Контакт

Култура

Шеридан: Ирска е како кинематографер на Британија, не „постои“, ама тука е

Објавено пред

Светски познатиот режисер, сценарист и продуцент, Џим Шеридан кој се наоѓа во Битола, денеска во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“  одржа мастер клас. Шеридан чии филмови се ремек делата „Моето лево стопало“ и „Во името на таткото“, на фестивалот пристигна во својство на претставник на Европската филмска академија (ЕФА). Тој истакна дека е изненаден од сериозноста на на начинот кој е организиран фестивалот.

„Ја разгледував програмата и забележав дека многу голем дел од филмовите кои овде се селектирани да се прикажат се одлични“, рече Шеридан.

На прашањето како влијае брегзит врз Ирска, Шеридан одговори со ангедота:

„Ирска е како кинематографер на Британија, не „постои“, ама тука е. Ние им бевме закана на Британците на некој начин. Во минатото на границата со Ирска се граделе кули и доколку не е некој закана за тебе нема да градиш такви кули. Британците сметаа дека Европјаните ќе ја искористат Ирска за да ја нападнат Британија. Така другите гледаа на оваа мала католичка земја, која беше назадна и старомодна. И тоа е нашата историја“, рече тој говорејќи за политичката историја на неговата земја.

Шеридан зборуваше е и за неговиот филм „Во името на таткото“, и за тоа како политиката и црквата ги разделуваат семејствата.

Шеридан е роден во Даблин 1949 и е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија. Врв на неговата кариера и воопшто врв на ирската кинематографија е ремек-делото „Во името на таткото“, кој на Берлинскиот фестивал во 1994 ја освои „Златната мечка“, по што филмот се закити со уште 7 други светски награди и рекорден број номинации, меѓу кои се 7 номинации за „Оскар“, 4 номинации за „Златен глобус“ и 2 номинации на БАФТА.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Басистката Андреа Мирческа е првата жена добитник на наградата за најдобар млад џез-музичар „Златен орикс“

Објавено пред

Басистката Андреа Мирческа е добитник на годинешната награда за најдобар млад џез-музичар „Златен орикс“, доделена од „Катар ервејс“ како дел од Скопскиот џез-фестивал. Авиокомпанијата, која е традиционален поддржувач на фестивалот, ја доделува наградата за најдобар млад џез-музичар веќе трета година по ред за поддршка на младите музичари во нивните достигнувања од областа на културата.

Годинешната добитничка Мирчевска е прва жена што ја добива оваа награда откако претходните две години признанието заврши во рацете на пијанистот/клавијатурист Филип Димишковски и тапанарот Виктор Филиповски. Наградата ѝ беше врачена во вторникот на церемонијата во МКЦ клуб-ресторанот во Скопје.

Мирчевска студира џез-контрабас на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски, каде што во моментот е дипломец. Иако е млада музичарка, таа веќе стекна значително искуство во џезот преку повремени настапи со групата „Летечки пекинезери“, а воедно беше дел од музичкиот фестивал во Сараево, учествуваше и во голем број концерти на „Јордан Костов трио“. Покрај редовните настапи на клупските џез-свирки во Скопје и другите градови во земјата, таа моментно е вклучена во најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Таа е исто така вклучена во многу уметнички проекти, како што се ГОДО, „Танго ритмо“, „ЗиБомб лабаво“ и „Фанки“ и други.

„Среќна сум што годинава сум добитник на оваа награда. Особено што мислам дека признанието доаѓа во време кога сè уште сум на почетокот на мојата музичка кариера, што е индикација дека го направив вистинскиот избор кога станува збор за музиката. Оваа награда ќе биде поттик да продолжам да работам на мојот сопствен развој и да понудам нови и квалитетни проекти“, изјави победникот Андреа Мирческа.

Годинешниот Скопски џез-фестивал се одржува од 17 до 20 октомври во Македонската опера и балет, МКЦ и клубот „Епицентар“. Во фокусот на годинешното издание на фестивалот ќе биде одбележувањето на 50-годишнината од германската издавачка куќа ECM Records, на која ќе настапат светски познати звучни музичари, како што се американските гитаристи Дејвид Торн и Фред Фриц со своето трио, квартетот на Анару Брам, грчкиот лирски мајстор Сократ Синопулос, бендот „Арт ансамбл на Чикаго“, триото на норвешката џез-сензација Торд Густавсен, францускиот басист Joоел Леандер и многу други истакнати музичари. На Скопскиот џез-фестивал ќе бидат претставени и еклектичниот „Оркестар на магијата“ на Џијан Емин и групата Next To Silence.

