Контакт

Култура

Цуцковски: Заедно со новите селектори ќе создадеме врвна уметничката програма на Охридско лето

Објавено пред

Симона Ѓорчева, музички менаџер и режисерот Ненад Витанов се новите селектори на музичкиот и драмскиот дел од програмата на НУ „Охридско лето“.

dobivaj vesti na viber

Директорот Ѓорѓи Цуцковски најави дека заедно со селекторите ќе создадат свежа, интересна и квалитетна програма. Вели дека ќе се залага да се искористи високиот уметнички кадар од Европа а ангажманот на Симона Ѓорчева во Македонија е прв пример за тоа. Според него нејзиниот придонес ќе биде од огромно значење во создавањето на една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековна традиција на Фестивалот.

„Со професионалноста и умешноста на новите селектори ќе внесиме свежина во програмата и убеден сум дека тоа ќе го препознае стручната критика и нашата верна публика“, вели Цуцковски.

Ѓорчева и Витанов се истакнати уметници и културни работници, добро познати на домашната и меѓународната музичка и театарска јавност, со богата меѓународна професионална кариера.

Годинава од 12 јули до 20 август ќе се одржи 65 фестивалско издание на „Охридско лето“.

Култура

„Господа Глембаеви“ од ЦНП гостуваат во Македонскиот народен театар

Објавено пред

По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20:00 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП.

dobivaj vesti na viber

Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна Лучиќ, Данило Чечебиќ, Павле Прелевиќ, Емир Ќатовиќ, Стеван Вуковиќ, Кристина Мркиќ и Предраг Павиќевиќ.

Режисерот Данило Маруновиќ изразува големо задоволство што имал можност да го постави ова култно дело на Крлежа, токму на сцената на Црногорското народно позориште. Тој ќе каже: „Првпат ја прочитав драмата на Крлежа, ’Господа Глембаеви‘, како средношколец и се заљубив во неа. Повеќе од една деценија барав можност да ја поставам „Господа Глембаеви“ и сега кога дојде таа шанса, дури тогаш сфатив колку е, всушност, (освен некоја основна театарска и уметничка одговорност) присутна одговорноста Крлежа да го реализираш во дешифриран код на сегашноста, а да не отидеш предалеку од него.“

Маруновиќ забележува дека драмата денес е уште поактуелна отколку кога е напишана, и успешно го вткајува во неа актуелниот општествено-политички контекст.

Драматург е Божо Копривица, адаптацијата е на Бојана Мијовиќ и Данило Маруновиќ, кој го направи и изборот на музиката, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф е Вања Цирај-Џуџа. Сценските движења ги направи Тамара Вујошевиќ-Мандиќ, сценскиот говор е на Дубравка Дракиќ, а извршен продуцент е Нела Оташевиќ.

„Господа Глембаеви“ премиерно беше изведена на 17 декември 2024 година и наиде на позитивен одзив од страна на црногорската публиката, а ова е прво нивно гостување. Македонската публика ќе биде во можност, по речиси десет години, повторно да ги гледа актерите од Црногорското народно позориште.

Нашата публика ги помни трите постановки на „Господа Глембаеви“ во продукција на МНТ. Повозрасната публика буди спомени од првата, која беше реализирана 1955 година, во режија на Раша Плаовиќ, потоа постановката во 1974 година во режија на Владимир Милчин и последната од 1996 година, во режија на Љубиша Георгиевски со над 150 изведби.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ, а достапни се и онлајн. Цената на билетите за партер е 1000 денари и може да се купат онлајн како и на билетарницата, додека цената за прва галерија е 800 денари, а за втора галерија е 600 денари и истите публиката може да ги купи само на билетарницата во МНТ.

Прикажи повеќе...

Култура

Лесновска ликовна колонија во Куманово

Објавено пред

На 20 февруари, четврток, со почеток во 12,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена 32-та Меѓународната Лесновска ликовна колонија. Изложбата содржи триесеттина дела работени во повеќе ликовни техники.

dobivaj vesti na viber

Меѓународната Лесновска ликовна колонија започнува да се организира далечната 1992 година. Организатор на колонијата е Дом на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип ,со финансиска подршка од Општина Пробиштип, a оваа година е избрана на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата 2024 год. Денес таа прераснува во голема културна манифестација и е препознатлив белег на општина Пробиштип. Стотици уметници од многу краеви на светот учествувале на Лесновската ликовна колонија, зад себе оставајќи голем број на уметнички дела кои се дел од богатата збирка на уметнички дела при Домот на културата „Злетовски рудар“ – Пробиштип.

На 32 –вата Лесновска ликовна колонија учество зедоа 17 уметници, најмногу од нашата држава но и уметници од Бугарија и Канада. На оваа колонија се насликаа 34 уметнички дела. Колонијата се одржа од 25.06.2024-30.06.2024 година. Уметници учесници на 32–та Лесновска ликовна колонија се: Бисер Лапев, Васил Гаврилов, Бојан Тосевски, Христина Стојчевска, Јулија Манојловска, Десислава Лапева, Зоран Нанев, Ива Станковска, Иштар Бисерова Лапева, Мајк Клоус, Ѓоко Антониев, Маринела Миланова, Мики Иванов, Пирин Македонски, Трајан Трајковски и Филип Добривоевски.

