Контакт

Култура

„Црно семе“ на Битолскиот театар во официјална програма на 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Објавено пред

Претставата во продукција на Битолскиот театар, „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, е дел од официјалната програма на 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Истата ќе се изведе на 07.06 во сабота, со почеток од 19 часот.

Одлуката да се постави култниот роман на Георгиевски на сцената на Битолскиот театар го покажува потребниот однос кон сопствената традиција и посвета на трагичната судбина на македонскиот народ од егејскиот дел на Македонија. Трауматичната приказна на Македонците затворени на еден пуст остров во Егејското Море, овој пат низ драматизацијата на Јелена Цветановска и режијата на Андреј Цветановски, е прикажана на мошне сликовит и сценичен начин, особено со ефективната актерска игра на целиот ансамбл вклучен во претставата.

Актерите покажуваат на кој начин може да се покаже трагичната судбина без нагласена патетика, намерно прикажувајќи ја и интимната и суптилна страна на поединечните човечки судбини. Човекот, неговото интимно страдање во однос на политичкиот контекст овде ја прикажува храбрата слика на сплотувањето во колективното и резултатот на личната борба наспроти општествената.

Може да се заклучи дека претставата нуди една емотивно внимателна вивисекција на страдањето создавајќи моќна театарска слика.

Во претставата играат: Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски, Хари Михајловски. Драматизацијата е на Јелена Цветановска, сценограф Сергеј Светозарев, костимограф Благој Мицевски, музика Димитар Андоновски, кореограф Дамјан Цветановски. Учествуваат и 4 млади момци од КУД Илинден: Давид Балтовски, Филип Стефановски, Виктор Крстевски и Александар Ѓорѓиовски. Покрај авторската музика на Андоновски, се користи и композицијата „Бело море“ од Мизар и хорот Хармосини од албумот „Детето и белото море“.

За претставата советникот при Министерството за култура, проф. Атила Клинче ќе каже:

„ Прекрасна претстава, одлични актери кои максимум се ангажирани. Одлична режија на Андреј, уште поубава сценографија и светло дизајн, музика, се тоа дава одличен ритам на претставата. Битолскиот театар затоа е голем театар народски кажано „Театар со сите нишани“. Ме радува тоа што после долги години не сум се видел со многу мои драги пријатели како што се Пепи, Тино, Петар, Вале, Огнен и уште многу други мои пријатели колеги, па се видовме на премиерата. Прекрасно доживување, бев многу импресиониран од претставата, едно големо браво“.

А актерот од Прилепскиот театар, кој игра и на сцената на Битолскиот, Илија Волчески, додава:

„Ништо помалку не се очекуваше од искусниот Андреј Цветановски, а и од фамилијата Цветановски која беше вклучена во овој процес. Се разбира битолските актери и целата креативна и техничка екипа на ниво како и секогаш. Приказната е јасна и се следи со внимание. Одлична структура на претстава, одлично темпо, одлични каратери од страна на сите актери. Многу функционална сценографија со јасни симболи. Како сценографијата, така и костимите, а и дизајнот на светлото и самата музика. Нека се множат уште многу праизведби и премиери и на Андреј и на битолскиот театар“.

Годинешното издание на фестивалот во Прилеп го отвора претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, а го затвора на 13 јуни, претставата „Вистината 2“ на театар Комедија, од Флоријан Зелер, во режија на Владимир Јурц. На истиот доајенката на Битолски и македонскиот театар, Соња Мијахлова ќе ја добие наградата за животно дело.

Најново

Македонија5 минути

Очајниот потег на СДС да шири дезинформации за водата во Скопје го надминува секое дно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Водата во Скопје е безбедна за пиење, кога СДС нема што да понуди на граѓаните сее паника, Филипче да се...

Регион25 минути

Околу 2.000 евакуирани во Омиш: „Сè е покриено со чад, којзнае кога ќе можат да се вратат“

Во моментов има околу 1.500 евакуирани лица во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш, изјави за Хрватското радио...

Македонија31 минута

Променливо облачно време, попладне локален дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе...

Регион54 минути

(Видео) Голем пожар во Хрватска: 36 повредени, 14 хоспитализирани, седум се борат за живот

Во голем пожар што го зафати вчера вечер Омиш, Хрватска, повредени се 36 лица, 14 се хоспитализирани, а седум се...

Македонија1 час

СДСМ: Нека чека Гостивар, ВМРО мора на море и на одмор

По речиси еден месец, Гостивар сè уште чека чиста вода за пиење. Денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби...

Забава1 час

Најпосакуваниот летен тренд се враќа од 2010 година: „Ископајте“ го вашиот стар пар од плакарот

Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и...

Забава1 час

Една од најубавите жени во светот објави фотографии од прославата на првиот роденден на нејзината ќерка

Моделката и инфлуенсерка Оливија Кулпо го прослави првиот роденден на својата ќерка и објави серија фотографии од прославата. Во објавата,...

Свет2 часа

Остатоци од птици пронајдени во моторот во авионот по несреќата со српскиот патник кој излета од прозор

Остатоци од птици се пронајдени во моторот на авионот Боинг 737 NG на „Рајанер“, по несреќата во која еден патник...

Свет2 часа

НАТО собори дрон што навлезе во воздушниот простор на Латвија

Борбени авиони на НАТО соборија беспилотно летало кое влезе во латвискиот воздушен простор рано утрово. Вооружените сили на оваа земја-членка...