Контакт

Култура

Црвениот килим на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено пред

За крајот на 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера, вечерва, по црвениот килим дојдоа бројни филмски дејци, членови на ДФРМ, претставници на Агенцијата за филм, Општина Битола, вљубеници во филмската уметност и битолската публика – сите во чест на креацијата на најдобрите кинематографери.

Битола во изминатите осум дена го празнуваше филмот, а во рамки на фестивалот на пет локации беа претставени 128 филмски наслови, подредени во 14 фестивалски програми.

За време на  фестивалските денови, во Битола пристигнаа еминентни имиња од светот на филмската индустрија, меѓу кои кинематограферите Ед Лакман, Хозе Луис Алкаине и Рајнер Клаусман, како и режисерите Џим Шеридан и Фатих Акин.

 

 

 

 

Култура

Балетската претстава „Самсон и Далила“ денеска во МОБ

Објавено пред

Денеска, 15 февруари, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.

Приказна за страста, заведувањето, предавството и смртта.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу „Доброто и злото“.

 

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на „Ана Кап трио“ во Филхармонија

Објавено пред

Неконевенционалниот музички состав од Франција „Ана Кап трио“ в сабота, на 15 февруари, во 20 часот во Камерната сала на Филхармонија премиерно пред македонската публика ќе го претстави своето возбуливо „Траума шоу“.

Во ова трио свират Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника.

Во ова лудо и поетско шоу, „Ана Кап“ свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста.

Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник.

„Траума шоу“ на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни.

Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата.

Прикажи повеќе...

Култура

Друштвото на филмски работници издаде прирачник за филмаџии

Објавено пред

„Рихванд“ или „бекдроп“, што е „шарфер“, што е „клапер“ и за што се задолжени истите, што е „извршен“, а што „линиски продуцент“, се само дел од дефинираните поими што ги содржи првиот прирачник издаден од страна на Друштвото за филмски работници на Македонија.

Филмската индустрија е многу сложена и во продукцијата на еден филм се вклучени голем број работници и автори кои мораат прецизно да знаат што работат и колку време и буџет имаат за истото.

„Во пресрет на 70-годишнината на ДФРМ, сметавме дека е потребно едно вакво систематско подредување и дефинирање на поимите и описите на функциите во филмот. Прирачникот е всушност филмскиот буквар, кој секој филмаџија мора да го знае инстинктивно, доколку сака да се занимава со филм. Ова е многу важен проект и чекор кон поголемата визија, а тоа е дека филмската индустрија во Македонија треба да добива свое конкретно место со дефинирана рамка во која ќе се делува и твори“, изјави претстедателот на ДФРМ, Игор Иванов-Изи.

Секој член на ДФРМ ќе го добие прирачникот бесплатно. За прирачникот да ја добие својата форма придонесоа сите членови на ДФРМ и нивните соработници.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

(Видео) Итно евакуирани патници од авион на аеродромот во Дизелдорф

Патниците од авион на компанијата „Пегасус“, Боинг 737-800, попладнево итно беа евакуирани откако авионот слета на аеродромот во Дизелдорф. Патниците...

Македонија19 часа

Двајца македонски државјани позитивни на коронавирусот

Министерството за здравство има информација за двајца македонски државјани коишто се позитивни на коронавирус. Станува збор за еден член на...

Македонија20 часа

Макрон ја отвора вратата на ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија во март е позитивен,...

Македонија21 час

Изгласани измените на изборниот законик – Дебар и Маврово-Ростуше се преместуваат во петтата изборна единица

Утринава пратениците во Собранието го изгласаа предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, со што Дебар и Маврово-Ростуше од шестата...

Топ21 час

Две лица убиени во грабеж на казино во Скопје

Утрово околу 5 часот дошло до пукање во казино на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје пришто убиени се две лица....

Свет22 часа

Вкупно 1.523 лица починаа од вирусот во Кина, а 66.492 се заразени

Во Кина досега 1.523 лица починале од коронавирусот, а заразени се 66.492 лица, изјави официјалниот претставник на Националната здравствена комисија...

Македонија23 часа

Разрешена министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи

Собранието со 62 гласа „за“ и 26 „против“ го прифати предлогот на техничкиот премиер Оливер Спасовски за разрешување на техничката...

Македонија2 дена

Џафери: Ќе бидеме во постојано заседание до распуштање на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, даде пауза од еден час по што собраниската дискусија по предлот-законот за ЈО ќе продолжи....

Свет2 дена

Во пожар во сиропиталиште на Хаитите загинаа 13 деца

Тринаесет деца загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град на Хаитите, Порт-о-Пренс, соопштија вработени за грижа на...

Свет2 дена

Штајнмајер ги обвини САД, Кина и Русија за небезбедноста во светот

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмајер, порача дека меѓународната политика влегува во мрачна доба за што се одговорни светските сили САД,...

Интервју/Дебата2 дена

(ВИДЕО) Тимоние: Влезот во ЕУ многу зависи од кредибилитетот на вашето судство

Францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, во екот на политичките препукувања на законот за Јавно обвинителство, во интервју за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Јавноста нема да слушне дел од разговорите меѓу Милески и Јовановски под образложение дека се сензитивни

Јавноста е исклучена од денешното рочиште за „Рекет“, додека во судницата зе слуша нов разговор, кој според обвинителката Вилма Русковска...

Македонија2 дена

Груби: Од прв до последен ќе гласаме за законот за ЈО, ДУИ нема никакви условувања

Ставот на ДУИ е дека даваме недвосмислена поддршка за сите договорени закони, истакна претставникот на оваа политичка партија Артан Груби,...

Македонија2 дена

(Видео) Јовановски: Доцниме на судење бидејќи бев нападнат од затворски службеници

Спроводот на Бојан Јовановски од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа...

Македонија2 дена

Дескоска и пратениците од СДСМ нема да се јавуваат за збор за законот за ЈО за да заштедат на време

По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час...

Македонија2 дена

Спасовски: Да се донесат законите, а потоа да се распушти Собранието

Премиерот Оливер Спасовски изјави дека прво треба да се донесат во Собранието сите закони коишто се важни за граѓаните, па...

Македонија2 дена

(Видео) Заев на „Ал џезира“: Немаме алтернатива за европската иднина, да не дозволиме враќање на национализмот

Нашата земја нема друга алтернатива освен градење европска иднина, не смееме да дозволиме враќање на национализмот, изјави претседателот на СДСМ,...

Свет2 дена

Над 1.300 лица починаа од коронавирусот, заразени сѐ повеќе здравствени работници

Бројот на жртви од новиот коронавирус се искачи на 1.383, а регистрирани се 5.090 нови случаи, што е рекорден број....

Македонија2 дена

Законот за ЈО денеска пред пратениците

За денеска во 11 часот закажана е собраниската седница за предлог-измените во законот за Јавното обвинителство. Собранието синоќа со доцнење...

Македонија2 дена

Разрешувањето на Мизрахи на собраниска седница

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална...

Досие