Контакт

Култура

Филмска вечер со режисерот Гоце Цветановски на „Демирхисарска културна есен“

Објавено пред

Филмови во режија на Гоце Цветановски ќе бидат прикажани в сабота на 5. октомври во 19 часот, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, како дел од манифестацијата „Демирхисарска културна есен“.

Љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да ги проследат неговите анимирани и играни краткометражни филмови „Човекот што не сакаше да умре“, „Хансел и Гретел: Вистинската приказна“, „Мал дисконтинуитет во времепросторот“ и „Човекот што не беше таму“. Пред публиката во Демир Хисар, вечерта ќе биде прикажан и видео спотoт за песната „Cone of Shame“ на американскиот рок бенд „Faith No More“, којшто исто е во режија на Цветановски.

На филмската вечер ќе се обрати и режисерот, а присутните во Домот на културата ќе можат да дебатираат со него по завршувањето на проекциите.

Цветановски е наградуван режисер и продуцент, и зад себе има 20 кратки и документарни филмови, прикажани на повеќе од 200 филмски фестивали ширум светот. Филмска режија студирал во Париз, Франција каде живеел 17 години, а во моментов живее и твори во Македонија.

Организаторите на настанот најавуваат и работилница за филмската уметност со Цветановски што ќе биде одржана в недела.

Зад Манифестацијата „Демирхисарска културна есен“ стои Здружението на граѓани за афирмација на културата и развој на руралниот туризам „Граѓанска актива Икарус“ од Демир Хисар. Дел од програмата на овогодишното издание беа промоцијата на романот „Единствена љубена“ од Вангелко Лозаноски и Саемот на книга во соработка со Издавачката куќа „Македоника литера“. Најавена е и изложба на цртежи на хрватскиот уметник Сара Длака, како и џез концерт на Сашо Поповски трио.

Културната манифестација е поддржана од Министерството за култура и Општина Демир Хисар.

Култура

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Објавено пред

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што се оштетени 10 потпорни носечки столбови.

„Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош, Министерството за внатрешни работи и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот кој е заштитено културно наследство од прва категорија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

концерти

Славниот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонијата

Објавено пред

Овој четврток (24 октомври) во Филхармонијата ќе настапи влијателниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс, кој по работата во врвни француски симфониски оркестри во 90-тите, се одлучува за солистичка кариера.

Рено Гарсија Фонс разви свој музички јазик и стил, со кој на автентичен начин го еманципира инструментот на кој свири. Контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас-лаута, како виола или персиска виолина. Станува збор за врвен инструменталист со каталонско потекло и од таму всушност потекнува неговиот интерес кон шпанската и ориенталната култура.

Концертот ќе го води Џијан Емин, а на програмата се дела од Рено Гарсија Фонс, како и ремек делото на Морис Равел – „Дафнис и Клое“.

Равел во „Дафнис и Клое“ употребува светол колорит и прецизно избрана инструментација преку која ја ослободува француската музика од заштитната школка на вагнеризмот. Ова дело на спиритуалниот аристократ, како што го нарекуваат критичарите, е уште една потврда на генијалноста на Равел и неговото софистицирано чувство за креација.

Прикажи повеќе...

концерти

Еден од најуникатните бендови од Јужна Америка, Föllakzoid, и аудиовизуелниот колектив Žen во МКЦ

Објавено пред

На 21 октомври, понеделник, во МКЦ ќе се одржи концерт на еден од најуникатните бендови од Јужна Америка – Föllakzoid и аудиовизуелниот колектив – Žen како нивна предгрупа.

Föllakzoid почнува со работа пред десет години како трансерска авантура меѓу тројцата другари од најраното детство – Диего, Хуан Пабло и Доминго од Сантјаго, Чиле. Со огромни познавања за културното наследство од античката музика на Андите, овој бенд полека учи како да го усогласи ова влијание со современите звуци од нивното време создавајќи богата, но истовремено и минималистичка атмосфера. I e најновиот албум, нивно четврто издание, а трето за една од најактивните и најинтересни издавачки куќи денес – њујоршката Sacred Bones Records. За разлика од минатите изданија што беа направени во single take со целиот бенд, на овој албум се работеше три месеци во изолација.

Kреативната перспектива на бендот отсекогаш била отфрлување на наративните и музичките сознанија, кои ги обликуваат физичките и дигиталните формати и концепции кои се достапни и визуелно и музички, со цел да се направи временско просторна метричка структура која ги распушта авторот и наративните парадигми.

Аудиовизуелниот женски колектив Žen e оформен во 2010 година во Загреб, каде што го пронаоѓа својот креативен дом во АКЦ „Медика“. Нивното деби I onda je sve počelo (2013), објавено под квир-феминистичката издавачка куќа Unrecords од Виена, и албумот „Јантар“ (2015), објавен како соработка помеѓу Unrecords и францускиот независен издавач Vox Project, ги направи еден од најпознатите и најважни бендови од регионот на поранешна Југославија.

Во 2017 година му се приклучуваат на словенечкиот Moonlee Records, а во ноември 2017 година објавен е нивниот трет албум Sunčani ljudi. Žen разиграно ги раздвојува родовите стереотипи и ги поврзува границите на аудио и визуелната уметност евоцирајќи патувања преку усогласување на гласот, потопени во прогресивна симбиоза на гитара, бас и тапани.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура12 минути

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија24 минути

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија52 минути

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија2 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа3 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија3 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија4 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија4 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија5 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа7 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ8 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет9 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет9 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа10 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет22 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион24 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија1 ден

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет1 ден

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Досие