Контакт

Култура

Филмот „Балкајмак“ ја отвора неделата на турски филмови во Скопје

Објавено пред

Со проекцијата на филмот „Балкајмак“, кој е снимен во Македонија, вечерва во новиот комплекс на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје, во 19 часот ќе биде отворена неделата на турски филм. По проекцијата, публиката ќе може да дебатира со дел од екипата на филмот. „Балкајмак“ ќе биде прикажан и следниот ден во киното „Милениум“ во 18 часот.

Во рамките на Неделата на турски филмови ќе бидат прикажани шест играни и два документарни филма. На проекциите ќе присуствуваат режисерите и актерите на самите филмови, а ќе биде организирана и кинематографска работилница на Турција – Северна Македонија, на која ќе се сретнат најзначајните имиња од областа на филмот на двете земји како можност за продлабочување на меѓусебната соработката оваа дејност.

Кинематографската работилница на Турција – Северна Македонија ќе се одржи утре и ќе учествуваат претставници од министерствата за култура на двете земји и познати имиња на филмската дејност од Турција и Северна Македонија.

Неделата на турски филм се организира со поддршка на Генералниот директоријат за кинематографија при Министерство за култура и туризам на Република Турција.

Филмската програмата ќе се одржува во киното „Милениум“ и комплексот на Меѓународниот балкански универзитет – Скопје, а во неколку термини ќе бидат прикажани играните филмови од најновата турска продукција „Каос“ (режисер-продуцент: Семир Асланјурек), „Ајдеде – патување кон месечината“ (режисер: Абдурахман Онер; продуцент: Арзу Шенсес Онер) „Хуркуш – херојот на небото“ (режисер: Кудрет Сабанџи), „Халеф“ (режисер: Мурат Дузгуноглу) и „Сите блаженства се возможни“ (продуцент: Зулфиќар Курум). По секоја проекција, публиката ќе има можност да дебатираат со самите режисери во врска со филмовите.

Двата документгарни филма се „Ѓобеклитепе “ на Огуз Макал и „Тамбурица“ на Сали Салији, исто така со можност за дебата по филмовите со гледачите и авторите.

Неделата на турски филмови свечено ќе биде затворена на 26 април со концертот на „Балканскиот симфониски оркестар на Универзитетот ‘Тракија’ од Турција“, кој ќе се одржи во комплексот на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Светската виолинистка Ванеса Меј ќе го отвори 59. „Охридско лето“

Објавено пред

Mега популарната виолинистка, светски славната Британка Ванеса Меј, на 12 јули во Античкиот театар во Охрид ќе го отвори 59. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Уметницата која го носи епитетот светско чудо ќе приреди спектакуларен почеток настапувајќи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокалните солисти од Македонската опера и балет и под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров.

Како што најави директорката на НУ Охридско лето, Наташа Поповиќ, на речиси два месеца пред отворањето на фестивалот, со посветена и професионална работа се завршени подготовките во делот на програмата за 59-тото издание.

„Со гордост можам да најавам дека нè очекува уште едно успешно ‘Охридско лето’, богата и квалитетна уметничка понуда со врвни уметници. Низ 40-те фестивалски денови љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат на фестивалската сцена каде што ќе се слави врвната уметност. Покрај светските уметници, почит и белег ќе дадеме и кон нашите македонски уметници, истакнати поединци и творци од областа на уметноста. Тука се и традиционалните вечери кои ги правиме во соработка со амбасадите. На сцената на Античкиот театар, во предворјето на црквата ‘Св. Софија’, во црквата ‘Св. Софија’, на Долни Сарај и во Центарот за култура ќе се одржат преку 40 културни настани“, најави Поповиќ.

Таа додаде дека посебно е задоволството што годинава оваа национална установа организира концерти преку целата година, што, според неа, претставува новина и нуди побогата и поквалитетна програма на фестивалот кој ги следи светските трендови, а истовремено ја продолжува и традицијата веќе 59 години.

Најавувајќи ги музичките настани на годинешното фестивалско издание, селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Васо Ристов, рече дека и годинава е предвидена квалитетна и атрактивна програма во текот на 40-те фестивалски денови.

„На претстојното издание на ‘Охридско лето’ ќе имаме учесници –уметници од Италија, Австрија, Русија, Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска и други земји. Би ги издвоил еден од најпознатите виолончелисти на светската сцена, Русинот Денис Шаповалов, неповторливата сопранистка Инва Мула од Албанија, која ќе настапи заедно со македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски и сопранот Дешира Крлиу, тука е пијано-дуото Гелебешеви, познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ, ансамблот Дорицо од Италија, гудачкиот квартет Асасело од Германија, како и камерниот оркестар од Државната филхармонија од Бријанск, Русија. Посебно уметничко доживување за публиката ќе приредат извонредните словенечки уметници, виолончелистот Клемен Хвала и кларинетистот Дарко Брлек. Годинава во обемната програма со врвни уметници на ‘Охридско лето’ ја има и албанската флејтистка Јонела Големи. Публиката ќе ужива и во звуците на пијаното што ќе ги приреди светски познатата уметница Виолета Егорова од Русија, а концерт на фестивалот ќе одржи и нејзиниот колега и сонародник, пијанистот Александер Гаџиев“, најави Ристов.

