Контакт

концерти

Целовечерен концерт на Дуке Бојаџиев во Македонската филхармонија

Објавено пред

По пауза од две години, еден од најистакантите македонски композитори, Дуке Бојаџиев, кој долги години живее и работи во Њујорк, повторно ќе настапи пред македонската публика со два последователни концерти во Скопје на 11 и 12 мај во новиот објект на Македонската филхармонија.

Коцертниот настап ќе биде реализиран во соработка со Министерството за култура и „3Гонга”. Во рамките на целовечерниот концерт со наслов „Сон-  верба-љубов“, Бојаџиев ќе настапи со авторски материјал освежен со нови нумери од албумското издание „Сон- верба-љубов“, како и дел од неговото поново филмско творештво.

Дуке (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари. Покрај него, специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, понатаму, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, на кларинет Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг-квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова како виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

Дуке Бојаџиев од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ „Беркли“ во Бостон. Низ својата меѓународна кариера Дуке има креирано музика за многу филмови и соработувано со неколку добитници на „Оскар“, меѓу кои режисерите Џонатан Деми за филмот „А Мастер Билдер“ и Данис Тановиќ за филмот „Пекол“, како и со Рајко Грлиќ за филмот „Устав Републике Српске“, со Столе Попов на „До балчак“ и „Војната заврши“ на Митко Панов. Во моментот работи на филмот „Бегство кон морето“ на Вељко Булајиќ, кој е во постпродукција. Меѓу големата лепеза филмови има работено и на филмовите „Тајниот живот на Волтер Мити“ во режија на холивудскиот актер Бен Стилер и „Ветување“ со Кристијан Бејл и Оскар Ајсак во главните улоги.

Неговата музика е користена за светски кампањи на брендови како Пежо, Ланком и Лореал, разни светски компилации како „Буда Бар“ и „Маракеш експрес“. Има работено со артисти како Синди Лопер и „Телепоп мјузик“, а има настапувано во светски дворани, меѓу кои „Карнеги хол“ во Њујорк, „Авалон театар“ во Лос Анџелес и Античкиот театар во Охрид. Соработувал и со пејачката Ангела Мекласки, филмскиот композитор Пол Кантелон, холивудската актерка Џина Гершон и со продуцентот и аудиоинженер на британскиот бенд „Д Продиџи“, Нил Меклелан.

Билетите ќе бидат во продажба од 16 април на билетарницата во Македонската филхармонија и на http://mktickets.mk/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

Објавено пред

На 10 декември во камерната сала на Филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт со наслов „Зимска Бајка“.

Концертот е всушност збогатување на празничната атмосфера и одлична можност за подигнување на новогодишното расположение, информираат од организаторот „Баги комуникации“.

Концертот симболично ќе започне со делото „Декември“ од Петар Илич Чајковски, а ќе продолжи со фрагменти од „Оревокршачка“. Потоа настапот ќе продолжи со делото на Сергеј Рахмањинов „Прелудиум во g-moll“, Франц Лист – „Унгарска Рапсодија бр.2“, Јохан Штраус помладиот со неговата „ТричТрач Полка“ и „Ла Валс“ на Морис Равел.

„Искрено и длабоко верувам дека генијалната музика на големите автори кои ќе бидат дел од програмата ќе ги стопли срцата на сите присутни и барем за миг заедно ќе ја пронајдеме магијата и мистеријата на зимата. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со мојата домашна публика, непосредно пред моите настапи во неколку европски престолнини“, вели Дино Имери.

Тој важи за еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија. Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивал Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.

Концертот е со почеток во 20 часот а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“, „Југотон“ како и онлајн.

Прикажи повеќе...

концерти

„Мистична деветка“ со виолинистката Фросина Богданоска

Објавено пред

„Мистична деветка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи в четврток, на 5 декември. На програмата се дела од двајца руски гиганти – Сергеј Прокофјев и Дмитри Шостакович.

Публиката ќе има можност да ја чуе македонската виолинистика Фросина Богданоска во изведба на Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Сергеј Прокофјев. На програмата е и Деветтата симфонија од Дмитри Шостакович.

Уште од Бетовен, секој композитор кога ја пишувал деветтата симфонија се соочувал со притисокот од јавноста. Шостакович се соочил со драматичен притисок, бидејќи јавноста од него очекувала оваа симфонија по претходните две кои го отсликувале страдањето да биде епска и со триумфални пропорции.

„Сакаа да напишам ода, магична деветта симфонија. Не сакав да напишам ода за Сталин, ниту, пак, да биде врзана со проблемите со кои сè уште се соочуваше народот. Затоа избрав трета опција“, напиша Шостакович за оваа симфонија.

Тој создаде целосно апстрактно музичко дело, чисто и перфектно, речиси во неокласичен стил. Се одлучи да напише симфонија која ќе биде доволно апстрактна за Сталин да не може да ја разбере и критикува. Сепак, Сталин бил разочаран кога ја слушнал. Очекувал симфонијата да биде грандиозна со хор, солисти, со директна посвета. По премиерната изведба критичарите биле остри кон Шостакович – еден од рецензентите напишал дека симфонијата звучи како „стар Хајдн и искарикиран Чарли Чаплин“.

Без оглед на првичните реакции по премиерата на оваа симфонија, таа во себе ја носи елементарната музичка суштина типична за творештвото на Шостакович и претставува автентично симфониско ремек-дело кое редовно се изведува на светската музичка сцена.

Во Концертот за виолина и оркестар број 1, Сергеј Прокофјев музички пресликал две дијаметрално спротивни емоции – лирска и саркастична. Станува збор за генијално солистичко ремек-дело, но и возбудлива оркестарска приказна во која Прокофјев го потенцира својот индивидуален творечки сензибилитет.

Фросина Богданоска дипломски и постдипломски студии завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисока оцена CUM LAUDE, во класата на проф. Љубиша Кировски. Во 2010 добива стипендија и понуда за постдипломски студии на Кралската академија во Лондон, а во 2012 запишува специјализација на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, во класата на проф. Антон Сороков. До неодамна беше член на Симфонискиот оркестар на Австриското радио РСО ОРФ Виена и соработник со Виенскиот симфониски оркестар – Wiener Symphoniker, а сега е член на Каринтискиот оркестар на Театарот во Клагенфурт, каде што оваа сезона служи како водач на први виолини. Свири на виолина изработена од нејзиниот татко Светозар Богданоски.

Концертот „Мистична деветка“ ќе го води харизматичниот холандски диргент Конрад ван Алфен. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна нивото на овој оркестар и тој стана интернационално признат и беше домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментов е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Сашко Костов во „Котур“

Објавено пред

На 7 декември со почеток во 22 часот ќе се одржи концерт на Сашко Костов во „Котур“ во Скопје.

Петтиот по ред солоалбум „Крик и прашина“ на Сашко Костов ја создава и проектира сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.

„Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик… Албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Авторот ги држи сите конци во своите раце, високо поставувајќи ги критериумите на модерната поп-музика, издигнати од длабоката заслуга на соул, фанк, џез-рок, соул-џез, соул-поп и уште неколку фузиски жанрови”, објави хрватската веб-страница Терапија.

Во продолжение сајтот објаснува дека станува збор за „бомбастичен, сензибилен, понекогаш мрачен, но емотивен албум со силно ткаење на перфектно поставен музички столб, кој е целосно поврзан со поетиката низ некои ангажирани социо-политички конотации”.

На концертот Костов ќе свири со бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Мартина Баракоска – тапани, Андреја Салпе – гитара, Симеон Андоновски – бас, Симон Облешевски – клавијатури.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија9 часа

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија10 часа

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија10 часа

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија11 час

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија12 часа

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија12 часа

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија13 часа

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Македонија15 часа

Боки 13 до Камчев: Oперациите вo „Систина“ не ви се успешни

Присутните се смееја во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ кога Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев....

Македонија15 часа

Камчев: Не се само Катица и Боки 13, треба да има и други обвинети за „Рекет“

Веќе час и половина сведокот бизнисмен Орце Камчев го дава својот исказ во судот за случајот „Рекет“. Тој, освен кон...

Македонија17 часа

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Свет18 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет18 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет19 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет19 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија19 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет19 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија19 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа1 ден

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет1 ден

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија2 дена

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Досие