„Катар ервејс“ е национален превозник на државата Катар, на патниците им обезбедува глобална мрежа од повеќе од 160 деловни и туристички дестинации, кои се достапни преку неговиот центар во Доха. Со отворањето на својата трговска канцеларија во Скопје пред две години овие дестинации нудат патувања како никогаш порано за патници од Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Култура

Изведба на балетската претстава „Дамата со камелии“

Објавено пред

На 22 октомври (вторник), со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција што наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри – „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ.

Прикажи повеќе...

Книги

Македонските издавачи на Саемот на книгата во Франкфурт

Објавено пред

Современата македонска литература, претставувана од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), ќе биде дел од 71. издание на Саемот на книгата во Франкфурт, што ќе се одржи од 16 до 20 октомври 2019 година.

На најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија, што се одржува со мотото „Идеи што го придвижуваат светот“, нашиот промотивен штанд ќе биде сместен во петтата хала за меѓународни учесници. На 32 квадратни метра ќе бидат претставени 400 наслови од стотина македонски автори, објавени од 20-ина наши издавачки куќи. Посетителите ќе може да ја видат богатата понуда на книги за деца, стручна литература, едукативни изданија и белетристика на македонски, албански, англиски и на германски јазик.

Претставувањето на македонската делегација на најпрестижниот светски книжевен настан годинава е во знакот на промоција на нашата современа книжевност, бизнис-средби и соработки со странските партнери и промоција на нашата земја како современа културна и книжевна средина.

Првиот саемски ден ќе биде посветен на македонската литература за деца и за млади, со фокус на книгата за деца „Девојче и мече“ од Ване Костуранов (издание на „Арс ламина – публикации“), која влезе во престижната листа The White Ravens 2019.

В четврток (17 октомври) ќе се одржи т.н. македонски ден кога штандот ќе го посети министерот за култура, д-р Хусни Исмаили. Министерот, заедно со македонската делегација и претставници на МАИ, ќе оствари средба со заменик-претседателот на саемот и директор за меѓународна соработка, Тобијас Вос, на која ќе се разговара за идните планови и соработка.

Истиот ден специјален гостин на штандот ќе биде и луксембуршкиот автор Жан Бак, добитник на Европската награда за литература во 2010 година, чија книга „Аматер“ на македонски јазик е објавена во едицијата „Прошетка низ Европа“ од „Арс ламина – публикации“.
Закажани се и повеќе промоции во текот на саемските денови, како и бизнис-средби со меѓународни издавачки куќи, литературни агенти, автори и релевантни здруженија, со цел претставување на македонската книжевна продукција, унапредување на соработката и вмрежување.

Саемот на книгата во Франкфурт се смета за најголем и најпосетен настан од овој тип во светот. Тој е вистинското место за средба на експертите од оваа бранша, најголем пазар за книги, преговори за права и лиценци, каде што се разменуваат искуства, се склучуваат договори, место каде што секоја година, без разлика дали се работи за издавачи, автори, книжари, агенти, сите тие се заедно во Франкфурт во октомври и ги создаваат новите трендови. Годинава земја почесен гостин е Норвешка.

Саемот на книгата во Франкфурт е најголемиот саем на меѓународната издавачката индустрија со повеќе од 7.500 излагачи од 110 земји, околу 285.020 посетители и 139.460 трговски посетители. Има повеќе од 4.000 настани и околу 10.000 акредитирани новинари вклучувајќи и 2.000 блогери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува Протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија35 минути

Заев: Ако нема одлука за датум, владата може да падне

Понатамошно одлагање на добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на владата, рекол премирот...

Македонија1 час

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет2 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион3 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија3 часа

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет5 часа

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет5 часа

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет5 часа

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион6 часа

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Европа6 часа

САД ги повикаа каталонските демонстранти на умереност

Соединетите американски држави ги повикаа каталонските демонстранти на умереност во реакцијата на судската пресуда за политичарите што организираа референдум за...

Македонија16 часа

Спасовски најави намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува...

Свет18 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија20 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа21 час

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион22 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт22 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет23 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет24 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ1 ден

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Досие