Контакт

Изложби

Фотографска изложба на Игор Христов – „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“

Објавено пред

Фотографската изложба на Игор Христов, „Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“, ќе биде отворена денес (4 март 2021 г.) во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, со почеток од 17 часот.

„Спијачите спијат, сонуваат само сонувачите“ е документарна фотоизложба од 20 дела, фотографирани во три држави: Тајланд, Перу и Еквадор. Темата што ја обработува изложбата е од социјален карактер и следи луѓе што спијат во јавна околина: на улиците, на пазарите, во парковите, на станиците.

„За да ги направам овие фотографии, ме инспирира храброста на тие случајни сонувачи да си го отпуштат телото и удобно да се наместат пред илјадници минувачи и слатко да потонат во друга реалност. Тие спаѓаат во групата сонувачи, а не спијачи!

Сонот е уметност, сите што сонуваат несвесно градат едно уметничко дело со слики, ситуации, карактери, симболи, исто како и филмскиот режисер или поетот.“

Игор Христов, роден 1982 година во Скопје, е филмски режисер и пасиониран фотограф. Како тинејџер завршува курс по фотографија во „Народна техника“. Во 2003 година се запишува да студира на Националната академија за филм во Софија, Бугарија, насока филмска и телевизиска режија. Како студент има можност да снима 3 кратки филма на 35 мм лента, кои учествуват на многубројни филмски фестивали. Во 2010 година магистрира на темата „Естетиката на магичниот реализам во киното“. Неговите кратки филмови се наградени во Јапонија, Кина, Полска, Чешка, Шпанија, Турција. Ова е негова прва самостојна фотоизложба.

Отворањето на изложбата ќе се одвива со почитување на мерките за справување со Ковид-19.

Официјалниот дел на вечерта е предвиден за 17 часот по што посетителите што ќе дојдат подоцна ќе може да го видат видеото од официјалното обраќање на директорот и авторот.

Најново

Забава1 минута

Луис Хамилтон објави фотографии со Ким Кардашијан и покажа како го поминуваат летото

Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1...

Македонија8 минути

Филипче: Карпалак не смее да биде само датум во календарот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден...

Македонија10 минути

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8...

Македонија17 минути

ДУИ: Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на Табановце е тешка провокација

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на...

Топ24 минути

Уапсен возач од Арачиново кој избегал по несреќата во Радишани во која загина 19-годишен мотоциклист

Полицијата приведе едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско „На...

Црна хроника29 минути

Двајца фатени под сомнение дека подметнувале пожари во Македонија

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод и ОВР Прилеп привеле две лица под сомнение дека предизвикувале пожари на отворен простор....

Црна хроника36 минути

Полицаец удрил лице со врзани раце во Градски парк, пријавен за малтретирање

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава...

Црна хроника39 минути

Осумгодишно девојче тешко повредено откако во него удрил „јагуар“ во Гостивар

Oсумгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено по удар од автомобил во градот. „На 07.08.2026 во 21:30 часот во ОВР...

Црна хроника42 минути

Со автоматска пушка пукал кон семејна куќа во Тетово, оштетени и автомобил и фасада

Вчера во Тетово било пријавено дека околу 04:20 часот, машко лице од мопед во движење испукало повеќе куршуми од автоматска...