Контакт

Култура

Учениците од средното музичко и балетско училиште на фестивал на млади музичари од Медитеранот

Објавено пред

Во Државниот музичко-балетски училиштен центар ,,Илија Николовски – Луј” не постои зборот распуст. За разлика од најголемиот број училишта, кои се испразнети, а наставниците се посветени на обврските по завршувањето на наставната година, тоа не е случај со ова училиште. Неуморно секој ден голем број ученици работат со своите наставници и се подготвуваат за нивните настапи.

Пред само две недели, во периодот од 20 до 24 јуни, на покана на CREART, 23 ученици и наставници од Насоката за традиционална музика и игра гостуваа на Интернационален фолклорен фестивал ,,Традицијата и музиката на Букурешт” . Учениците се претставија на високопрофесионални сцени и беа дел од интернационалното дефилирање низ централниот дел на Букурешт, заедно со фолклорни ансамбли од Кина, Србија, Украина, Црна Гора, Словачка и Романија.

А веќе денес нова група од 10 ученици и наставници заминаа во Италија, каде заедно со нашите ученици учествуваат и ученици од Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Словенија, Црна Гора, Грција, Шпанија, Романија и Италија. Станува збор за Фестивал на млади музичари од Медитеранот, проект за соработка меѓу музичките училишта од Источна и Западна Европа кој има за цел да ги надмине меѓусебните разлики и да развива и поттикнува вистински вредности преку заедничко музицирање.

Проектот кој беше регионален и започна со бесплатен семинар и концерти во Призрен, прерасна во голем меѓународен проект. Секоја година неколку ученици заминуваа во Призрен, а потоа неколку од нив беа одбирани да настапат со оркестарот кој работи и одржува концерти во неколку градови во Италија. ДМБУЦ ,,Илија Николовски -Луј” веќе неколку години е партнер-училиште со организацијата Ipsia, Forli-Cezena, Италија, претставувано од Тереза Инделикати, кои се организатори на мастеркласи и концерти за ученици од музичките училишта од Балканскиот Регион. По повеќе години меѓусебна успешна соработка Wunderkammer orkestra,претставувано од Стефано Готи од Песаро, Италија, во соработка со организаторите на проектот Musica: a bridge among people, Forli-Cezena, поканети беа двајца ученици од нашето училиште, Дани Жоговска -пијано и Даниел Мојсоски – виолина, да одржат концерт во прекрасно уредениот простор за концерти во катедралата Сент Анунсиа во Песаро, Италија. На концертот присуствуваше многубројна публика, како и претставници од општина Песаро. Даниел имаше чест концертот да го изведе на виолина стара стотини години, со голема уметничка и парична вредност. Дани и Даниел од организаторите добија паричен износ во вид на стипендија за поддршка на нивното понатамошно образование. Концертот се одржа на 9.12.2018 година, ни изјави одговорниот наставник од училиштето за овој проект, Николина Тодоровска.

„Посебно ме израдува поканата во декември 2018 година, која ја добија двајцата наши ученици, Дани Жоговска на пијано и Даниел Мојсоски на виолина, да одржат концерт во Италија. Сон на секој ученик и музичар е да има можност за рецитал во некој концертен простор. Концертот помина одлично, публиката воодушевена, а местата во салата исполнети до последно место. Затоа, и понатаму ќе се вложувам максимално за најдобрите ученици да бидат видени на големите сцени во европски градови, а не да останат во своите училници и да настапуваат само пред своите најблиски пријатели и роднини. Навистина е за гордеење да се биде директор на вакви ученици”, вели директорот Јован Бицевски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Скопско лето: Концерт на виолончело и пијано во Даут-пашиниот амам

Објавено пред

Вечерва, со почеток во 20.30 часот, ќе се одржи концерт на Гал Фаганел – виолончело (Словенија/САД) и Маја Божиновска – пијано (Македонија).

Концертот ќе се случува во Националната галерија на Северна Македонија – Даут-пашиниот амам, а влезот е слободен.

Гал Фаганел е реномиран изведувач, наставник, ментор и артист. Медиумите го имаат возвишено за неговата извонредно чувствителна интерпретација, неговиот моќен и прекрасен тон и неговата брилијантна виртуозност и младешка енергија. Како изведувач Фаганел честопати учествува во рецитали, на концерти на камерна музика и како солист со оркестар низ Северна Америка и Европа. Победник е на многубројни натпревари, вклучувајќи ги интернационалниот натпревар по виолончело „Антонио Јанигаро“ во Хрватска, натпреварот на Асоцијацијата на американски наставници по гудачки инструмент во Калифорнија и Словенскиот национален натпревар како солист и во трио-пијано. Од 2006 година Фаганел има истражувано, настапувано и снимано музика за виолончело од словенски композитори. Исто така, има направено повеќе архивски снимки, а учествувал и во емисии во живо на Националното радио Словенија, Радио Холандија, Класика KUSC во Лос Анџелес, KBAQ во Финекс и во Колорадо на радиото Public. Има докторирано на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Во неговите ментори спаѓаат Елеонор Скоенфелд, Натаниел Росен, Даниел Ротмулер, Петер Марш и Добрила Берковиќ-Магдалениќ. Фаганел со задоволство подучува виолончело и предава камерна музика како професор на Универзитетот во Северен Колорадо. Пред неговото академско место тој беше дел од „Симфонијата Финекс“ како прво виолончело. Фаганел редовно води мастер-часови и подучувана летни музички програми во САД и низ Европа.

