Контакт

Книги

„Фауст го трча плебејскиот круг“ од Стефан Марковски објавена на англиски јазик

Објавено пред

Збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle) од Стефан Марковски деновиве беше објавена на англиски јазик на сајтот Амазон, каде што е достапна во „Киндл“ и печатена верзија во тврдо и меко издание.

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други.

На македонски јазик книгата, која инкорпорира 6 приказни, како добитник на наградата „Книжевен круг за проза за 2020“ беше објавена минатата година во издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг.

Ова е четврта книга од Марковски на англиски јазик достапна на е-платформите за продажба на книги, по романите „Анатомија на бумбарот“ и „Еретички писма“, како и поетскиот избор „Ветена земја“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Прва книжарница на тркала – нов концепт на промовирање книжевни вредности

Објавено пред

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство објавува дека е побогата за уште една книжарница, но овој пат книжарница на тркала – сосема нов и иновативен концепт, кој ги подигна на друго ниво достапноста на книгите и културата на купување книги.

Новата подвижна книжарница на „Антолог“ официјално почнa со работа на 17 март на плоштадот Македонија, а потоа ќе ја менува својата локација низ целата држава доближувајќи ги сите најактуелни наслови и автори, дури и на најнеочекуваните места.

„Одамна размислувавме за можноста што повеќе да ги доближиме книгите до нашите читатели што секојдневно нè следат и нè поддржуваат, особено во оние места каде што, за жал, бројот на книжарниците и достапноста на книгите се на многу ниско ниво. Оваа нова и иновативна книжарница на тркала е следната приказна што ја испишуваме и на која особено се гордееме. Атрактивната книжарница ќе патува низ целата земја за да биде што поблиску до книгољупците, задржувајќи го сепак оригиналниот уметнички концепт по кој како бренд сме препознатливи. Покрај богатиот асортиман на домашна и преводна литература за сите возрасти, идејата е и да прерасне во атракција што ќе обединува книжевни настани, промоции, средби и гостувања на автори“, велат од „Антолог“ и додаваат: „На нашата интернет-страница, како и на нашите профили на друштвените мрежи, редовно ќе ги објавуваме програмата на книжарницата на тркала и локациите на кои таа може да се најде во моментот. Исто така, со оглед дека целта на оваа книжарница е да ги исполнува желбите на читателите – секојдневно ќе бидеме отворени за предлози на места што треба да ги посетиме следни“.

Во новата книжарница на тркала на „Антолог“ ќе бидат достапни огромен број наслови од поновата продукција на оваа издавачка куќа, а само во оваа книжарница ќе може да се набават и три најнови изданија, тукушто излезени од печатница: долгоочекуваната „Умешноста да ја креирате вашата реалност“ на Ана Бучевиќ, новата книга „Мечкоград“ од мегапопуларниот автор Фредрик Бакман, како и емотивниот роман „Измиен грев“ од Сара Омар.

Прикажи повеќе...

Книги

Иван Антоновски е добитник на наградата „Антево слово“

Објавено пред

Годишен лауреат на четвртиот меѓународен конкурс за поезија „Антево слово”, распишан од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia), во соработка со здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, е Иван Антоновски за неговата песна „Нека биде запишано“.

Жири-комисијата на „Антево слово“ 2020/2021 година – Сицилија, Италија, во состав: Геро Ла Векија, Митко Гогов, Драгана Евтимова, Александар Поповски и Жорж Поповски, по разгледување повеќе од 120 пристигнати дела, за првонаградената песна „Нека биде запишано“ во образложението ќе кажат:

„Познато е дека Анте Поповски како есеист многу често се занимавеше со археологијата на зборовите откривајки ги првите поетски објави кај нашите монаси во средновекоивието, тој се обидуваше да ги одгатне, дооформи и дешифрира празнините во тие први објави на поетското кај нас. Дали намерно или како коинциденција, сеедно, песната со која Иван Антоновски учествуваше на годишниот конкурс ‘Антево слово’, со наслов ‘Нека биде запишано’, се поклопува со таа пасија на Анте, односно со истражувањето на археологијата на зборот. Таквото истражување на епитафите и јазикот на предците, кој полека бледнее и му се губи трагата, ја симболизира нашата генеза, но истовремено и напуштањето на домашното огниште и исчезнувањето на традиционалните вредности.

Песната „Нека биде запишано“ на Иван Антоновски сe истакнува по неговиот оригинален пристап на толкување на веќе познатата и надалеку обработувана тема, автобиографскиот носечки столб. Автентична по епското препуштање во минатото/меморијата на народот, тој говори за една новоконструирана историја во која се проткајува духот на Анте, роднокрајниот амбиент, а паузите во текстот прават ентрописко пробивање, па книжевниот шум дополнително ја засилува емоцијата на присутност и на она што го имало, но веќе е исчезнато. Со прифатлив колоквијален говор тој ја доближува комуникацијата со предците, тежината на оттуѓувањето, на заминувањето, проникнува во сагата на нашиот народ и алармира за можната судбина. Тој е толкувач и предвесник во оваа песна, неговиот наратив кореспондира со актуелниот момент, асоцира на херојски акт, што сака да забележи универзален чин на посветеност. Колективната меморија на македонскиот народ е збогатена со антологиска песна која е своевиден темел на нашата борба за опстанок овде и во светот.

Наградените автори ќе бидат застапени во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“.

Прикажи повеќе...

Книги

„Некогаш ★ некаде” – книга со чувства во боја

Објавено пред

Деновиве во книжарниците на literatura.mk се појави книгата „Некогаш некаде” од авторот Зоран Спасов – Sоф (познат по романот „Тито – мојот претпоследен херој”).

Книгата има 336 страници во боја, не може да се вброи во ниту еден жанр, но токму тоа што има по малку од сè ја прави интересна. Едноставно и лесно ни доловува едно време изминато, но не и заборавено.

Најдобро може да се долови со цитати од предговорот и рецензиите.

„Не е енциклопедија. Можеби е само вовед во една епопеја, сведок на едно време, на едно место… Не е ни лексикон на заборавени изрази, изумрени чувства и исчезнати поими. Преполна е со емоции, хумор и незначителна доза на сарказам, иронија и цинизам“.

„Ова е бајка за едно време и едно место. Нешто што е напишано за да не го избришат душманите и џелатите на македонската историја. А во исто време, тоа нешто да не биде ништо поразлично од приказните за Јованче и Марика, Децата од Павловата улица, Дружината Братско стебло…“

„Ова е дел од антикварницата што многу генерации ја носат со себе. До крајот на животот. А и потоа…”

Овие страници се посветени на една македонска Атлантида што постоеше. „Некогаш ★ некаде“.

Цената на книгата изнесува 300 денари, а доколку ја купите заедно со „Тито – мојот претпоследен херој” истата ќе ве чини само 150 ден.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија7 часа

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија9 часа

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија10 часа

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија13 часа

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија14 часа

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа15 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија16 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ16 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа16 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет18 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија18 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет18 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион18 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа19 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет19 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион1 ден

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет1 ден

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ1 ден

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија1 ден

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Досие