Култура
„Чудна шума“ на Шукарова, Еагли и на Емин ќе го одбележи меѓународниот Ден на танцот

Искра Шукарова, кореограф и професор на Факултетот за музичка уметност, и Урсула Еагли, кореограф од САД, заедно со студентите од катедрата за современ танц при ФМУ, на 29 април (недела) со современ танцов перформанс ќе го одбележат меѓународниот Ден на танцот. Настанот ќе почне во 20 часот, најпрвин во фоајето, а потоа ќе продолжи во Камерната сала на Македонската филхармонија.
Оваа вечер има цел да направи пресек на уметничкиот и едукативниот современ танцов процес. Публиката ќе има можност да го види работниот процес на студентите при ФМУ и самостојното дело на Урсула Еагли, остварено во склоп со кореографското дело на Шукарова, а со наслов „Чудна шума“.
На овој современ танцов настан поканет е музичкиот уметник Џијан Емин, кој ќе биде вклучен како соработник во креирањето на музичкиот концепт. Заедно со Јошико Чума од Јапонија, Џијан Емин во 2007 година во Њујорк веќе оствари соработка со Шукарова и со Еагли на проектот „Страница надвор од редот“.
Еагли и Шукарова првпат ги соединија своите креативни сили во Њујорк, заедно со Јошико Чума. Две години по нивната соработка, тие лансираа заеднички проект, исто така во Њујорк, во 2008 година. Заедно соработуваа и во 2010 година во Драмскиот театар во Скопје со поддршка на Dance Theater Workshop’s Suitcase Fund, потоа во 2011 како дел од NYC’s Performance Mix Festival и со поддршка на Trust for Mutual Understanding и во 2015 година како дел од фестивалот „Локомоушн“ во Скопје.
Програмата што ќе биде претставена на Денот на танцот – 29 Април, ќе биде изведена како перформанс на кој, како што велат и двете кореографки, ќе се обидат да ја воспостават нишката на структурираното општествено живеење пренесувајќи ја публиката низ суспендираните магични базени од танци. Во проектот „Чудна шума“ учествуваат: Урсула Еагли, Искра Шукарова, Деана Антевска, Јована Јанчовска, Бојан Мицев, Јана Петровска, Росана Стефанова, Ана Маркоска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Христина Ангеловска, Стефанија Лефтеровска, Милена Гаврилова, Тања Василевска, Елена Костадинова, Бисера Димчева, Ангела Костадиновска и Олга Серафимова.
На овој настан ќе биде промовирана и работата на катедрата за балетска педагогија – отсек современ танц, која е формирана во 2010 година на ФМУ. За одбележувањето на 29 Април – меѓународниот Ден на танцот, ќе се сподели пораката од македонскиот автор Марко Мицов од страна на Македонскиот интернационален театарски институт, кој оваа година слави 70-та јубилејна година. Пораката оваа година ќе ја прочита Нина Костовска од Центарот за Даунов синдром во Македонија, со кои Шукарова соработува преку проектот „И јас сакам да бидам балерина“, а поддржан од УНИЦЕФ.
Танцовиот перформанс е овозможен со поддршка од Македонската филхармонија, а во соработка со ФМУ-УКИМ, како и од фондот GPS-Global Practice Sharing/Trust for Mutual Understanding and Movement Research. Воедно, оваа програма е уште еден настан од проектот инициран од Шукарова, Nomad to Nomad, како дел од NGO Nomad Dance Academy-Macedonia.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„ИМДБ“ објави листа на најпопуларните 10 филмови за оваа година