Пијанистката Маја Божиновска (1993) е родена во Битола, каде што го завршува основното и средното музичко училиште. Во 2015 година таа дипломирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, а во 2017 магистрира под менторство на светски познатата Лилја Зилберштајн (Русија/Австрија).
Во текот на своето образование редовно настапува на повеќе значајни концерти на вокално-инструменталните оддели во склоп на Факултетот за музичка уметност – Musica Viva, свечени концерти по повод одбележување на јубилеите на Фредерик Шопен (2010), Клод Дебиси, Франц Лист (2011) и Гоце Коларовски (2014). Се јавува и како уметнички соработник на класите по соло пеење и член на Симфонискиот и Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Учествува и на разни културни манифестаци и фестивали, како: Шопенова вечер (2005-2011) – Битола, Есенски музички свечености – Скопје (2011-2014), Златна лира – Скопје(2012), Битфест – Битола(2013,2014,2017), Денови на македонската музика – Скопје (2012-2014), каде што, покрај соло настапите, изведува македонска музика и во разни состави. За време на своето образование редовно одржува концерти и рецитали. Во текот на изминатиот период настапува во повеќе земји: Србија, Косово, Франција, Италија, Австрија, како и низ Македонија.

Била учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво каде што остварува високи резултати. Добитник е на повеќе награди (Охридски бисери, Montrond les Bains, Davorin Jenko и др.). Во текот на своето усовршување зема учество на семинари кај светски познати пијанисти: Елена Дикова (Бугарија), Роберт Лербаумер (Австрија), Ендре Хегедус (Унгарија), Луле Елези (Косово), Јаромир Клепач (Чешка), Алексеј Володин (Русија), Лилја Зилберштајн (Русија).
Остварува соработка со голем број уметници, со коиуспешно соработува на многу манифестации и на разни фестивали низ Македонија. Значајна е да се спомне и турнејата низ Македонија, каде што концертира со пијанистката Мимоза Ќека во дуо-пијано. Концертира и со голем број соло пејачи, меѓу кои и Злата Тошевска, Марко Димовски, Никола Зацески и многу други. Од 2017 година е член и на Камерниот оркестар на Битола. Се јавува и како уметнички соработник на меѓународниот натпревар „Охридски бисери“ во Охрид.
Во април 2015 година била учесник на интернационалниот натпревар на млади пијанисти Festival international de piano „Jeunes Talents во Монтронд-ле-Бен, Франција, каде што остварува значајни резултати и котира на високо место меѓу учесниците.

Во јули 2015 година таа е избрана како активен студент да учествува на мастер-класите по пијано раководени од пијанистката Лилја Зилберштајн во реномираната Academia musicale Chigiana во Сиена, Италија, каде што забележува и свој настап на летниот музички фестивал Chigiana International music festival- Il ClassicoInatteso – Siena. Нивната соработка продолжува и на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена под чие менторство запишува и магистерски студии, кои ги заокружува во 2017 година.

На нејзиниот репертоар се наоѓаат дела од разни епохи и композитори: Бах, Бетовен, Шопен, Брамс, Лист, Дебиси и многу други, како и дела на композитори од македонското творештво: Г. Коларовски, Ж. Глишиќ, И. Илиевски, Т. Скаловски, Т. Прокопиев. Од 2015 година работи како професор во Државното музичко училиште во Битола, каде што остварува значајни резултати со своите ученици.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Министерот Исмаили разговараше со рускиот амбасадор за културната соработка меѓу двете земји

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, во својот кабинет оствари средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Како што информираат од кабинетот на министерот Исмаили, тој и амбасадорот Баздникин ја подвлекле досегашната одлична соработка во делот на културата меѓу двете земји, која досега резултирала со реализација на повеќе квалитетни содржини.

„Беше истакната и традиционалната соработка во сферата на литературата и издавачката дејност, како и соработката во театарската дејност. Во тој контекст, министерот Исмаили информираше дека до крајот на годинава е предвидена и реализација на манифестацијата ‘Денови на македонската култура во Руската Федерација’, додека, пак, Олга Панкина во Москва ќе го реализира проектот ‘Читај ја Македонија’“, се наведува во соопштението за средбата.

Освен на билатерален план, Северна Македонија и Русија имаа соработка и на мултилатерален план – во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, преку која се реализираат заеднички проекти и активности со кои се зачувуваат културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки.

Прикажи повеќе...

Култура

Сер Пол Мекартни работи на мјузиклот „Животот е прекрасен“

Објавено пред

Во својата кариера сер Пол Мекартни има напишано голем број филмови, збирки поезија, книги за деца и над 100 хит-песни.

Сега, на возраст од 77 години, тој стои пред нов предизвик. Неговиот прв театарски мјузикл.

Рокенрол-легендата работи на адаптацијата на филмот „Животот е прекрасен“ од Френк Капра.

Сер Пол, кој имал само четири години кога филмот првпат бил емитуван во 1946, вели дека тој раскажува една универзална приказна, која сите нè поврзува.

Според продуцентот Бил Кенрајт, премиерата на мјузиклот се очекува на крајот на 2020.

Ли Хол, кој работи со сер Пол на стиховите, вели дека ова е неговиот омилен филм.

„’Животот е прекрасен’ ми е омилен филм. Има сè што треба – комедија, патетика, хуманост, нешто што допира до сите генерации“, вели Хол.

„Огромна привилегија е да се постави како театарска претстава, но да се работи со сер Пол Мекартни – тоа е нешто што не се опишува“, додава Хол.

„Емоцијата, искреноста и мелодичната брилијантност на Пол ѝ даваат поинаква длабочина на оваа класична приказна. Се чувствувам како некој ангел да ме чува“, вели Хол.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет1 час

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт2 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија12 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет13 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет15 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ17 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион19 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија20 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија23 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет23 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија24 часа

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа24 часа

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа2 дена

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Досие