Контакт

Книги

„Читајќи го Балканот“- разговор со словенечката писателка Габриела Бабник во Скопје

Објавено пред

Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Читајќи го Балканот“ организира книжевен разговор со словенечката писателка Габриела Бабник. Разговорот ќе се одржи денеска во книжарницата „Антолог“ (Димитрие Чупоски број 31, во близина на гимназијата „Јосип Броз Тито“), со почеток во 20 часот. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.

Габриела Бабник во текот на август е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел од проектот „Читајќи го Балканот“.

Габриела Бабник (1979) е писателка, литературна критичарка и преведувачка. Досега има објавено три романи, а нејзините новинарски текстови, книжевни и филмски критики редовно се застапени во неколку словенечки весници и списанија. Родена е во Германија, а студирала компаративна книжевност на Универзитетот во Љубљана, по што заминала во Африка, која станала инспирација за нејзините дела. Магистрирала на тема од современиот нигериски роман. За својот прв роман, „Кожа од памук“, во 2007 година ја добива наградата за најдобра дебитантска книга на Саемот на книга на Словенија, а за третиот роман „Сушен период“ во 2013 година ја добива наградата на Европската Унија за литература. Во 2015 година романот „Сушен период“, во превод на Лидија Аризанкова, го објави издавачката куќа „Антолог“.

Главен фокус на разговорот ќе биде токму романот „Сушен период“. Романот ја опишува љубовната приказна меѓу Ана, 62-годишна дизајнерка од Централна Европа, и Исмаел, 27-годишен Африканец што пораснал на улиците и бил жртва на многу злоупотреби. Она што им е заедничко се осаменоста, трагичното детство, сушните периоди или „харматан“, кога ниту природата, ниту љубовта не можат да процветаат. Наскоро, уметницата сфаќа дека празнината помеѓу нив не се појавува поради бојата на кожата или поради разликата во годините, туку поради нејзината припадност на западната цивилизација. Еротиката не ја надминува осаменоста, потиснатите тајни од минатото испливуваат во светот што е суров, но и поневин од нејзиниот.

Проектот „Читајќи го Балканот“ се реализира со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија и на европската мрежа за превод и книги Традуки.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на романот „Маџун“ на Влада Урошевиќ

Објавено пред

В четврток, со почеток од 19 часот, во „Кино култур“, ќе се одржи промоција на најновиот роман „Маџун“ на македонскиот писател и академик Влада Урошевиќ. Вовед во делото и разговор со авторот ќе води Владимир Јанковски, а авторот ќе чита делови од романот.

За книгата, проф. Лидија Капушевска-Дракулевска ќе истакне:

„Романот ‘Маџун’ на Влада Урошевиќ е структуриран од три дела, и тоа: Рајот на детството, Сјајот на детството и Крајот на детството. Веќе самите наслови на одделните поглавја ја откриваат доминантната тема на детството, која како Aријаднина нишка се провлекува низ многуте лавиринтски патеки на оваа повеќеслојна и комплексна проза. Зашто, романот ‘Маџун’ не е само роман за детството, туку е и роман на атмосфера, и роман со исклучително урбан сензибилитет, и роман сложувалка во духот на постмодернистичката парадигма, и роман загатка…

Композициски, ‘Маџун’ промовира една исклучителна култура на сеќавањето која ги проникнува историското и личното (индивидуално) време, големите и малите наративи, фактите и фикцијата… Авторот користи колажна техника во нелинеарната нарација, со што внесува особена драматичност во и така драматичното дејствие – виорот на војната.

На микрокосмосот на детството како тематска доминанта, нормално, и` одговара детската визура на светот која внесува очудување на рационално уредената реалност. Во оваа пригода треба да се нагласат уште неколку карактеристики на оваа проза како што се: мајсторскиот опис, леснотијата на раскажување приказна, сликовитоста или алузивноста, како и веќе добро познатата иронија; сите тие го збогатуваат совршениот раскажувачки стил и придонесуваат за високиот степен на култура на јазикот и изразот, повеќекратно потврдени преку писателската практика на Урошевиќ“.

Влада Урошевиќ (1934, Скопје) македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Член на Македонската академија на науките и уметностите, како и на повеќе академии во странство. Има докторат по филолошки науки; како редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, држел курсеви по историја на европските литератури од XIX и XX век.

Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил десет збирки поезија. Помеѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Во повеќе книги се собрани критиките и есеите во кои, главно, зборува за македонските писатели. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се одделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор на поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија, и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.

Неговата дејност како преведувач на поетски дела е свртена, пред сè, кон француската поезија. Ги препеал на македонски „Цвеќињата на злото“ на Ш.Бодлер, како и изборите од поезијата на А. Рембо, Г. Аполинер, П. Елијар, А. Бретон, А. Мишо, Ж. Превер.

