дваесет луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во Џенова

Главниот обвинител во Џенова, Франческо Коци, изјави дека 20 луѓе уште се водат како исчезнати по уривањето на мостот во...

Македонија1 ден

Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски

Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за...

Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО Гордана Јанкулоска, Титаник, СЈО
Македонија1 ден

По еден час пауза во судењето за „Титаник“ поради мајчинските обврски на Јанкулоска

Судијата Осман Шабани, кој е судечки судија во предметот „Титаник“, пред паузата за судењето ги извести обвинетите и нивните адвокати...

Македонија1 ден

(Видео) Ефремов: Полицајците 10 години немаат нови униформи

Претседателот на синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата, Мартин Ефремов, на денешната прес-конференција пред Министерството за внатрешни работи информира...

Топ1 ден

Дваесетгодишно момче почина во сообраќајна несреќа, излетало од патот и удрило во столб

Дваесетгодишно лице со иницијали М.А. почина по сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово-село Липково. Тој управувал патничко возило „форд фокус“ со кумановски...

Економија1 ден

Катар финансиски ќе ѝ помогне на Турција за излез од кризата

Катарскиот шеик, Тамим бин Хамад ал-Тани, денеска за време на средбата со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вети дека Катар...

Свет1 ден

Путин подготвен за средба со Ким Џонг-ун

Рускиот претседател, Владимир Путин, е подготвен да се состане со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а руските медиуми и...

Досие