Контакт

Култура

Хотелскa киномагија – „Хотел Југославија“ и „Хотел Гагарин“ на Синедејс

Објавено пред

Избери си „хотел“, чаша вино и уживај во кино, ова е мотото на специјалните проекции на филмовите „Хотел Југославија“ и „Хотел Гагарин“ што денеска во 17 часот ќе бидат организирани во киното „Фросина“, во рамките на фестивалот Синедејс. Двата филма се со слободен влез, а ги дистрибуира „Катавеј“ од Скопје. За публиката следуваат изненадувања.

Документарниот филм „Хотел Југославија“ во режија на Никола Вањиер од Швајцарија, е патување низ времето и просторот на зградата. Режисерот, кој е Југословен по мајка, но роден во Швајцарија, ја истражува колективната потсвест, како и делови на сопствениот идентитет.

Изграден во Нов Белград во 1969 година, хотелот „Југославија“ беше митско место. Тој беше и симбол и сведок на разните моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: од Тито до Милошевиќ, од социјализам до национализам, од бомбардирањата на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес, тој сè уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на едно српско општество во потрага по нови достигнувања.

Филмот е претставен на многу фестивали: Сао Пауло, Берлин, Меѓународниот фестивал на документарни филмови во Тајван и други.

Во истиот термин, во салата на Џебното кино во Младинскиот културен центар ќе биде прикажан италијанскиот филм „Хотел Гагарин“ (2018) во режија на Симоне Спада.

Петмина Италијанци без скршена пара што ја чекаат својата голема шанса се испратени да снимат филм во Ерменија. Но, кога ќе пристигнат таму, избувнува војна и нивниот нечесен продуцент исчезнува со парите. Додека седат напуштени во хотелот „Гагарин“, кој се наоѓа длабоко во шумата и затрупан под снег, наоѓаат оригинална и неочекувана можност за незаборавна среќа. Продуцентот на филмот бил номиниран за наградата на Италијанскиот национален синдикат на филмски новинари.

Изложби

Изложба на Сашо Поповски во галеријата Ел Греко

Објавено пред

Во галеријата Ел Греко, в петок на 25 октомври, со почеток во 19 часот ќе се отвори изложба на Сашо Поповски.

Сашо Поповски во периодот од 1991 – 1996 година студираше скулптура во Скопје и Мастрихт, усовршувајки ја техниката со класичните материјали, работејќи во дрво и мермер како и моделирање и лиење во бронза. Почнува да излага од 1989 год.
Холандските професори Хан Вон Ветеринг, мајстор за “груба“ керамика и Јо Санес, мајстор за работа во бронза, извршија значајно влијание во неговото формирање.

Поповски твори по сеќавањето на класичните форми, но ги прати и модерните тенденции во уметноста. Во создавачкиот процес иконографскиот и тематскиот слој стануваат подеднакво важни, како и свеста за формата, додека во котекстот на стилизираните антропоморфни облици, концепирани во духот на миметичката традиција внесува елементи на меки геометриски форми. Неговите дела се технички убаво обликувани, доработени и наликуваат на драгоцени предмети изработени со сигурна рака и јасен концепт.

Поповски паралелно работи на две различно концепирани серии на скулптури: едната серија се карактеризира со фигурален пристап и органско обележје на формата, а другата содржи обележја со иронично критичен поглед на реалноста.
Поповски во најновите творби го шири иконографскиот репертоар и симболичкото значење правејки синтеза со елементи на класични и модерни скулптури проткаени со хуманистичка содржина. Во поголем број на скулптури доминира женскиот акт создаден од бел мермер, а во некои вметнува и елементи во бронза складно и ефектно укомпонирани. Скулптуралната маса е компактна, а обликот затворен, напнат сугерирајќи исконска симболика на плодноста, т.с. естетски стилизирана еротика на обликот.

Во Галерија Ел Греко Поповски ќе се престави со галериска пластика, што значи дека авторот во процесот на создавање го реализирал саканиот пластичен и визуелен ефект во целост.

Поповски внимателно ги користи модерните искуства во скулптурата во распон од Пикасо, Мур, Мештовиќ, Роден, Дали, па се до рококо мајсторот Буше за да постигне интегрирана целина. Интересот за формата и тематскиот слој го елиминира психолошкиот аспект во скулптурите на Поповски. Во неговите творби доаѓа до израз едноставноста на формата, како и сугестија на сложена концепција со која успешно се избегнува чувството на пренатрупаност.