Музичката младина на Македонија и годинава, традиционално, ќе настапи на „Охридско лето“, а на фестивалската програма е и Македонската опера и балет со гала-оперски концерт под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во соработка со амбасадите, ќе бидат организирани и традиционалните вечери на Европската Унија, полска вечер, украинска вечер….

„Посебен предизвик e изборот на концертот што ќе се одржи на 4 август по повод роденденот на фестивалот ‘Охридско лето’. Оваа година на роденденскиот настан ги имаме уметниците Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, виртуози на своите инструменти. Затворањето на музичкиот дел на 19 август ќе биде во знакот на jубилејот, 85 години од раѓањето на македонскиот композитор Томислав Зографски, на кој ќе настапат учесници на македонски уметници, докажани и етаблирани во својата професија“, најави селекторот на музичката програма Васо Ристов.

Теaтарскиот дел на „Охридско лето“, како што рече селекторот на драмската програма, Александар Поповски, во своето видеообраќање, годинава ќе биде посветен на човекот којшто е заслужен за генераци и генерации театарски уметници, драмскиот писател и драматург, покојниот Горан Стефановски.

Прикажи повеќе...

Култура

Операта „Боеми“ на 22 мај во НОБ

Објавено пред

Во рамките на 47. Мајски оперски вечери, на 22 мај 2019, со почеток во 20 чaсот, ќе биде изведено оперското ремек-дело „Боеми“ од Џакомо Пучини. Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19 век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на боемите“ на Хенри Мургер.

Публиката за миг ќе биде пренесена во париските потпокриви, каде што неколку млади уметници и покрај сиромаштијата и борејќи се за основните потреби на секојдневието (храна, огрев), живеат крепејќи се од идеалите и љубовта, а без скршена пара во џебот претендираат да живеат боемски.

Диригент е Оливер Балабурски, режисер: Дејан Прошев.
Настапува врвна солистичка екипа: во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија. Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско-драмски сопран ќе ја изведе улогатана Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи во најпрестижните оперски куќи, како што се „Метрополитен“ во Њујорк, кралската опера „Ковент гарден“, Државната опера на Берлин и многу други во целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, заводливата Музета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски ќе ја игра улогата на Колин.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворен 7. интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“

Објавено пред

Беше еднаш во Скопје – вака симболично во духот на добро раскажување синоќа во Даут-пашиниот амам беше отворен 7. интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“. Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор, беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература.

Маса која тежи од автори врвни во своите земји, но и преведувани на многу јазици, меѓу кои и на македонски, беше заедничкиот заклучок на публиката. На наша голема чест рамо до рамо ги имавме бугарскиот автор Алек Попов, годинашен добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот и српскиот автор Светислав Басара, кој лани беше лауреат на истата награда, но од здравствени причини не можеше да дојде.

Низ кратки претставувања на секој од гостите публиката дозна повеќе за нивните дела, стилот на пишување, односно што е тоа што ги прави оригинални. Гости на фестивалот, годинава, покрај Попов и Басара, се Теофил Панчиќ од Србија, Јагода Михајловска-Георгиева, Једрт Лапух Малежич од Словенија, Тарик Туфан од Турција, Ивица Пртењача од Хрватска. За нивните дела зборуваа: Ермис Лафазановски, Владимир Јанковски и Александар Прокопиев. Фестивалот го отвори Дејан Трајкоски, директор на „Про-За Балкан“, кој ги поздрави гостите писатели со „Беше еднаш во Скопје“ алудирајќи на филмот „Беше еднаш во Анадолија“ од Нури Билге Џејлан, чиј сценарист Ерџан Кесал, токму денеска ќе биде гостин на фестивалот.

Прокопиев го претстави Басара истакнувајќи дека во неговите последни книги препознава некој друг Басара, поинаков од авторот на „Фама за велосипедистите“.

„Јас не покажувам отпор во пишувањето, туку повеќе би рекол дека станува збор за напад оти отпорот изгледа некако пасивно. Во сите фази на моето пишување настапувам инвазивно и агресивно на еден рафиниран начин, најмногу со помош на иронија, гротеска, а не со груби зборови. Против сите стереотипи и полуживи ентитети и менталитети какви што владеат кај нас, мислам дека е најдобро да се користи гротеска за да го отсликате тоа. Не можете тоа да го реконструирате рационално“, истакна Басара.

На прашањето дали уметноста може да го промени општеството, тој вели: „Уметноста не служи за да го смени општеството. Литературата може да го промени поединецот, мене лично ме промени. Ја прочитав ‘Сто години самотија’ и мислам дека таа книга ме наведе да тргнам на авантура со пишувањето.

Прокопиев го претстави и лауреатот годинава, Алек Попов. Токму Прокопиев е преведувач на неговиот роман ‘Мисија Лондон’, како и на последниот ‘Сестри Палавееви’.
Попов истакна дека не може да се научи да се пишува хумор и додаде: ‘Во хуморот има една пакост. Како мал бев како зевзек, односно сакав да ги ставам луѓето во некоја непријатна ситуација и тоа да биде смешно. Мене не ми е целта да пишувам смешно, ама така се случува. Добрата сатира е насочена кон силните, а не кон слабите. Ако е насочена кон слабите, тогаш таа преминува во снобизам. Тоа е мојот прост рецепт во пишувањето и тоа, се разбира, е поврзано со многу непријатности. Фабулата ми е многу важна. Тешко е да се разбере што е дејство во книга или на филм. Јас не сакам само да редам зборови, мене ми се поинтересни релациите меѓу карактерите и дејствата. Затоа ‘Сестри Палавееви’ има филмска структура“, истакна Попов.

Лафазановски го претстави еден од најпознатите и контроверзни писатели во Србија, Панчиќ. Блескаво и субверзивно име во српската книжевност, новинарство. Голем поборник за човековите права, во неговите книги на еден особено фантастичен начин ѝ се обраќа на јавноста не само во Србија, туку и пошироко. Тој е роден во Скопје.

Би го сместил во групата со писатели што немаат влакна на јазикот, слично како Милјенко Јерговиќ, кој лани беше гостин на фестивалот, и Иван Чоловиќ, рече Лафазановски.
На прашањето што се сменило на Балканот во последните 18 години од издавањето на неговиот прв роман, Панчиќ вели: „На ова прашање ќе одговорам со песимизам иако сакав да кажам нешто убаво. Првите години на 21 век, поточно беа години на оптимизам, поминаа 90-тите, поминаа диктатурите, авторитарните власти и мислевме дека работите ќе одат само на подобро и дека не може да биде полошо. Ние сега гледаме големо враќање на националистичките сили. Општествата главно отидоа еден чекор напред, три чекори наназад. Ми велат дека сум контроверзен затоа што на луѓето им велев да не убиваат. Ако е тоа контроверзно, тогаш нека бидам таков“, вели Панчиќ.

Словенечката авторка Једрт Лапух Малежич, покрај тоа што се занимава со кратки раскази, пишува и роман. На македонски јазик е објавена книгата „Воени бои“. Станува збор за раскази во кои авторката ги тематизира односите главно од ЛГБТ-заедницата во Словенија. Таа се пошегува дека ќе се обрати на југословенско есперанто.

„Да не ги ставев овие ликови во обични ситуации, не би била целосно искрена. Во Словенија има долга традиција на ЛГБТ-писателки, кои пишуваат за себе. Со моите дела сакам публиката да сфати колку на тие луѓе им е тешко да се прифатат. Тоа е битка“, вели Малежич.

Тарик Туфан е еден од најпродаваните автори во Турција. Тој не ја криеше радоста што е гостин на фестивалот. „Има две вистини, едната е реалноста од сопствениот живот, а другата – од книжевноста. Порано романите го имитираа животот. Но, денес човекот го имитира романот. Големите писатели буквално изградија нов живот и литературата е повистинита. Зошто имаме потреба од создавање нова вистина? Затоа што тешкотиите од секојдневниот живот нè стегаат во грлото, а литературата претставува начин на ослободување и создава нова реалност и во нашиот личен живот. Живата вистина е најголемиот затвор на човекот, а книжевноста е бегство од тој затвор“, вели Туфан.

Претставувајќи ја нашата писателка Михајловска-Георгиева, Јанковски рече дека е едно од интригантните имиња на нашата литературна сцена и не се плаши секогаш да го каже своето мислење. Таа ги сподели своите искуства при патувањата од кои се родија и неколку нејзини романи.

„Надворешните и внатрешните патувања за мене се слични. Трагаме во нас, а кога патуваме, откриваме нешто за себе. Во Мумбај бевме за наш заеднички пријател да купи бубрег. Многу се вознемирувам кога зборувам на оваа тема. Мислам дека ние не знаеме што е вистина, што не е, реалноста ние си ја правиме, јас барем така го живеам животот. Реакциите од типот што е морално или не, дали е морално да се купат органи, паѓа во вода. За мене ништо не е црно-бело и треба да бидеме поотворени кога нешто им се случува на блиските“, рече Михајловска-Георгиева.

Независниот хрватски писател Ивица Пртењача е познат поет во Хрватска, а кај нас е преведена неговата книга „Суровост“, како и двата романа „Брдо“ и „Добро е, убаво е“. Лафазановски го праша Пртењача што е добро, а што е убаво за него. „Тоа што е добро е и убаво, а она што е убаво, не може да биде убаво ако не е добро“,рече тој. Пртењача дополни дека од сите граѓански занимања пишувањето е класифицирано како меѓу најзалудните.

Тој почнал со поезија, па продолжил со проза. Рече дека е почестен што е во Скопје.
„Мојата прва книга песни е објавена во Македонија, ама не можете да ја најдете затоа што беше распродадена. Јас не им ја ни препорачувам на фини луѓе како вас, не на луѓе со слаби срца. Песни почнав да пишувам оти ми требаа. Кога пишувам, се фаќам дека сум во непријатна ситуација од која морам да излезам“, рече Пртењача. Со Лафазановски се согласија дека иднината на литературата им припаѓа на жените и дека тие читаат многу повеќе од мажите.

„Про-За Балкан“ продолжува денеска во 17 часот во Турскиот културен центар „Јунус Емре“ каде што ќе се одржи средба „Ерџан Кесал во Скопје!“, со специјалниот гостин на фестивалот Ерџан Кесал, сценарист на антологискиот кански победник од 2011, „Беше еднаш во Анадолија“. Модератори ќе бидат Александар Прокопиев и Дејан Трајкоски.

Два часа подоцна, од 19 часот, во ЕУ-инфо центарот, ќе се одржи тркалезна маса „Литература, страв, политика“, на која ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата „Скопје фелоушип“. Станува збор за врвни издавачи – Пјер Астие, еден од најпознатите литературни агенти во светот, Бетина Вергетер, уредничка во издавачката куќа „Пол Солнај и Дојтик“ од Виена, и Катја Урбанија од словенечката издавачка куќа „Гога“ ќе се сретнат и со македонски писатели и издавачи и ќе имаат можност да воспостават идни соработки.

Фестивалот „Про-За Балкан“ е поддржан од Министерството за култура, „Традуки“, Делегацијата на ЕУ, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, амбасадите на Словенија, Хрватска, Бугарија и на Србија, Бугарскиот културно-информативен центар, Кинотеката, Национална галерија и винарницата „Бовин“.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

Ѓоковиќ за 6 месеци заработи 5,2 милиони долари!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци....

Македонија7 часа

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија7 часа

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија8 часа

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија9 часа

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ9 часа

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија12 часа

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија13 часа

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија14 часа

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Европа14 часа

Шведски обвинител бара апсење на Асанж

Шведски обвинител, кој води истрага во врска со обвинението за наводно силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, денеска поднесе...

Регион15 часа

(Видео) Силно невреме ја погоди Србија, паѓаше град со големина на лешник

Во многу градови во Србија, вчера, во попладневните часови, почна да паѓа силен дожд, а потоа и град со големина...

Hitech15 часа

Гугл и ја укина лиценцата на компанијата Хјуавеи

Американскиот Гугл и ја суспендираше лиценцата на компанијата Хјуавеи (Huawei), што значи дека кинескиот производител на мобилни телефони ќе остане...

Свет16 часа

Трамп се закани дека ќе го уништи Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, издаде остро предупредување до Иран со закана дека ќе биде уништен доколку бидат нападнати американските...

Европа1 ден

Предвремени избори во Австрија на почетокот од септември

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, денеска, по разговорите со австрискиот канцелар Себастијан Курц, се заложи за одржување на предвремени...

Македонија1 ден

Пендаровски до Тамара: Оставивте трајна вредност, песна посветена на секоја жена

Тамара Тодевска со својот настап на Евровизија и песната „Proud“ („Горда“) го освои осмото место, што е највисокиот пласман за...

Економија1 ден

За вградување на сончеви колектори и нови ПВЦ прозорци обезбеден буџет од 30 милиони денари

Деновиве беа објавени јавните огласи за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во...

Топ2 дена

Загина 61-годишник од Босилово кој со автомобил се забил во дрво

На магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, помеѓу селата Дабиле и Босилово во утринските часови на 18 мај...

Македонија2 дена

(Видео) Заев во Србија на отворањето на Коридор 10: Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи

Премиерот, Зоран Заев, на покана на српскиот претседател, Александар Вучиќ присуствуваше на свеченото отворање на новото автопатско решение од 26...

Естрада2 дена

Тамара го освои осмото место на „Евровизја“, нејзината изведба ни го носи највисокиот пласман досега

Македонија и нашата претставничка Тамара Тодевска за првпат годинава од речиси сите земји добија поени на изборот за песна на...

Досие