Контакт

Книги

Четворица издавачи од регионот гости на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ 2020

Објавено пред

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ го најавува своето осмо издание, кое поради ковид-ситуацијата, наместо во мај го премести за септември.

dobivaj vesti na viber

Од 14 до 17 септември во Куршумли ан, Europe House и во Кинотеката ќе се реализира богата програма.

И годинава важен дел од фестивалот ќе биде програмата „Скопје fellowship“, во која вообичаено гостуваат врвни издавачи и литературни агенти од цел свет, со цел македонската литература да се промовира во светот.

Годинава гости во оваа програма ќе бидат: Назли Бериван Ак од Турција, Јасмина Радојичиќ од Србија, Доротеа Монова и Милен Милев од Бугарија.

На вториот фестивалски ден (15 септември), тие ќе учествуваат на тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“ што ќе се реализира во Europe House.

Веднаш потоа ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи.

Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и Кинотека.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Објавена првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски – „Папокот на светлината“

Објавено пред

Објавена е првата рецензија за најновиот роман на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“, кој за помалку од еден месец по промоцијата на првото, веќе доживеа второ издание. Критичкиот одглас за романот на Андоновски е на универзитетската професорка и книжевна критичарка, водечки познавач на современата македонска книжевност, Весна Мојсова-Чепишевска.

dobivaj vesti na viber

„За да не нè доживува преостанатиот свет како книжевност што постојано преџвакува една иста локална приказна, мора да се изнајде пат на кој ќе останеме свои на своето и во чии рамки ќе говориме за една универзална тема со цел да нè разберат и другите/преостанатите. Впрочем, тоа е природна потреба на секоја книжевност што не сака да умре. Овој најнов роман на Андоновски држи до таа девиза да се остане свој на своето преку универзалната тема за бесмртноста, верноста, суетата, гревот, зависта… И зашто тој не е ’веќе писател што сака да им се допадне на другите’, и зашто тој е ’лепослов што е служител само на убавината, а каде е убавината, таму е вистината, Он“.

Осврнувајќи се на „Папокот на светлината“, таа, како одличен познавач на опусот на Венко Андоновски, го коментира и претходното негово прозно творештво од збирката раскази „Фрески и гротески“, објавена пред триесет години преку „Папокот на светот“ објавен пред две децении до денес. Притоа и напоменува дека токму таму каде што заврши неговиот романот „Азбуката за непослушните“, почна „Папокот на светот“, објавен пред дваесет години.

Таа во рецензијата и го отвора прашањето дали со зборови припишани на еден од ликовите, во овој најнов негов роман Андоновски не развива и еден носталгичен однос кон старата добра форма на книга. Дали по малку не го покажува и својот страв од целосното исчезнување на книгата? И додека некој го фасцинира идејата „дека во едно чипче со големина сантиметар на сантиметар може да се „зипува“ сето знаење на светот“, него отсекогаш го фасцинирало „како во една книга, со димензии 15 x 21 сантиметар, може да се настани и сохрани цела една душа“, нагласува истакнатата книжевна критичарка.

Во рецензијата истакнатата книжевна критичарка напоменува дека и во овој роман доминира бројот три како и во првиот, при што се осврнува на трите приказни во „Папокот на светлината“. Првата е монолошки организирана и се чита како исповед на еден писател – има функција на монодрама. Втората е развиена низ две гледни точки на два женски лика и според Мојсова-Чепишевска како структура го има ехото на „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Во неа, според критичарката, како целосно да е имплементирана тезата од прочуената книга на Мартин Бубер, „Јас и ти“: „Јас настанувам во допирот со Ти, настанувајќи јас, јас говорам Ти. Целиот вистински живот е средба. Дијалогот, што е основата на втората приказна, како што истакнува Мојсова-Чепишевска, станува услов за да се развие и третата, која е најобемна и го носи насловот и на целиот роман.

