Контакт

Култура

Фестивал на германски филмови за деца и млади во Кинотека

Објавено пред

Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Македонија по седми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Организаторите соопштија дека фестивалот ќе се одржи од 23 до 28 април 2018 во Кинотека на Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.

На програмата се наоѓаат пет играни филмови, што ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик.  Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада во Даут пашин амам

Објавено пред

Проектот од Годишната програма за 2018 година, Ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски Дада, НУ Национална галерија на Македонија ќе ја прикаже пред публиката на отворањето во среда, на 24 октомври. И оваа изложба е организирана во рамките на одбележувањето на Јубилејот посветен на 70 годишнината од основањето на нашата институција.

Драган Попоски Дада е доајен на македонската современа скулптура, даде силен белег и остави неизбришливи траги во развојот и афирмацијата на македонската современа ликовна уметност.

Изложбата ќе биде отворена во 19 часот, во изложбениот простор на Даут пашин амам. На отворањето ќе се обратат Министерот за култура, Асаф Адеми, Директорот на НУ Национална галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими, Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје, покровител на монографското издание.

Изложбата претставува одбележување на повеќедецениското творештво кое се издвојува со својот каракатеристичен авторски белег на нашиот еминентен скулптор Драган Попоски Дада. На изложбата ќе бидат презентирани дела (скулптури и цртежи) од сите фази од неговото творештво, кое започнува далечната 1964 год. Со оглед на неговото големо значење и силниот и препознатлив белег кој беше инспирација за многу нови генерации на ликовни автори, а земaјќи во предвид дека и веќе подолг временски период не е активно присутен на македонската ликовна сцена, и покрај парцијалните претставувања на неговите дела во последните 20-ина години, оваа ретроспективна изложба ќе преставува своевиден пресек на неговото творештво, укажувајќи на неговото исклучително значење за современата македонска ликовна уметност.

Изложбата која ќе биде отворена во атрактивниот објект – Даут пашин амам ќе содржи над стотина скулптури и цртежи од сите творечки периоди на значајниот македонски уметник Драган Попоски Дада.
Делата кои ќе бидат претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции (НУ Национална галерија на Македонија, НУ Музеј на современата уметност, НУ Музеј на Македонија, Центар за современа ликовна уметност – Прилеп, СОЗР при Влада на РМ и др.), како и на значаен број приватни сопственици. Куратори на проектот Маја Чанкуловска Михајловска и Маја Неделкоска Брзанова информираат дека изложбата ќе биде отворена до 24 следниот месец.

И оваа изложба, како сите претходни, ќе биде подржана од нашиот јубилеен придружник, Винарската визба Тиквеш.

Прикажи повеќе...

концерти

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца

Објавено пред

Виолинистката Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт за деца на 20 октомври, со почеток во 12 часот, во малата сала на Македонската филхармонија.

„Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ го најавуваат својот најнов проект посветен на децата и младите „Што е тоа… гудачки квартет“, чија цел е доближување на класичната музика до овој сегмент од населението. Првиот дел од проектот се однесува на гудачките инструменти и музичките состави коишто децата и младите, преку еден интерактивен и мултимедијален концерт, ќе можат да го видат/слушнат/осетат. Концертот ќе вклучува и сценски движења и мултимедијални елементи преку кои учесниците ќе ги однесе во светот на класичната музика и ќе ги запознае со музичките инструметни и начинот на музицирање на виолина, виола и виолончело. На концертот покрај Пламенка Трајковска ќе настапат Наташа Диденко, Љубица Бошкова и Маја Михајловска.

„Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ досега имале можност за реализираат повеќе концерти за деца во Скопје и во домовите за култура во Македонија. Од почетокот на годината „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ реализираа повеќе концерти за деца со наслов „Музика и танц за учениците“ во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, а сега го започнуваат новиот проект наменет за доближување на класичната музика до децата – „Што е тоа… гудачки квартет“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и од Македонската филхармонија.
Билетите за овој несекојдневен настан може да се купат на билетарницата на Македонската филхармонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Во тек се подготовките на претставата „Галеб“ во МНТ

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на претставата „Галеб“ по текст на Антон Павлович Чехов во режија на Нина Николиќ. Претставата е дел од годишната програма на националната установа Македонски народен театар за 2018 година.

