Контакт

Книги

Утре почнува Саемот на книга

Објавено пред

Од утре до 14 септември ќе се одржи Саемот за книга, непосредно до Аква паркот (А1 Арена – СЦ Борис Трајковски). При влез на саемот потребно е посетителите да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан Ковид-19 за сите лица над 18 години.

Билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн  електронскиот систем www.karti.com.mk или на билетарниците пред саемот. За најбројната публика, млади лица до 18 години, билетот чини 20 денари.

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10:00-21:00 часот, на 12 и 13 септември од 10:00-20:00 часот, а на 14 септември од 10:00-17:00 часот.

Во рамките на Саемот на книга 2021, покрај изложбено-продажниот дел се организираат и промотивни активности, при што ќе се одржат вкупно 33 промоции на нови дела и автори.

На саемот ќе учествуваат над 60 издавачки куќи кои најавија претставување на своите најнови изданија, кои покрај промоциите, најавуваат и големи саемски попусти до 70%.

Саемот на книга е организиран во соработка со македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

 

Книги

Саемот на книгата со 15.000 посетители

Објавено пред

Саемот на книгата вторпат успешно се реализира на отворен простор во комплексот на „А1 арената – СЦ Борис Трајковски“.

Издавачките куќи присутни на годинешниот Саем на книгата изразија задоволство од концепциската поставеност, континуитетот на саемот и безбедните услови за негово непречено одржување.

Интересот за читање на сите видови литература е во постојан подем во последните неколку години што ја покажува и бројката на посетители што и во овие пандемиски услови достигна 15.000.

На саемот се претставија над 60 изложувачи, се организираа многубројни промоции на нови изданија и автори во промотивниот центар и на штандовите на издавачите. За време на Саемот на книгата се доделија и наградите од Македонската асоцијација на издавачите (МАИ), како и наградите од Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).

Дополнителен мотив за организирање ваков настан е податокот дека домашните автори доаѓаат до израз и радува фактот што младата популација и оваа година зазема значителен дел од вкупната бројка на посетители на саемот.

Саемот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Книги

Книга за арс-поетичките компонентни во творештвото на Блаже Конески

Објавено пред

„Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ е насловот на книгата студии од литературниот критичар, есеист и книжевен научник д-р Веле Смилевски. Книгата се појави во рамките на едицијата „Книжевни истражувања“ на издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје, со рецензија на д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Во првиот дел од книгата Смилевски се задржува на значењето на делото на Блаже Конески (1921 – 1993) во развојните процеси на современата македонска литература.

„Со својот богат опус, како поет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист и преведувач, Конески остави длабоки траги во повоениот развој на македонската литература, како и во областа на науката за книжевноста и лингвистиката. Без сомнение, тој е најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век“, истакнува Смилевски.

Во наредните поглавја од книгата акцентот е ставен на поетското и есеистичкото творештво на Блаже Конески, при што предмет на истражување и толкување се изворната и посредната улога на арс-поетичките компоненти, феноменот на авторскиот коментар во песните, творештвото како естетички остварена идеја, правото на добрите мајстори и принципите на одбрана на поезијата.

Во посебен оддел објавен е избор од поезијата на Блаже Конески со наслов „Читач“, со песни што се огледни на темите за кои пишува Смилевски.

Книгата „Арс-поетичките компоненти во творештвото на Блаже Конески“ од Веле Смилевски се појави во рамките на програмата на Министерството за култура, со која 2021 е прогласена за година на Блаже Конески по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Прикажи повеќе...

Книги

Братислав Ташковски добитник на наградата „Антево перо“ за 2021

Објавено пред

На својот последен состанок жирито за доделување на наградата „Антево перо“ и другите награди поврзани со Меѓународната поетскo-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, во состав проф. д-р Венко Андоновски (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), уште еднаш ги разгледа и ги дискутира поетските книги што беа претходно селектирани како кандидати за годинешната награда „Антево перо“: „Ѕвезден часовник“ на Димитар Арнаудов, „Небесни разговори“ на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои“ на Елизабета Баковска, „Опит“ на Сузана Мицева, „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ и „Светец“ на Ирена Павлова де Одорико.

По дискусијата, Комисијата донесе едногласна наградата „Антево перо“ за 2021 година да ѝ се додели на книгата „Небесни разговори“ од Братислав Ташковски.

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата „Антев златник“ за 2021 година им е доделен на: Елизабета Баковска за збирката поезија „Сите болки станаа мои“ и на Димитар Аранаудов за книгата „Ѕвезден часовник“.

Наградата „Антев часовник“, симболично наречена така за оние чие златно поетско време допрва доаѓа, ја доби младата Марија Филипова за книгата „Твоите далги на брегот на Стикс“.

Почесното „Антево перо“, познато како награда „Антева златна книга“, за долгогодишни книжевни остварувања од интерес на македонската книжевност, култура и идентитет, за 2021 година, да му се додели на книжевниот великан Влада Урошевиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет45 минути

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија1 час

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 часа

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет5 часа

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ7 часа

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет9 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија21 час

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија1 ден

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија1 ден

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија1 ден

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија1 ден

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија1 ден

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија1 ден

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија1 ден

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Досие