Изложените дела се создадени последните две години и преставуваат синтеза на неговите идеи и истражувања за неговото лично обележје во скулптурите. Тој вешто ја поврзува формата со сугестија на тродимензионалност. Експресијата на обликот ја постигнува со варијации на изобличеност и вдлабнатини, полирање и грубост на површините, робусност во обликувањето и префинета линија на движењата како и светлосен рефлекс на површините. Фигурата на бикот (чест мотив во македонската уметност) содржи снага на формата и карактеристична примена на плишни “фасети“.

Патинираниот постамент е дел од скулптурите во склад со целината. Вметнува и потенциран контраст на црно–бел однос со природната структура на мермерот.

Скулптурите на Сашо Поповски имаат различни имиња и пораки и се како реакција или противење на континуираното уништување на животот и човекот во време на долготрајната криза во уметноста.

Прикажи повеќе...

Култура

Деливоријас на Фестивал на грчки филм: Имаме шанса да се запознаеме како културни ентитети

Објавено пред

Во рамките на Фестивалот на грчки филм и култура концерт ќе одржи еден од најпознатите грчки музички бендови во последните години. Станува збор за бендот на Фоивос Деливоријас, кој ќе настапи на 25 октомври во клуб ресторанот МКЦ. Тие имаат специјален репертоар за оваа прилика и ќе свират филмска музика од познати грчки филмови. Оваа мошне посебна колекција од репрезентативна грчка музика е всушност придонесот на грчкиот текстописец за грчкиот филмски фестивал и култура 2019 во Скопје.

Деливоријас пред доаѓањето во Скопје рече дека со нетрпение го очекува настапот. По сите тие години на политички превирања, вели Деливоријас, имаме шанса да се запознаеме како луѓе и како културни ентитети.

„Знам дека некои политичари – од мојата земја и од вашата земја, исто така, се потпираат на нашите разлики, од нашите причини да се конфронтираме. Јас, како и сите уметници, барам комуникација помеѓу многу различен вид на луѓе. Ми се допаѓаат конфронтациите, но на еден сосема друг начин: Сакам да ја доведам кај вас нашата убавина и да се соочам со вашата. Сакам да научам, да бидам под ваше влијание, додека сум јас. Тоа е мојот политички став, ако може така да се рече“, вели тој.

Додаде дека за настапот избрал 15 песни и инструменти што ги отсликуваат грчката кинематографија и нејзината историја, нејзините опсесии и нејзиниот шарм. Станува збор за песни од Хаџидакис и Теодоракис, од стари грчки популарни мјузикли, или песни од филмовите на Ангелопулос и Лантимос.

Запрашан со кои музичари ќе настапи, Деливоријас одговори дека Антонис Сусамоглу е врвен грчки виолинист. Тој е прва виолина во Државниот оркестар на Солун и карактеристичен аранжер и композитор. Со него соработувале и во симфониски концерти и во саундтракот. Џорџ Кацанос е познат мулти-инструменталист во Грција, фигура налик на Том Вејтс. Тој е „onе-man“ бенд. Со него често ја делат сцената и се нарекуваат себеси „Големиот бенд“! За Нефели Фасули изјави дека е инспиративен млад пејач, одличен уметнички партнер со кој соработуваат извесно време.

Прикажи повеќе...

Книги

Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори

Објавено пред

„Небо во кафез“ е насловот на новата збирка поезија од Д.А.Лори, која ќе биде промовирана на 26 октомври во фоајето на киното „Фросина“ во МКЦ. Во својата  трета книга Лори го користи и омилениот поетски стил, сиџо, за на уште подиректен начин да направи пресек на стварноста, па на краток и чист начин ни ја предочува пресеана преку својата душа.

Во новата книга авторката зборува за љубовта, мајчинството, за губењето-наоѓањето, за лицемерието, решително за да ги допре најболните точки без грам патетика, а со оптимистичност за небото над нас.

Истата вечер, „Театарот на сенки“ ќе има претстава – перформанс со позајмени гласови на Ѓоко Здравески, Верица Недеска, Биљана Стојановска и на самата авторка, Лори. Музиката е од нашиот реномиран музичар, Горан Атанасов („Санаториум“). Дел од стиховите на Лори ќе читаат Снежана Стојчевска, Ана Голејшка Џикова, Биљана Стојановска и Ѓоко Здравески.

Во„Небо во кафез“ дел од песните се илустрирани со дела на Касиопеја Наумоска. Ова е нејзина трета збирка на  поезија по „Будење во трето лице еднина“ и  „Со ветерот под рака“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Објавен идентитетот на возачот на камионот во кој беа пронајдени 39 лешeви

Возачот на камионот кој беше уапсен откако во приколката на товарното возило во Есекс, Англија беа пронајдени 39 безживотни тела...

Европа4 часа

Борисов: Камионот со 39 безживотни тела не бил во Бугарија од 2017

Починатите лица пронајдени во камион во Велика Британија не можеле да се качат во Бугарија, бидејќи возилото не влегло во...

Топ5 часа

Скопјанец тешко повреден откако паднал од петтиот кат на зграда во Аеродром

Чувар вработен во угостителски објект лоциран на скопскиот булевар „Јане Сандански“ во раните утрински часови на 22. октомври во полиција...

Македонија6 часа

Заев: Јас ќе бидам кандидат за премиер и ќе ја водам кампањата

Јас ќе ја водам кампањата и ќе бидам канидидат за премиер, изјави првиот човек на Владата, Зоран Заев. Одговарајќи на...

Македонија8 часа

Европскиот Парламент утре ќе гласа за резолуцијата со која го поддржува проширувањето на ЕУ

Европскиот Парламент ќе гласа утре за резолуцијата со која целта е да се осуди одложувањето на пристапните преговори на Македонија...

Македонија10 часа

Мицотакис: Преспанскиот договор е нагативен за нас, но ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, не само затоа што тоа ќе биде фактор за стабилност...

Европа11 час

Јункер во последниот говор: Чувај се Европо и бори се против национализмот

Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан Клод-Јункер предупреди дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека самата...

Македонија12 часа

Уште четири земји треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение информира дека преостануваат ратификации од уште четири земји членки, до официјално пристапување во НАТО....

Македонија13 часа

Независната пратеничка група ја поздрави одлуката на САД за ратификација на протоколот за НАТО

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија упати благодарност до амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари...

Македонија13 часа

Европарламентот со вонредна резолуција повторно ќе бара преговори со Македонија

Европскиот Парламент денеска на пленарна седница треба да стави вонредна резолуција со која повторно ќе побара отворање на преговорите за...

Македонија13 часа

Сончево и топло со температура до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од источен правец. Минималната температура ќе се движи од 1...

Свет1 ден

Пропадна планот на Џонсон за брегзитот

Британските законодавци го одобрија предлог-законот на премиерот Борис Џонсон за брегзитот, но одбија да биде усвоен во рок од три...

Свет1 ден

(Видео) Путин и Ердоган го објавија планот за Сирија

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по средбата со рускиот претседател Владимир Путин, која траеше повеќе од шест часа, соопшти...

Македонија1 ден

Одобрени 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување 60.000.000 денари од буџетот за 2019 година за чистење на...

Македонија1 ден

САД го ратификува протоколот за членство на земјата во НАТО

Сенатот на САД попладнево го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО. За протоколот гласаа 92 сенатори, а двајца...

Топ1 ден

Момче од Швајцарија повредено при пад на Матка

Изутринава, во 8.40 часот, од Ургентниот цетар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека вчера со тешки телесни повреди...

Македонија1 ден

Одбиени барањата на Јанева и Боки 13 за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и...

Македонија1 ден

Вучиќ: Дали за косовското прашање ќе добиеме гаранции од ЕУ какви што доби Северна Македонија?

Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за австрискиот весник „Стандард“ ја исклучи можноста Белград да го признае Косово во актуелните...

Македонија1 ден

(Видео) Нови вработувања и подобри услови за истражувачка работа бараат од Институтот за хемија

Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, уловите за...

Македонија1 ден

Ѓоко Поповски повторно доби 9 години затвор за набавката на полициски возила

Судијката Добрила Кацарска попладнево повторно го осуди на казна затвор од 9 години поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, откако...

Досие