Контакт

концерти

„Што е тоа… гудачки квартет“ – втор концерт за детска класика во Македонската филхармонија

Објавено пред

Поради огромниот интерес и распродадениот прв концерт, „Пламенка Трајковска – гудачки квартет“ го најавуваат својот втор концерт со наслов „Што е тоа… гудачки квартет“ на 20 октомври, во 18 часот, во Македонската филхармонија.

„Откога експресно се продадодоа билетите за првиот концерт ‘Што е тоа… гудачки квартет’, квартетот со поддршка на Македонската филхармонија одлучи да организира уште еден концерт во 18 часот. Во текот на денот и за овој концерт се продадоа многу билети и сосема е можно да биде организиран уште еден трет концерт во 20 часот со цел сите заинтересирани да уживаат во концертот“, најавија од филхармонија.

Класичните концерти за децата се во фокусот на „Пламенка Трајковска – мали камерни состави“ и тие во изминатите години реализираа повеќе концерти во домовите за култура и во основните училишта. За проектот „Што е тоа… гудачки квартет“ добија поддршка од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата за 2018 година и од Македонската филхармонија.

Билетите за концертите се продаваат во Македонската филхармонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Објавено пред

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“

Објавено пред

Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски -Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Прикажи повеќе...

концерти

Фестивал на музика од светот од 18 до 20 септември во Битола

Објавено пред

Од 18 до 20 септември во Битола ќе се одржи 12. издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот, поради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно зашто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“, изјави Маја Андоновска-Илијевски, директор на НУ Центар за култура – Битола, кој е организатор на овој фестивал.

Во трите фестивалски дена публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18 септември, каде што ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од Операта во Малме, Шведска, Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеја, почеток во 19.30 часот.
На 19 септември е сместена Оф-програмата со пладневен концерт на ConTruDJ во „Интермецо“ и со вечерната програма „Ноќ на џезот“ во битолската „Порта џез“.

За последната вечер, 20 септември, е најавен концертот на Владимир Четкар.

„Свирењето пред македонската публика е како враќање дома“, изјави Четкар за концертот во Битола, кој ќе се одржи на локацијата Пацио на НУ Завод и музеј – Битола со почеток 19.30 часот.

Целиот визуелен идентитет за фестивалот е дело на графичката дизајнерка Ангела Христовска, која има свое објаснување за крикот на уметникот во време на пандемија и неговиот гласен молк.

„Оваа ситуација нè научи да го запознаеме и прифатиме својот микрокосмос и да го сместиме светот во неговите граници. Миксот на кирилично-латинична типографија е симбол на тој свет, присилно сместен во границите на нашиот микрокосмос. И само уметноста ја има моќта да ги премине тие граници“, објасна таа.

Влезниците за настаните на 18 и 20 септември се 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат според сите протоколи предвидени за вакви настани.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ14 часа

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Европа15 часа

Додека Навални закрепнуваше во Берлин, во Русија му го заплениле станот

Сметките на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални се замрзнати, а неговиот стан во Москва е одземен додека тој во болница во...

Македонија16 часа

Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаја на...

Македонија17 часа

Владата ќе го разгледа барањето за продложување на породилното отсуство

Владата ќе ги разгледа барањата на родителите кои предлагаат времено продолжување на породилното отсуство за месец или два и ќе...

Свет17 часа

Ниту едно вакцинирано лице во Москва немало компликации

Не се забележани компликации кај ниту едно од 3.000 лица кои биле вакцинирани против коронавирусот во Москва како дел од...

Македонија19 часа

Врховниот суд ја потврди 4-годишната казна за Сеад Кочан

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија19 часа

Рангелова: Ја докажав правдата и слободно можам да се пресметам со тие кои ме обвинуваа

Експратеничката Даниела Рангелова, која е ослободена во предметот „Насилство во Центар“, по судењето, на сведоците кои лажно сведочеле против неа...

Македонија20 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Свет20 часа

(Видео) Насилни протести во САД поради случајот со Бреона Тејлор, ранети се двајца полицајци

Двајца полицајци од Луисвил, во американската држава Кентаки, беа застрелани во средата вечерта во центарот на тој град среде масовни...

Регион21 час

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ21 час

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија21 час

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија21 час

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија23 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа23 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија1 ден

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа1 ден

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет1 ден

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет1 ден

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Досие