Московската премиера на текстот „Галеб“ се случила пред точно 120 години и тоа е голем предизвик одново да се открие дека текстот и во денешни услови е актуелен и отвора теми што го допираат современиот човек бидејќи станува збор за љубовна приказна. Во историјата на Македонскиот народен театар текстот „Галеб“ е поставен двапати, во режија на Димитар Ќостаров во 1960 година и на Бранко Ставрев во 1990 година. Новата претстава во режија на Нина Николиќ ќе биде трето поставување на овој класичен текст на сцената на МНТ.

„Текстот содржи ситуации кои и денес ги живееме, како Чехов пред 120 години да го пишувал за 21 век. Пристапот што го имам во поставувањето на претставата е поинаков само во однос на брзината со која се одвиваат ситуациите“, открива режисерката Нина Николиќ.

Во подготовката на претставата се вклучени актер(к)ите: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Сашко Коцев, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски (к.г.), Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Благој Веселинов и Аксел Мехмет (к.г. од Турскиот театар).

Во сценското и визуелно обликување на претставата свој удел ќе имаат архитектката Вишња Вујовиќ од Белград, Србија, која работи на сценографијата, Ивана Каранфиловска-Угуровска ја подготвува костимографијата, дизајнот на светлото ќе биде на Крис Јегер, како гостин од Велика Британија, додека кореограф е Димитрис Сотириу.

Додека траат подготовките на претставата, дизајнерот на светло Крис Јегер, од 26 до 30 ноември, во МНТ ќе ги открие своите мајстории на работилницата со наслов „Вовед во дизајнот на светлото и креативната комуникација“, а повикот за учество на работилницата е отворен до 10 ноември. Повеќе информации може да се најдат на следниот линк. 

Планирано е премиерата на претставата „Галеб“ да се одржи кон средината на декември оваа година.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

(Видео) Протести во Лондон против брегзит, граѓаните бараат нов референдум

Во центарот на Лондон, денеска беше одржан протестен марш на кој имаше повеќе од сто илјади луѓе, кои се против...

Македонија2 часа

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија3 часа

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Регион4 часа

Турција: Нема да дозволиме затајување на резултатите од истрагата за Кашоги

Владејачката турска Партија на правдата и развојот (АКП) соопшти дека Анкара „никогаш не ќе дозволи затајување на резултатите од истрагата”...

Македонија5 часа

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија6 часа

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија11 час

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија11 час

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија11 час

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија13 часа

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија21 час

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Македонија22 часа

Левицата: Ништо не е готово, борбата продолжува!

По изгласувањето на уставните измени во Собранието, се огласи и Левицата. Од таму реагираат дека сите пратеници го изгубиле легитимитетот...

Македонија22 часа

Ципрас до Заев: Честитки пријателе, Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Денес напишавме историја што ќе ја раскажуваат идните генерации

Денес е историски ден, заедно напишавме историја, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата што ја одржа откако Собранието ја изгласа одлуката...

Македонија23 часа

Четворица обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставните измени

Собранието со 80 гласа „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон уставните измени. „За“ гласаа и обвинети пратеници од ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Јанушев: На пратеници им се нудеа милион евра да гласаат, тие одбија

ВМРО-ДПМНЕ избра борба против неодоговорната власт, рече вечерва генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев, на прес-конференција. Тој нагласи дека...

Македонија1 ден

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на...

Македонија1 ден

Груевски за 8 дена ќе добие покана да се јави во затвор

Пресудата за двегодишната затворска казна на експремиерот Никола Груевски од Апелација пристигна во кривичниот суд од каде ќе биде распределен...

Досие