Изложбата ќе биде поставена до 05.03.2025 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Распишан конкурс за директор на фестивалот „Браќа Манаки“

Објавено пред

Друштвото на филсмките работници објави конкурс за избор на директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

dobivaj vesti na viber

Кандидат за директор може да биде секој редовен член на Друштвото на филмските работници на Македонија или докажан и афирмиран професионалец од областа на уметноста, културата или друга јавна сфера.

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми: да има високо образование; да има менаџерски и лидерски способности и искуство; да има комуникациски и организациски способности за тимска работа и професионално однесување; да има познавање и искуство во следење на светската филмска продукција и филмските фестивали од висока категорија и да има одлично познавање на англискиот јазик.

Директорот на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ има мандат од две години со право на повторен избор.

Пријавите задолжително треба да содржат биографија на кандидатот, докази за исполнување на предвидените критериуми и детална програма за работата на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Материјалите треба да се достават најдоцна до 6 март оваа година на електронската адреса [email protected] или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Директорот ќе биде избран на следното изборно Собрание на Друштвото на филмските работници.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 часа

Ограничени маржите на над 1.000 производи, одлучи Владата

Владата донесе одлука со која се ограничува маржата во трговијата на големо и трговијата на мало на 102 групи на...

Свет8 часа

Лавров: Ја обновуваме соработката со САД, приемот на Украина во НАТО е закана

Сергеј Лавров, министерoт за надворешни работи на Русија, кој беше дел од делегацијата во Ријад, на прес-конференцијата рече дека Русија...

Свет9 часа

Рубио по состанокот меѓу САД и Русија: Целта е да се обезбеди мир за Украина кој е прифатлив за сите страни

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучот за отворање економски можности со Русија. По...

Македонија9 часа

(Видео) Митева за разрешувањето на Коцевски: Јавниот обвинител покрај правна, подлежи и на општествена одговорност

На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија...

Свет13 часа

По четири и пол часа заврши состанокот помеѓу САД и Русија, стигаат првите реакции

Советникот за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека четири и пол часовните разговори меѓу Русија и САД...

Македонија14 часа

Коцевски: Ако се утврди дека се работи за тешка дисцилинска повреда јас самиот ќе се повлечам

Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски вели дека самиот ќе се повлече доколку се утврди дека направил тешка дисцилинска постапка, но...

Свет15 часа

Путин е подготвен за средба со Зеленски ако е потребно, рече Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот лидер Володимир Зеленски,...

Македонија17 часа

Новите методи на САД за некои се неконвенционални, но конвенционалната дипломатијата, досега, донесе повеќе војни, вели Муцунски

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот...

Македонија17 часа

Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните, велат од СДСМ

„Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување...

Свет18 часа

(Фото) Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа во Саудиска Арабија пред разговорите...

Македонија18 часа

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево,...

Македонија18 часа

ДУИ: Диспропорцијата во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за насоката на нашата држава

„Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително...

Македонија18 часа

Изет Меџити на државната церемонија за 17-годишнината од независноста на Косово: „Нашата поддршка никогаш нема да се разниша”

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, присуствуваше на државната церемонија по повод 17-годишнината од независноста на Република...

Свет19 часа

(Видео) Авион се преврте на писта во Канада: „Висевме како лилјаци“

Најмалку 18 лица се повредени при превртување на авион на пистата на аеродромот Пирсон во Торонто. Меѓу повредените има и...

Свет20 часа

Човекот на Путин: Само ние и Американците ќе се сретнеме во Ријад, тоа е билатерална средба

Јури Ушаков, советник за надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, по неговото пристигнување во саудискиот главен град Ријад изјави...

Свет20 часа

(Видео) Протест против Маск и Трамп во Америка: „Никој не го избра Маск“

Илјадници демонстранти се собраа вчера во Вашингтон за да протестираат против Илон Маск и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп,...

Европа20 часа

Шпанскиот премиер: Ова е одлучувачки момент за ЕУ

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави вчера дека со оглед на тоа што прашањето за Украина повторно доаѓа во преден план,...

Европа20 часа

Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина

„Европа е подготвена и има желба да истапи во корист на Украина“, изјави вчера вечер генералниот секретар на НАТО Марк...

Македонија20 часа

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски на владина седница

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Од владината прес-служба информираа дека...

Свет1 ден

Мировниот договор мора да биде траен; на Киев не може да му се наметне диктат – Стармер и Шолц со пораки од Париз

Британскиот премиер Кир Стармер сподели кратко видео на социјалните мрежи од француската престолнина, велејќи дека сите сакаат мировен договор –...