Влада Урошевиќ е единствен македонски поет кој ја добил трипати наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на Струшките вечери на поезијата. За својот книжевен опус, именуван е од Владата на Република Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот ред. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, француски и шпански.

Прикажи повеќе...

Книги

Мемоарите на Мишел Обама попродавани од бестселерот „Педесет нијанси сиво“

Објавено пред

Книгата на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, се продава подобро од бестселерот „Педесет нијанси сиво“, објави „Амазон“.

Иако на пазарот е 65 дена, книгата „Бикаминг“ влезе меѓу највлијателните наслови на деценијата, објави „Си-ен-ен бизнис“.

Мемоарите на поранешната прва дама е најпродавана книга на „Амазон“ во последните 47 дена.

Книгата е објавена на 13 ноември. Во неа Мишел раскажува за својот живот почнувајќи од детството. Пишува за расизмот во јавниот живот, за бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, но и за личните искуства како прва дама со афроамериканско потекло.

Од издавачката куќа „Рендом хаус“, која наводно платила 65 милиони долари за авторските права на мемоарите, соопштиле дека книгата е продадена во повеќе од 1,4 милион примероци само во првата недела од издавањето.

Книгата е преведена на 23 јазици, а освен во САД, на прво место е и во Финска, Норвешка, Данска, Германија, Португалија, Англија и во Сингапур.

Прикажи повеќе...

Книги

Објавен романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа

Објавено пред

 

„Македоника литера“ од Скопје неодамна го објави романот „Сапунот на Леополд Блум“ од романската писателка Нора Југа, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Сапунот на Леополд Блум“ е комплексен роман во кој се мешаат жанрови. Тој е своевиден стилски експеримент со длабока оригиналност, со што не е жртвувана приказната. Во раскажувањето често се губи границата меѓу реалното и надреалното, лирското и фактографското раскажување. Како и во неколку други дела на Нора Југа, и ова говори за еротизмот, осаменоста и староста, за сеќавањето и драмите, и последно, но не и најмалку важно, за радоста на пишувањето. Тој нуди слатко-горчлива мешавина на носталгија и хумор, нежност и фрустрација, искреност и преправање се сите состојки што секогаш го дополнуваат задоволството од читањето на оваа писателка.

Сметан е за антироман, со антијунак, поточно со преземениот антијунак на Џемс Џојс преку кого дејствува авторката во романските ситуации.

„Овој ’Сапун на Леополд Блум‘, дојден од прозата на Џојс, лизгав, без цврста форма, но со мирис, како и самиот роман, образува симболичен елемент, кој спојува сè што е измешано во текстот на Нора Југа. Овој текст е автентичен, педантен и наместа со малку идеологија (дијалогот меѓу поетесата и писателот во кој не е јасен односот на двајцата, повеќе значи игра на идеи), реалистичен, но и со навлегувања во мистичен надреализам, производ на претеран нецензуриран сензибилитет, со крај во еден нејасен егзистенцијализам“. (Ана-Марија Попеску, Културен опсерваториум, јуни 2007)

Нора Југа е литературниот псевдоним на Елеонора Алмоснино. Таа е позната романска поетеса, романсиер и преведувач од германски јазик. Родена е во 1931 година во Букурешт. Татко ѝ бил виолинист, а мајка ѝ балерина.

Дипломирала на Филолошкиот факултет при Универзитетот во Букурешт (1953). Работела како професорка по германски јазик во 1954 и 1955 година, а потоа како библиограф во Државната централна библиотека во периодот 1955 – 1969. Од 1969 до 1977 била уредник во Енциклопедиското издателство. Била новинар во весниците на германски јазик Neuer Weg и Volk und Kultur (1977 – 1986). Од 1971 година е член на Сојузот на писателите на Романија и член на ПЕН-клубот.

На 70 години Нора Југа стана највозрасен литературен блогер. Во 2009 година ја доби најзначајната стипендија доделена од германската влада на странски писател Deutscher Akademischer Austausch Dienst (DAAD). Добитник е на петнаесетина книжевни награди.

Има објавено повеќе триесетина книги поезија и проза, превела над 15 книги од германската литература, а нејзините книги се преведени на повеќе од десет странски јазици.

Романот „Сапунот на Леополд Блум“ е објавен во 1993 година за кој во 1994 година беше добитник на наградата на Сојузот на писателите на Романија. Романот доживеа второ издание во 2007 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија14 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија14 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија15 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија17 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија17 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт17 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија18 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ19 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија21 час

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија2 дена

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие