Контакт

Култура

Ѕвездата од серијата „Вовед во анатомија“ номинирана за наградата Еми

Објавено пред

Сандра Оу е првата Азијка номинирана за наградата Еми, а среќната вест за својот успех ја сподели на „Инстаграм“.

Таа е номинирана за наградата Еми за улогата во трилерот Killing Eve, кој се емитува од април.

За наградата во категоријата „најдобра актерка“ номинирани се и Клер Фој, Татјана Маслани, Елизабет Мос, Керли Расел и Еван Рејчел Вуд.

 

концерти

Канадскиот пијанист Сковородников ќе музицира на „Охридско лето“

Објавено пред

Од

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт на канадскиот пијанист Еуген Сковородников.

Сковородников на љубителите на уметноста во акустичниот амбиент на охридската катедрала ќе им долови дела од Фредерик Шопен и Петар Илич Чајковски.

Критиката го опишува како изведувач со „извонредна изведувачка техника“, „неспоредлива елеганција и волшебна моќ“, „совршено мајсторство во свирењето и истенчено чувство за стил“. Еуген Сковородников додипломските студии ги завршил во 1981 година на Државниот универзитет за уметности во Харков, Украина, а постдипломските на Конзерваториумот во Санкт Петерсбург. По завршувањето, тој останува да работи во оваа институција сè до 1990 година, кога ја напушта земјата.

Во 2006 година Еуген Сковородников за своите достигнувања во образовната и изведувачката практика бил награден со Почесен докторат на полето на музичките уметности од Државниот универзитет за уметности во Харков. Во текот на својата кариера настапувал на некои од најпрестижните концертни сцени во Русија, Канада, Италија, Кина, Израел, Украина, САД. Покрај солистичката дејност, Сковородников настапува и како камерен изведувач, соработувајќи притоа со голем број познати музичари. Често може да се сретне како член на жирито на интернационалните пијано-натпревари во Италија и Германија, а познати се и неговите мајсторски курсеви што ги одржува на интернационалните фестивали во повеќе земји.

Прикажи повеќе...

Култура

Во Охрид почнува првото издание на „Бич филм-фестивал“

Објавено пред

Од

Со проекција на хрватскиот филм „Осмиот комесар”, на која ќе присуствува и режисерот Иван Салај, вечерва на плажата „Оревче“ на брегот на Охридското Езеро ќе биде отворено првото издание на „Бич филм-фестивал“.

Како што предвидува програмата на  натпреварувачкиот дел на фестивалот, во текот на четирите фестивалски вечери ќе бидат прикажани филмски остварувања на режисери од повеќе држави од Европа и пошироко, а манифестацијата предвидува и ревијален дел со проекција на интересни филмови. Посебна атракција за посетителите ќе биде проекцијата на филмот „Холидеј” на бродот „Галеб”, кој за време на прикажувањето ќе плови на релација Охрид – плажа „Оревче“.

Предвидено е по секоја проекција на филмовите да следат интересни содржини со настапи на македонски и меѓународни изведувачи како RIB, Cyrillic, Palindrom, DJ Klara Vedis, Sajsi MC, Foltin…

Во рамки на „Бич филм-фестивал” предвидени се и дневни активности, со работилници за актерска игра за средношколци, за документарен филм на која студентите ќе можат да научат повеќе за основите на создавањето  документарен филм, продукција, режија, работилница за актерска игра за деца од 11 до 14 години.

За сите заинтересирани посетители на „Бич филм-фестивал“ организаторот има обезбедено бесплатен превоз од Охрид за секој ден од фестивалот.

Прикажи повеќе...

Книги

„Играле моми по месечина“ – промоција на еротскиот фолклор на Иван Котев во Струмица

Објавено пред

Од

Денеска во НЦУК „Антон Панпв“ во Струмица со почеток во 20 часот ќе биде промовирана книгата со еротска содржина „Играле моми по месечина“ од струмичанецот Иван Котев. Книгата ќе ја промовира д-р Ана Витанова Рингачева, а низ промоцијата ќе води Ѓорги Калајџиев.

„Играле моми по месечина“ е книга од 160 страници меѓу чии корици се сместени 87 песни, 16 анегдоти, 11 народни приказни и стотици пословици и поговорки. Книгата ја рецензирала Ана Мартиновска, која, меѓу другото, напишала: „Иван Котев е еден од ретките доследни и долгогодишни собирачи на богатствата од македонското народно творештво, неуморен во своите напори да ги собира и избира скапоцените и ретки фолклорни бисери за да ги зачувува од заборавот и да им ги остави во наследство на идните генерации. Таа своја благородна фолклористичка и публицистичка мисија, Котев во оваа пригода ја продолжува со едно исклучително значајна збирка на македонски народни умотворби со еротски мотиви насловена како ‘Играле моми по месечина’. Овој релативно неутрален наслов крие во себе провокативна и опсцена содржина, односно избор од народни умотворби од различни жанри – песни, приказни, пословици, гатанки, афоризми и други творби, кои поради својата тема и лексика недвојбено можеме да ги вброиме во она што се нарекува еротски фолклор.“

Ова е прва книга со ваква содржина во Струмичко.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија12 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Македонија13 часа

Власта бескомпромисна за амнестијата, од опозицијата велат дека не ни разговараат за тоа

Премиерот Зоран Заев по лидерската средба рече дека нема да има амнестија ниту директна ниту индиректна. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Македонија14 часа

(Видео) Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача Мицкоски

Да нема двосмислени прашања на референдумот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но не одговори што мисли за референдумското прашање...

Македонија14 часа

(Видео) Заев: Броени се деновите до референдумот, решение за ДИК на следната лидерска средба

Разговорите на политичките лидери ќе продолжат в недела навечер или понеделник наутро. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува на следната...

Македонија14 часа

(Видео) Ахмети: Очекувам решение во наредните денови

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по лидерската средба, рече дека постојат разлики меѓу партиите и дека очекува храброст од сите...

Македонија14 часа

(Видео) Касами: Државата е во критична состојба

Беса цени дека државата е во критична состојба и во сериозна позиција за да продолжи со процесот за евроинтеграции, изјави...

Топ15 часа

Обвинение за три лица што тргувале со малолетничка и сексуално ја искористувале

Основното јавно обвинителство денеска до надлежен суд поднесе обвинение против еднa жена за сторено кривично дело трговија со дете, а...

Топ15 часа

Власта бара гаранции за успешен референдум, опозицијата реагира дека дошле неспремни на лидерска

По повеќе од два часа разговори, нема приближување на ставовите меѓу лидерите на партиите околу референдумот. Според неофицијалните информации што...

sovetnicka, vlada, dolg sovetnicka, vlada, dolg
Македонија17 часа

(Видео) Советничка на Заев стопирала наплаќање долг кон приватна фирма, сопствениците ќе останат на улица

Петнаесет лица, сопственици на кумановската фирма „Кридеа“, стравуваат дека ќе станат  бездомници бидејќи испорачувале услуги за државната фирма „Економија Идризово“,...

Македонија17 часа

Власта и опозицијата едногласни – пратениците ја изгласаа Декларацијата за членство во НАТО

Со 76 гласа „за“, без „воздржани“ и „против“, пратениците ја изгласаа Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија...

Македонија18 часа

(Видео) Четворицата лидери пристигнаа на средбата во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца од власта. На средбата учествуваат...

Македонија18 часа

Нема фер пристап на референдумот ако цензусот се книжи како „против“

Поважно од карактерот на референдумот е фактот дали политичките партии ќе ги почитуваат резултатите, велат експретседателот на Собранието, Стојан Андов,...

Македонија19 часа

Села нема покана, Касами доаѓа на лидерска

Денешната лидерска средба, која е закажана за напладне, треба да се одржи во формат четворица лидери, двајца од опозицијата, двајца...

Македонија20 часа

Советот за етика бара Владата да го испита инцидентот со фоторепортерите

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) очекува од Владата на Република Македонија да го разгледа вчерашниот случај во...

Свет20 часа

(Видео) Трамп: Путин е на чело на државата затоа е виновен за мешањето во изборите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во интервју за „Си-Би-Ес ивнинг њуз“ изјавил дека е точно дека Русија се мешала во претседателските...

Регион21 час

Дијалогот Белград-Приштина ќе продолжи за неколку недели

По средбата во Брисел, претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се согласиле да го обноват дијалогот...

Свет21 час

Момчињата јавно зборуваа за времето минато во пештерата, пиеле дождовница и се молеле за да избегнат негативни мисли

Дванаесетте момчиња и нивниот фудбалски тренер кои од тајландската пештера беа спасени од страна на спасувачки тимови на вчерашната прес-конференцијата...

Европа21 час

Откриени напаѓачите на Сергеј Скрипал и неговата ќерка

Британските истражители соопштија дека ги откриле осомничените напаѓачи кои стојат зад нападот со новичок на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал...

Македонија1 ден

Заев: СПМ остана до крајот на средбата, таа е за ЕУ и НАТО

СПМ остана до крајот на лидерската средба, таа, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, е за ЕУ и НАТО, изјави премиерот Заев...

Досие