Контакт

Култура

Чудни коинциденции го следат победникот на „Санденс“, за „Медена земја“ и награда и дете

Објавено пред

Телефонски повик непосредно пред премиерата што го добила екипата на трикратно наградениот македонски документарец на престижниот фестивал  „Санденс“ ги потресла членовите поради чудниот синхронизитет на датумите и нивната поврзаност со семејството што е дел од приказната на овој филм.

„Пред премиерата ни се јавија од семејството кое е дел од нашата приказна во филмот ‘Медена земја’ и ни кажаа дека им се родило 8. дете. Оваа вест нè стигна некој час пред проекцијата на филмот, но потоа следеше уште еден шок. Во текот на тие три години снимање бевме сведоци и на смртта на мајката на централната личност во филмот, пчеларката Атиџе, а кога ги проверивме материјалите нè вџаши фактот дека тоа се случило исто така на овој датум претходната година. Не сакаме од тоа да правиме мистерија, но во процесите на снимање се случуваат необјасниви нешта, а со ‘Медена земја’ од самиот почеток до крајниот производ приказната се надградуваше и ние само инстиктивно ги следевме сите детали кои се отвораа еден од друг“, откри продуцентот на филмо,т Атанас Георгиев, на денешната прес-конференција.

Преполни со впечатоци, сите членови на екипата на „Медена земја“ раскажуваа за своите искуства за време на снимањето, за неочекуваните награди во „Санденс“ и за желбата нивниот успех да го искористат за јасна порака до јавноста да ја смени свеста и барем малку да размисли за односот кон природата како што во филмот тоа го прави пчеларката Атиџе.

„Овој филм навистина сакаме да го искористиме во мисија да ја смениме свеста на луѓето да разберат колку е важна животната средина и односот кон неа. И за нас беше вистинско откритие односот на пчеларката Атиџе, која половина од медот го собира за себе, а другата им ја остава на пчелите. Алчноста на човекот и цивилизацијата е голема закана за природата и за опстанокот на луѓето и на животните. Исто така, сакаме да го свртеме вниманието и за помош на децата од семејството што го снимавме, би сакале за нив да се обезбеди во иднина школување и подобри услови за живот“, рече режисерот Љубо Стефанов.

Уште на фестивалот во „Санденс“ екипата почнала со кампања за донации за протагонистите од нивниот филм, кои живеат во тешки услови. Тие на оние што донираат симболично им подаруваат мала тегличка од органскиот мед што се прави од диви пчели во сосема еколошка средина.

„Авторитетот од постигнатиот успех ќе го искористиме за да наидеме на поддршка од сите оние што ќе сакаат да му помогнат на ова семејство и пчеларката Атиџе да добијат подобри услови за живот“, вели режисерката Тамара Котевска.  Таа додава дека тригодишната работа на „Медена земја“ донела две клучни работи во нејзиниот живот: созревање како човек и автор и создавање една голема фамилија.

Документарецот премиерно беше прикажан на 28 јануари, во Јута, САД, на најголемиот американски фестивал на независен филм „Санденс“.

Филмот има цел да ја прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начини на искористување на Земјините ресурси, во случајов, пчелите и медот.

Режисери на филмот се Љубо Стефанов и Тамара Котевскa, сниматели Фејми Даут и Самир Љума, на музиката се потпишуваат членовите на „Фолтин“, а музички супервизор е Рана Еид од „ДБ студиос“ од Бејрут.

Идејата за „Медена земја“ потекнала за време на теренските истражувања во  подрачјето што наликува на степа во долниот дел на Брегалница, што изобилува со извонреден и уникатен биодиверзитет. Швајцарската Агенција за развој и соработка ја препознала вредноста на овој документарец и затоа ја поддржа идејата за снимање и продукција.

Документарецот  од  „Санденс“ („Sundance“) во Парк Сити, Јута, САД  се врати со наградите на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а снимателите Фејми Даут и Самир Љума беа наградени за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

„Медена земја“ раскажува приказна за последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, која се обидува да ги спаси пчелите и природниот баланс во природата кога семејството на номадски пчелари се населува на нејзината земја и ѝ ја загрозува егзистенцијата. Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

(Видео) „Марвел“ најави нови 10 филмови до 2021 година

Објавено пред

Филмското студио „Марвел“ најави десет нови филмови на годинешната конвенција „Комик-кон“ што се одржа вчера во Сан Диего. Директорот на компанијата, Кевин Фејџ, ја објави листата со филмови што ќе излезат до 2021 година, а се дел од ерата по „Одмаздниците“.

Едно од најголемите изненадувања е дека оскаровецот Махершал Али ќе го глуми ловецот на вампири Блејд, кој во филмот од 1998 година го глумеше Весли Снајпс.

Натали Портман соопшти дека ќе се врати во 4. продолжение на филмот за Тор – „Thor: Love and Thunder“. Таа повторно ќе ја глуми Џејн Фостер, но овој пат со моќта од чеканот на Тор.

Најавен е и филмот „Eternals“ во кој глумат Анџелина Џоли и Селма Хаек. На публиката ѝ беше откриено дека ќе се снима и првиот филм за азиско-американскиот суперхерој Шанг – Чи. Главната улога му е доделена на канадскиот актер Симу Лиу. Шанг-Чи, кој има татко Кинез и мајка Американка, првпат се појави во стриповите на „Марвел“ пред речиси 50 години.

„Марвел“ објави и дека „Црната вдовица“ со Скарлет Јохансон во главната улога се снима веќе 30 дена, а се очекува да почне да се прикажува на 1 мај 2020 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Поезија од Марковски објавена во американското списание Harbinger Asylum

Објавено пред

Пет песни од македонскиот поет Стефан Марковски беа објавени во летниот број на списанието Harbinger Asylum, кое излегува четири пати годишно во Хјустон, Тексас, во издание на Transcendent Zero Press.

Прилогот со застапените песни е насловен „По трагата на белиот грифон“ и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа „Антолог“ и македонско-англискиот избор Ветена земја/Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилози на 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмирани автори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.

Прикажи повеќе...

Култура

Кино на отворено во паркот кај МКЦ

Објавено пред

Во првото издание на Кино на трева од утре, 23 јули, па во наредните четири дена до 27 јули (сабота) ќе бидат прикажани пет филма во паркот на МКЦ.

Настанот е во организација на МКЦ и киното „Милениум“, а во склоп на програмата на „МКЦ за Скопје“.

Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, а на посетителите останува да си обезбедат место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе за седење на трева. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе почне по полноќ.

Репертоар:
23  јули (вторник) COLD WAR | режија: Pawel Pawlikowski
24  јули (среда) DOGMAN | режија: Matteo Garrone
25  јули (четврток) LORO | режија: Paolo Sorrentino
26  јули (петок) ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СКОПЈЕ | режија: Данило и Раде Шербеџија
27  јули (сабота) BORDER | режија: Ali Abbasi

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија13 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија13 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија14 часа

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија15 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија18 часа

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет19 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет19 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет20 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет20 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет21 час

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет21 час

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија1 ден

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија1 ден

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион1 ден

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија2 дена

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија2 дена

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет2 дена

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет2 дена

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Досие