Контакт

Култура

„Јон Вардар против галаксијата“ во кината во Унгарија

Објавено пред

Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против Галаксијата“ од вчера, четврток 27 март, се прикажува во кино салите во Унгарија.

Филмот викендов имаше специјална проекција пред новинарите и претставниците од филмската индустрија во Будимпешта, во присуство на режисерот Гоце Цветановски и екипата од Унгарија која работеше на проектот.

„Унгарија последна влезе во копродукција, но прва ја заврши својата работа, и тоа го направи одлично. Благодарен сум на целиот унгарски тим чиј придонес беше од суштинско значење за овој проект од историско значење, како прв македонски долгометражен анимиран филм“, рече режисерот Цветановски.

Модераторот на настанот го спореди филмот со „Војна на ѕвездите“ и „Ѕвездени патеки“, додека целиот простор во кино-комплексот Синема Сити беше брендиран во знакот на „Јон Вардар“.

Унгарски копродуцент на филмот е Ева Конрад од Уматик Ентертејнмент, а филмот доби поддршка од Унгарскиот Филмски Институт, и Унгарската Филмска Лабораторија. За потребите на проекцијата, „Јон Вардар“ беше синхронизиран на унгарски јазик, а главните улоги ги толкуваа еминентните актери Тамаш Маркович, Миклош Капачи и Герда Пикали.

Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Унгарија, Бугарија и Хрватска, а е поддржан од Агенцијата за Филм.

Најново

Култура42 секунди

„Заливот на вдовиците“ триумфираше на „Еми“ наградите

Во Лос Анџелес во понеделникот, на 14 септември, се одржа 78. доделување на телевизиските награди „Еми“. Хорор-комедијата „Widow’s Bay“ („Заливот...

Македонија6 минути

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари

Во моменти кога цената на нафтените деривати ја надминува границата од 100 денари за литар, а македонските градови рушат светски...

Култура15 минути

Промоција на книгата „Септемвриска тетратка“ од Гордана Михаилова Бошнакоска во КИЦ

Во Културно информативниот центар – Скопје, на 17 септември 2026 год. во 19:19 часот Салон -Империјал 1 ќе се оддржи...

Забава15 минути

Жените полудеа по 50-годишниот актер: Го прогласија за „најсекси губитник на Еми“

Актерот Шон Хатоси (50) не освои Еми на годинашното доделување, но привлече огромно внимание на социјалните мрежи, каде обожавателките го...

Забава20 минути

Џенифер Лопез ги покажa деталите од својот нов дом од 18 милиони долари

Џенифер Лопез го покажа својот нов дом од 18 милиони долари во елитната калифорниска населба Хиден Хилс. Таа го купи...

Забава22 минути

Стивен Рут (74) ja освои својaта прва „Еми“ и не можеше да поверува: „Мислев дека е грешка“

Актерот Стивен Рут (74) ја освои својата прва Еми награда за најдобра споредна машка улога во хумористичната серија „Widow’s Bay“,...

Македонија29 минути

Штета за албанската кауза, министерот за правда од „Вреди“ ја изедначи жртвата со агресорот, велат од ДУИ

Според ДУИ, скандалозната изјава на министерот за правда од редовите на „Вреди“ има нанесено сериозна штета врз историската вистина и...

Македонија33 минути

Утре на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

СВР Охрид известува дека, полициски службеници од редовниот состав при Секторот за внатрешни работи Охрид, утре 16.09. 2026 година, со...

Македонија33 минути

Апасиев бара одговори за наплатата на брзите кредити: По кој закон се оди на врата за долг?

Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев најави дека проблемите со брзите кредити ќе ги отвори институционално преку пратенички прашања...