Во рецензијата Мојсова-Чепишевска пристапува кон микрочитање на романот, во кое едновремено се присутни и книжевната теоријата и културологијата, но и историјата на светската книжевност преку многубројни компаративни исчитувања на најновиот роман на Андоновски.

Инаку, со беседа на Весна Мојсова-Чепишевска за дотогашното творештво на Венко Андоновски во декември минатата година почна и големата промоција на романот „Папокот на светлината“. Нејзината рецензија е прв одглас на македонската книжевна критика за ова прозно остварување на Андоновски.

Прикажи повеќе...

Книги

Војната како мотив во уметноста во новиот двоброј 8-9 на „Зенит“

Објавено пред

Десетина современи украински поети застапени во најновиот двоброј на „Зенит“ број 8-9. Автори кои изминатите десет месеци творат под татнежот на бомбите и под звукот на истрелите, својата најнова поезија со призвук на пркос ја објавуваат во Меѓународното списание за наука, литература, култура и уметност „Зенит“, благодарение на препевот од Звонко Димоски и Игор Станојоски.

dobivaj vesti na viber

„Кога војната доаѓа, покосува речиси сѐ пред себе. Но, колку што таа свирепо касапи, реже и граба, толку уметниците создаваат и со својата уметност ги лекуваат раните на светот. Воената инвазија во Украина беше поттик оваа тема да се набљудува токму од уметнички аспект, не само во овој контекст туку пошироко и подлабоко во минатото“, велат уредниците на „Зенит“, Ана Витанова-Рингачева, Сузана Мицева и Далибор Плечиќ.

Покрај литературни текстови, „Зенит“ во овој двоброј објавува и репродукции на ликовни дела повторно мотивирани од војната. Изборот на делата, велат уредниците, е на ликовниот уметник Никола Пијанманов.

Двобројот е поделен на две целини. „Слика 1“ со интервјуа, поезија, проза и репродукции во кои се зборува за војната, и „Слика 2“ со стандардните рубрики на списанието.

Корицата, како и на сите претходни броеви, е дело на ликовниот уметник и илустратор, Ване Костуранов.

„Зенит“ оваа година излегува во 500 примероци а е поддржан од Министерството за култура и од Општина Струмица.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Полските момци“ од естонската писателка Мудлум

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“, на македонски е објавен романот „Полските момци“ од естонската писателка Маде Луига, која своите дела ги објавува под уметничкото име Мудлум. Објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и од програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е последната од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објави во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

dobivaj vesti na viber

Романот првпат ќе се промовира на декемвриските мини саеми на книгата, како и на саемите на книгата во текот на идната година. Станува збор за дело во кое дејствието се одвива во Полска, за време на социјализмот, кој бил под силно влијание на советскиот модел. Група млади се обидуваат да творат бунтовно, дисидентски, да регистрираат списание во кое ќе ги изнесуваат своите слободарски идеи, да организираат изложби и слично.

Еден дел од дејствието се одвива по Втората светска војна, во Битола, која на еден од главните ликови му изгледа како светилник на слободата, па вели:

„На Полска не ѝ требаат големи промени или пресврти. Единственото нешто што ѝ треба на Полска е да биде господар на сопствениот живот, да му даде на секој човек индивидуална можност да изгради светла иднина. Не е возможно тоа само да се ‘сонува’. Ова е желбата да го реализираш твојот живот и во твојата земја секој ден, со радост и релаксираност. Ние веруваме дека единствената цел на Полска е да го инспирира својот народ да успее, како индивидуално така и во колективниот живот.“

Мудлум (Маде Луига) е родена во 1966 година во Естонија. Таа е прозна писателка и литературна критичарка. Студирала филозофија на естонскиот Институт за хуманизам, а дипломирала на естонската Академија за уметности. Во 2017, таа ја освоила наградата „Естонски кратки приказни“ за нејзината книга „Птичји очи“. Во 2020 година, романот „Полските момци“ (Poola poised) ја освои годишната награда на Естонскиот културен фонд, како и престижната Европската награда за литература.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа33 минути

По земјотресот во Турција и Сирија околу 2.600 загинати, најмалку 11.000 повредени

Според последните податоци, во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија загинаа 2.619 лица, а повредени се најмалку 11.119...

