Контакт

Култура

Уште две кинопроекции на отворено во Градскиот парк

Објавено пред

Во рамките на септемвриското издание на концептот „Градски летен парк“ се вклучува и фестивалот на европски филм „Синедејс“, во организација на Младинскиот културен центар. Како најава за неговото 17. издание МКЦ повторно организира бесплатни филмски вечери преку кино на отворено.

Убавата приказна што почна во јуни со „Исцелител“ и Avec l’amour, ќе продолжи в четврток (13 септември) со проекција на еден од најпознатите филмови од режисерот Вуди Ален – „Ирационален човек“.

Следната вечер, петок (14 септември), на големото платно во Градскиот парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ од италијанскиот режисер Паоло Сорентино.

Двете бесплатни филмски вечери (четврток и петок) започнуваат во 20 часот во Градскиот парк – Школка.

Култура

Оперската претстава „Тоска“ во МОБ

Објавено пред

Оперската претстава „Тоска“ на Џакомо Пучини ќе биде изведена в петок, 18 јануари, со почеток во 20 часот во Македонската опера и балет.

„Тоска“ е приказна за трагичната љубов на Флорија Тоска и сликарот Каварадоси, прекината од еден озлогласен шеф на полицијата (Скарпија) во Рим во периодот на движењето за обединување на Италија.

Главните улоги ќе ги толкуваат Весна Ѓиновска-Илкова, Калин Братеску (Романија), Борис Трајанов.

Во другите улоги настапуваат Ернес Ибраимовски, Драган Ампов, Никола Стојчески, Диме Петров, Димитар Кожухаров, Александра Лазаровска-Василевски.

Настапуваат Оркестарот и Хорот на Македонската опера и балет под диригентската палка на гостинот од Бугарија, Иван Кожухаров, кој во оперскиот свет е познат како исклучителен професионалец. Во Бугарија работи како главен диригент и уметнички раководител на операта во Бургас. Работи како диригент во Државната опера во Измир – Турција, гостин диригент во Филхармонијата во Санкт Петербург.

Режисер: Огњан Драганов (Бугарија), Сценограф: Зоран Николовски, Костимограф: Марија Пупучевска.

Прикажи повеќе...

Култура

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

Објавено пред

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор на Националната стратегија за култура, Златко Теодосиевски. Оваа кадровска политика, која ќе овозможи напредок во кариерата и повисоки плати за некои службеници, ќе го чини буџетот дополнителни 1.283.220 денари или нивните плати се зголемени во просек за 23,87 отсто.

Од Министерството за култура тврдат дека оваа постапка треба да им овозможи на службениците да напредуваат во кариерата и дека тие 10 години стагнирале. Евидентно е дека сите што на крајот од годината добиле решенија за унапредување на интерниот оглас на ресорното Министерство се етнички Албанци.

Не станува збор за етнизирање, велат од Министерството, а според нив, сите што добиле унапредување ги исполнуваат критериумите и не е правена поделба по никаква етничка основа.

„Како и што беше објавено, во Министерството за култура во изминатиот период беа потпишани 20 решенија за унапредување на веќе вработени административни службеници, кои тука работеле повеќе од десет години и кои досега намале никакво кариерно унапредување и покрај стекнатото искуство и вложениот труд за нивното долгогодишно работење.
Нагласуваме дека постапката за унапредување ја почнуваат раководните лица на државните службеници во Министерството за култура во согласност со член 48, став 3 од Законот за административните службеници, со објавување интерен оглас на веб-страниците на Министерството за култура и на Агенцијата за администрација. Право на пријавување има секој административен службеник во Министерството кој ги исполнува условите наведени во интерниот оглас според работни места“, изјавија од Министерството за култура за „Макфакс“.

Од друга страна, пак, Теодосиевски без образложение на 3 јануари добил известување потпишано од министерот за култура, Асаф Адеми, дека неговите услуги не му се повеќе потребни на ова Министерство. Која е точната причина за оваа одлука на Адеми не е познато. Исто така, не е прецизно наведено за кои услуги станува збор бидејќи Теодосиевски беше ангажиран за повеќе активности во ова Министерство, а кои се однесуваа на креирање и оддржување на културната политика.

Од Министерството велат дека е тенденциозна забелешката оти се унапредувало по етничка основа.

„Јавноста памти дека ние од првиот ден кога стапнавме на чело на Министерството за култура, првата наша реченица беше ‘култура за сите’ во смисла дека ние нема да направиме никакви етнички, политички или други разлики во однос на услугите што ги добиваат нашите граѓани. Затоа и намерата да се дава етнички предзнак на секоја наша постапка ја сметаме за целосно тенденциозна. За нас, во Министерството за култура нема Македонци, Албанци, Турци, Власи или други. Тие сите за нас се вработени, административни службеници на Министерството. Ние не водиме други евиденции“, е ставот на Министерството.

На својот блог Теодосиевски ја објави книгата Laissez faire, во која, меѓу другото, пишува за стандардите во културата што зависат од политичката волја и предупредува на очигледните факти што укажуваат дека во културата се води погрешна и штетна политика.

„Да, јасно е дека (и) стандардите зависат од политичката волја, како и сè друго во оваа држава. Ама ако говориме за влез во Европската Унија, па за компатибилност со нејзините системи, дури и во културата, нели е неопходно некакво усогласување?
Понатаму, како што вели проф. Малески, ако повеќето македонски закони го носат европското знаменце, а оваа држава е на ова дереџе, нели имаме сериозен проблем што вообичаено се нарекува – човечки материјал? Ама и тука, повторно, имаме проблем. Зашто, ако тој шкарт човечки материјал вообичаено го врзува(в)ме за злосторничкото здружение што ја зароби државата и ја киднапира културата, зошто тогаш и денес слушаме приказни – веродостојни, патем за актуелни дивеења на истиот шкарт човечки материјал во културата, за (дури) малтретирање и изживување врз новите (в.д.) директори во културата поставени од оваа власт? И навистина ли ништо не може да се направи во таа насока? И, понатаму, за што кука оној несреќен СОНК, кој цела деценија дуваше во иста тиква со злосторничкото здружение, а сега наоѓа забелешки што токму нивниот расиплив човечки материјал мора да се замени со нов? Што правеше нивното среброљубно раководство додека во Македонија толку години во културата, образованието и во науката се спроведуваше негативна професионална селекција?“, пишува Теодосиевски.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

Објавено пред

Изложбата Celebrate Life/Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 18 јануари 2019 година во галеријата „Акантус“ во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина. Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година, a проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

Што е Celebrate Life:

Celebrate Life е создаден во 2011 година како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници. Покрај практичниот аспект, платформата има
и филозофија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. Стилски различни, но оптимистични, парчињата од концептот Celebrate Life имаа за цел од првата продукција на маици, дел од средствата собрани од продажбата да бидат наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош. Секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството, а тие секогаш се претставени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.

Горан Костовски – ind.o.g е арт директор, дизајнер и видео уметник роден 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни
и групни презентации, како и видео перформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Амстердам, Берлин, Цеље. Во 2016 година ја реализираше изложбата Емигрирани во слобода дел од Културните приказни на Европската комисија во Скопје. Во 2010 година беше одговорен за визуелизациите на гала-отворањето на јубилејното 50 издание на фестивалот „Охридско лето“. Во 2007 година во галеријата „Точка“, во рамки на фестивалот за урбани уметности „Kонструктор“, ја имаше изложбата на графички дизајни и видео-арт насловена Human Communication. Ind.o.g живее и работи во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николовски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Регион1 час

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Плешевица, се сериозно повредени,...

Македонија1 час

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион2 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести2 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија2 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет3 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет3 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет4 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет5 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет15 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион15 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион16 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет17 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања20 часа

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура21 час

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија22 часа

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија22 часа

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести23 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Досие