Контакт

Актуелно

Утврдена програмата за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија

Објавено пред

Информацијата за склучување програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2018-2021 година беше усвоена од Владата на Република Македонија на денешната 82. седница.

Како што соопшти владината прес-служба, министерот за култура, Асаф Адеми, е овластен да ја потпише оваа програма.

 

 

Актуелно

Проекција на филмовите на Киро Урдин во рамки на изложбата „Духовите на Африка“

Објавено пред

Проекција на филмовите „Догона“ и „Оган и вода“ на Киро Урдин, во рамки на изложбата „Духовите на Африка“, ќе се одржи во кино-салата на Музеј на Македонија утре, 12 декември, во 20 часот. Филмовите на Киро Урдин се директно поврзани со Африка, каде што престојуваше додека ги снимаше, особено меѓу народот Догон во Мали.

На проекцијата ќе присуствува целата екипа што ги изработи филмовите, режисерот Киро Урдин, снимателот Владимир Петровски-Картер, композиторите Венко и Васко Серафимови, а модератор на настанот ќе биде Влатко Галевски, филмски критичар. По проекцијата ќе се одржи едно од последните групни водења низ изложбата „Духовите на Африка“.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Во Музејот на Македонија изложба за наследството на малцинските етнички заедници

Објавено пред

Министерот за култура, Асаф Адеми, министерот за дијаспора, Едмонд Адеми, и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, на 11 декември со почеток во 19 часот, во Музејот на Македонија ќе ја отворат изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“.

Како што информираат од Музејот на Македонија, станува збор за првата изложба во овој музеј што го претставува интегрално културното наследство на етничките заедници на Албанците, Турците, Ромите и Власите.

Оттаму додаваат дека музејот располага со богати музејски збирки поврзани со овие заедници, кои биле од витално значење за истражувањето на нивниот фолклор и традиција.

На изложбата ќе бидат прикажани предмети кои се дел од народни носии и накит, како и предмети за домаќинство направени од дрво, текстил, метал и грнчарија. Секој од презентираните експонати, кои датираат од 19 до средина на 20 век, во себе ја носи колективната историска и емоционална меморија на овие заедници.

„Овие етнички заедници со векови живеат на исто тло и потребата и нужноста за нивна непосредна секојдневна комуникација е сосема природна. Како резултат на тоа, материјално и духовно културно наследство на овие енички заедници било во постојан допир и меѓусебно влијание, но, сепак, тие успеале да создадат автохтони културни вредности, зачувувајќи ја на тој начин својата посебност и индивидуалност, односно својот идентитет“, велат од Музејот на Македонија во најавата за изложбата.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Објавено пред

Утринава, на 81-годишна возраст, почина режисерот и драмски писател Љубиша Гоергиевски, објави на „Фејсбук“ поранешниот директор на Драмски театар, Роберт Вељановски.

„Утринава Македонија се збогува со еден од најголемите нејзини синови! На 81 годишна возраст, почина најголемиот македонски театарски режисер, еден од најголемите умови што се родиле под македонското сонце, професорот Љубиша Георгиевски!!! Утринава почина мојот театарски татко!!! Бог да те прости професоре и да ти подари царство небесно!!!“, напиша тој на „Фејсбук“.

Љубиша Георгиевски беше роден во Битола. Тој беше театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како политичар, беше претседателски кандидат во 1994, амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието на Република Македонија (2006-2008).

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски37 минути

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток1 час

Села: Претседателите на партиите кои не присуствуваа на 27 април се најверојатно и организаторите

,,Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток3 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток5 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија6 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија6 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток7 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија7 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија8 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа9 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет10 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија11 час

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа21 час

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ1 ден

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток1 ден

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Досие