Македонија3 часа

Стојанов ја врати објавата со која нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинител испитува дали ќе одговара кривично

Објавата преку која основачот на бугарската фондација „Македнија“, Виктор Стојанов, нуди 200 евра во замена за идентитетот на полицаецот од...

Македонија6 часа

Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен...

Македонија7 часа

За набавка на „трикафта“ за осум пациенти, Собранието треба да смени три закони

Министерот за здравство, Беким Сали, ќе иницира измени на три закони за да се овозможи набавка на лекот „трикафта“ за...

Регион7 часа

Турција не престанува да се тресе: силен земјотрес сега и во Истанбул

По двата разорни земјотреса со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала, кои денеска ја потресоа Турција во...

Македонија7 часа

Гаревски: Бидете спокојни, земјотресот во Турција со сигурност нема да ја стресе Македонија

Разорниот земјотрес во Турција нема да ја стресе Македонија, уверува професорот Михаил Гаревски. Тој за „Макфакс“ вели дека Македонија може...

Свет8 часа

Град во Турција целосно срамнет со земјата, објавени снимки од воздух

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Турција и беше почувствуван во голем...

Македонија8 часа

(Вудео) Унгарската претседателка без коментар за азилот на Груевски: Се радувам што се развиваат односите меѓу нашите држави

Унгарската претседателка Каталин Новак се огради од дадениот азил на експремиерот на Македонија, Никола Груевски. Прашана од „Макфакс“ како може...

Македонија9 часа

Двајца македонски ученици меѓу повредените во земјотресот во Турција

Двајца македонски државјани се повредени во земјотресот во Турција. Според информациите од МНР, се работи за ученици кои преку програмата...

Македонија9 часа

(Видео) Пендаровски: Роденденот на Гоце Делчев беше искористен за кревање тензии од другата страна

Се влошуваат односите со Бугарија. Роденденот на Гоце Делчев сосема непотребно беше искористен за кревање тензии од другата страна, изјави...

Европа9 часа

Над 1.200 загинати и повеќе од 5.000 повредени – расте бројот на жртви во земјотресот во Турција

Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес, кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција. Според...

Македонија10 часа

Отворени телефонски линии и сметки за донации за луѓето погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Црвениот крст на Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и во Сирија за жртвите од...

Свет12 часа

(Видео) Вознемирувачки снимки доаѓаат од Турција: зградите се уриваат како кули од карти

Стотици луѓе ги загубија животите во разорниот земјотрес што утрово ги погоди јужните делови на Турција и Сирија. Спасувачите ги...

Топ12 часа

Детали за несреќата кај Три Чешми: се судриле товарно возило и „голф“, возачот на автомобилот загинал

Во тешката сообраќајна несреќа, која се случила на автопатот Миладиновци – Штип, загинал возач на автомобил со гевгелиски регистарски ознаки....

Македонија12 часа

Пендаровски изрази сочувство до Ердоган и до турскиот народ по земјотресот во Турција

Претседателот Стево Пендаровски изразува сочувство до турскиот претседател и до турскиот народ по силниот земјотрес во Турција. „Изразувам најдлабоко сочувство...

Европа13 часа

Дел од Сирија е зона на катастрофа по земјотресот, стотици загинати и повредени

Најмалку 237 лица загинаа, а 639 се повредени во Сирија по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција,...

Европа13 часа

Ердоган по страшниот земјотрес: „Се надеваме дека заедно ќе ја преживееме оваа катастрофа“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се огласи по катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ги...

Европа13 часа

(Видео) Силен земјотрес во Турција, стотици загинати, голем број повредени, уништени градови

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци тој е...

Македонија1 ден

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет1 ден

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...