Една од најпопуларните веб-страници за љубителите на филмот, „ИМДБ“ (IMDB), објави листа на најпопуларни филмови за оваа година, врз основа на тоа колку биле пребарувани од страна на корисниците.
Судејќи според листата, филмовите со суперхерои се особено популарни годинава. Еве ги филмовите кои ги зафатија првите 10 места.
10. Us
9. Aladdin
8. Alita: Battle Angel
7. Spider-Man: Far From Home
6. The Lion King
5. It Chapter Two
4. Captain Marvel
3. Avengers: Endgame
2. Once Upon A Time In Hollywood
1. Joker
Култура
Откривање на спомен-биста на сликарот Никола Мартиноски во Букурешт

Министерот во Владата задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, денес во Букурешт, во името на Владата, ја откри спомен=бистата на реномираниот македонски сликар Никола Мартиноски.
Во својот говор пред бројните претставници на Владата на Романија, градот Букурешт, дипломатскиот кор и претставниците на македонската заедница во оваа држава, министерот Адеми зборуваше за ликот и делото на Мартиноски и неговиот придонес за развојот на македонската модерна ликовна уметност во 20 век.
„Откривањето на бистата се случува три дена по 8 Декември, Денот на македонскиот јазик во Романија, кој, благодарение на истрајноста на македонската дијаспора во оваа земја и одлуката на романскиот парламент, претставува значаен датум за зачувување на традициите, културата и јазикот на македонското етничко малцинство во Романија“, додаде министерот Адеми.
Овој проект, според Адеми, дополнително ги зацврстува односите и врските меѓу двете култури, македонската и романската, и показател е за одличните односи меѓу двете земји.
„Нашиот голем сликар и академик Мартиноски ни создаде дела кои ни го осветлуваат минатото, светол пример ни е во сегашноста, но и го осветлува патоказот кон иднината. Му припаѓа на првата генерација на македонски академски уметници. Школуван е во Националната школа за убави уметности во Букурешт, далечната 1927 година, а со враќањето од Букурешт и Париз, еден е од основачите и прв директор на Училиштето за применета уметност во Скопје, на Уметничката галерија во македонскиот главен град (од која подоцна ќе никне Националната галерија на Македонија) и еден од основачите на Македонската академија на науките и уметностите“, истакна меѓу другото министерот Адеми.
Toj изрази голема благодарност до почесниот конзул на Романија во земјава, Штерјо Наков, кој материјално ја помогна изработката на бистата.
Мартиноски студирал во Букурешт, а бистата е поставена во познатиот парк Михаел I, заедно со спомениците на „врвни имиња од светот на уметноста, книжевноста, филозофијата, политиката и други реномирани личности на човечкото наследство“.
Култура
Прва награда за Кокан Димушевски на биеналето Тактонс

На седумнаесеттото по ред културно меѓународно биенале Тактонс, најважниот настан за тон-мајсторите од регионот, македонскиот композитор, продуцент и клавијатурист Кокан Димушевски повторно е добитник на првата награда, во конкуренција од преку 120 врвни изведувачи.
Во организација на Радио-телевизизија Војводина, од 6 до 9 ноември учествуваа најзначајните РТВ-центри од Европа, најдобрите тон-мајстори со своите тонски снимки. Кокан Димушевски го покажа своето повеќедимензионално творештво како тон-мајстор, автор на дело и изведувач.
Оваа награда за него е петта по ред, односно во изминатите 10 години тој во континуитет е добитник на прва награда или гранд при на ова значајно музичко случување. Тактонс се одржува од 1983 година. На секои две години им овозможува на најуспешните тон-мајстори од Европа професионално вреднување на техничкиот квалитет на звучните записи врз основа на однапред единствено дефинираните субјективни и објективни параметри.
Како најнаградуван продуцент, Димушевски беше поканет да одржи работилница и да ги презентира своите достигнувања на полето на креативната примена на современите технологии во областа на радиото и телевизијата. Успехот на овој сестран музичар го вреднуваа и Би-би-си и Радио Франција, кои му доделија плакети за неговите заслуги на полето на радиофонското обликување.
Претходно, годинава Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ на Кокан Димушевски му ја додели и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев“. Истата претставува највисоко професионално признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми