Контакт

Култура

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Велес“

Објавено пред

Денеска и утре во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес ќе се одржи Фестивалот за млади „Џифони патува во Велес“, кој се организира за учениците на возраст од 13 до 18 години.

Во текот на двата дена младите ученици ќе го гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“ ќе дебатираат под водство на актерката Талија Настова, која ќе биде и ментор на актерската работилница. Креативноста ќе ја надградуваат со Роберт Јанкуловски како ментор на работилницата за фотографија и Моника Мотеска на ликовната работилница.

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности, тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.

Фестивалската програма „Џифони Македонија патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Велес и италијанската амбасада во Скопје.

Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп. Во текот летото „Џифони Македонија“ ќе продолжи со летните активности. Од 18 до 30 јули 12 млади учесници од Македонија и 2 студенти ќе учествуваат на најголемиот фестивал за деца и млади во светот „Џифони експириенс“ заедно со младите од над 50 земји.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Агенцијата за филм стана членка на Европска асоцијација на филмски агенции

Објавено пред

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија стана 34. членка на Европската асоцијација на филмски агенции (EFAD’s).

Како што истакнуваат во соопштение од Агенцијата за филм, одлуката за прием во оваа многу значајна асоцијација била донесена на Генералното собрание на EFADS каде директорот на Агенцијата, Горјан Тозија, имал излагање и ги претставил заложбите кои ги прави Владата во насока на поддршка на филмската продукција, како и насоките кои се превземаат за унапредување на филмската дејност во нашата земја.

Агенцијата станува придружен член на EFAD’s, а тоа е статус резервиран за сите филмски агенции и центри од земјите членки на Советот на Европа. Овој статус ќе ѝ овозможи на Агенцијата да учествува во сите активности во организација на оваа асоцијација и и гарантира делумно право на глас, се појаснува во соопштението.

„Силно веруваме дека Агенцијата за филм на Северна Македонија во голема мера ќе има корист од своето членство во мрежата на EFAD’s, што придонесува за актуелизација на европските политики и иницијативи, фокусирајќи се на промоцијата и дистрибуцијата на европските дела и предизвиците на европската филмска индустрија. Приклучувањето кон здружението ќе ни овозможи размена на информации, споделување  искуства и зајакнување на нашите заеднички цели, преку таргетирање  клучни прашања посветени на филмот во дигиталното доба, авторските права & борбата против пиратеријата и филмското образование. Се надевам дека нашата соработка ќе овозможи поголема видливост и поинтензивна соработка во наредните години“, посочи Тозија.

Европските филмски агенции се залагаат за поголема достапност на европскиот филм на различни формати и платформи.Нивната мисија е да им овозможи на локалните култури и различните јазични заедници да бидат претставени на големото платно и моќните, културно експресивни филмови длабоко да влијаат на срцата и умовите на публиката во корист на благосостојбата на целокупното европско општество.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Комедија“ со донација за Детската болница „Козле“

Објавено пред

Театар „Комедија“ ги донира финансиските средства добиени од продажбата на влезниците за претставата „Не сега, драга“ на Детската болница „Козле“.

„Од срце одиграна претстава ‘Не сега драга’ и средствата се наменија за најскапоценото нешто на светот – здравјето и насмеаните лица на нашите најмили – дечињата. Сè за децата трае и продолжува“, велат од болницата.

Од таму им се заблагодаруваат на вработените во театарот за овој хуман гест.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на краткиот игран филм „СК2020” во киното „Фросина“

Објавено пред

Премиерата на краткиот игран филм „СК2020“, со работен наслов „Здив“, по сценарио и режија на Радован Петровиќ, ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во киното „Фросина“.

Филмот ги третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата. Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје.

Гланите улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка Ирена Сенокозлиоска, дизајн на звук Ристо Алчинов, а монтажер Радован Петровиќ. Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова. Тонската постпродукција се одвиваше во „Аудиохаус“, а видеопостродукцијата во ФХЗХ. Филмот е во продукција на „Кинооко“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија14 часа

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава16 часа

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија17 часа

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија18 часа

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет19 часа

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија19 часа

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на имунитетот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на имунитетот на експремиерот и поранешен...

Регион19 часа

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Европа22 часа

Се распаѓа австриската влада, сите министри од ФПО поднесоа оставки

Австриската екстремнодесничарка Партија на слободата (ФПО) објави дека сите нејзини министри во коалициската влада формирана во декември 2017 година со...

Спорт23 часа

Почина Ники Лауда

На 71 годишна возраст почина легендата на Формула 1 , Ники Лауда. „Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ник,...

Спорт2 дена

Ѓоковиќ за 6 месеци заработи 5,2 милиони долари!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пласманот во финалето на Мастерсот во Рим дополнително ја зголеми заработката за изминатите 6 месеци....

Македонија2 дена

Протест против изградбата на Али-пашината џамија: Во Охрид се случува атак врз достоинството и чувствата на охриѓани

Жителите на Охрид предводени од граѓанското здружение „Совест“ излегоа на мирен протест пред општината каде го изразија својот револт од,...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Здружение формирано пред 2 месеца ќе биде во раководните структури во ЈП „Лајка“

Иако градоначалниокот на Скопје, Петре Шилегов, ветуваше дека во новото јавно претпријатие „Лајка“ за третман на бездомните животни ќе бидат...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ бара расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ  поднело иницијатива до собраниската комисија за финансирање и буџет за надзорна расправа за склучените договори за консултантски, адвокатски и...

Македонија2 дена

Отворена постапка за неовластено снимање на разговорот на Павле Богоевски

Скопската полиција  достави известување до Oсновното јавно обвинителство Скопје кон кое е приложен записник за примена кривична пријава со кој...

Македонија2 дена

Директорката на Детската клиника поднесе оставка

Директорката на ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“, Катарина Ставриќ, од лични причини поднела оставка од функцијата за време на...

Топ2 дена

Едно лице загина во сообраќајната несреќа на патот Кичево – Охрид

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Кичево – Охрид. Како...

Македонија2 дена

(Видео) Заев и Хан на Виенскиот економски форум: Политичката стабилност отвора можности за нови инвестиции во земјата

Премиерот Зоран Заев, денеска, во Виена имаше свое воведно обраќање на отворањето на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори –...

Македонија2 дена

(Видео) Во јуни ќе се одржи првата Парада на гордоста во Скопје

Првата Парада на гордоста за правата на ЛГБТ-заедницата во земјата ќе се одржи на 29 јуни, информираа од организационот одбор...

Македонија2 дена

Горан Трајковски даде оставка од директорската функција

Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, во петокот доставил барање до Собранието за престанок на функцијата...

Досие