Контакт

Култура

Љутков најави повеќе средства за одржување на филмското наследство во Кинотеката

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на Кинотеката, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.

dobivaj vesti na viber

„Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.

Љутков потсети дека Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.

На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм. Во 2025 година следува дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, како и дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов.

Во фоајето на Кинотеката, заедно со новинарските екипи, министерот Љутков ги разгледа и фотографиите кои даваат приказ како изгледал запуштено пред три месеци и како изгледа сега споменикот на културата „Хавзи-пашини конаци“ во с. Бардовци, кој во изминатите години, како што рече, очигледно целосно бил заборавен.

При посетата беше истакнато дека овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен. Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.

На средбата со раководството на Кинотеката стана збор и за јубилејот 50 години од започнувањето на нејзината значајна културна активност, кој ќе се прослави во 2026 година, кој за што в. д. директорот Грујоски информираше дека вработените во оваа институција работат и на монографија за Кинотеката по повод прославата на 50-годишнината, а во наредниот период ќе се договорат сите филмски програми, гостувања, изложби и настани за одбележување на годишнината, со цел да се обезбеди пригодна програма во текот на целата јубилејна година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Патување низ боите – јубилејни триесет години творештво“ на Башким Меџити

Објавено пред

На крајот од 2024 во атмосфера на загревање на претпразнично расположение со задоволство ве информираме дека на 16 декември, понеделник, во 19 часот ќе се отвори изложбата на ликовниот уметник и професор Башким Меџити во објектот Чифте амам на Националната Галерија.

dobivaj vesti na viber

Изложбата претставува одбележување на 30-годишното творештво на академскиот сликар Меџити и носи наслов „Патување низ боите – Јубилејни триесет години творештво“. Сликарскиот опус ќе биде претставен со седумдесетина слики изработени во комбинирана техника, акрил на платно.

Творечкото патување на Меџити се одвива низ неколку циклуси, од најраната младост, дипломирањето на Факултетот за ликовна уметност во Приштина, до неговиот сегашен ангажман како редовен професор на Државниот универзитет во Тетово.

За самото отворање ќе биде подготвена соодветна монографија со пригодни осврти за неговиот сликарски пат, изложбата ќе трае до 16.01.2025, а куратор на проектот е Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

Прикажи повеќе...

Култура

„Бубачки“ на Игор Иванов-Изи денеска во Кинотеката во рамките на јубилејните проекции на македонските филмови

Објавено пред

Декемвриската програма на Кинотеката ја збогатуваат легендарни македонски филмови кои ја обележаа историјата на нашата кинематографија. Со овие проекции публиката има можност повторно да се потсети на овие маестрални дела, кои преку различни наративи и жанрови ја прикажуваат македонската култура, историја и живот.

dobivaj vesti na viber

По повод 20-годишнината од премиерата на „Бубачки“ по сценарио и режија на Игор Иванов Изи, филмот ќе биде прикажан во Кинотеката на 13 декември со почеток во 19.30 часот.

„Бубачки“ е македонски краткометражен игран филм од 2004 година, во продукција на „Сектор Филм Скопје“. Филмот е номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2004 година и е добитник на престижниот „Златен леопард“ на фестивалот во Локарно. Бубачки успеа да се пласира помеѓу девет кратки филмови во трката за „Оскар“, но не се здоби со номинација.

Што станува со еден млад човек кој живее целосно во својот свет? Меланхолични и моќни слики ги враќаат спомените од минатото на момчето, додека ја откриваат неговата контемплација за сегашноста.

Улогите ги толкуваат: Ѓорѓи Крстевски, Оливер Митковски, Лабина Митевска, Владимир Јачев и Јелена Богојевиќ.

Прикажи повеќе...

Култура

Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски

Објавено пред

На 16 и 17 декември на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток од 20:00 часот ќе се одиграат две премиерни изведби на претставата „Замисли нов свет“, работена според мотиви од делата на Горан Стефановски. Ова беше соопштено на прес-конференцијата која се одржа денеска во Македонскиот народен театар, на која присуствуваа членови на актерската екипа заедно со режисерката Нела Витошевиќ, претставникот од продукциската куќа „Сектор Филм“, директорот на МНТ, Никола Кимовски, како и Емилија Андоновска, Главниот комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком, кој стои зад реализацијата на оваа претстава.

dobivaj vesti na viber

Претставата обработува безвременски теми од нашата заедница, испреплетени една низ друга и раскажани преку добро познатите ликови од драмите на Стефановски.

„Секогаш кога се подготвува претстава поврзана со ликот и делото на Горан, интересот е голем, бидејќи сите ние се пронаоѓаме во неговите дела, ги чувствуваме како блиски и безвременско релевантни. Воедно, би сакал да изразам благодарност до Македонски Телеком што иницираше и поддржа еден ваков театарски проект, и се надевам дека во иднина повеќе компании ќе го следат овој пример“, изјави Никола Кимовски, директор на МНТ.

Во „Замисли нов свет“ ќе се појават актери од различни генерации и секој од нив ќе толкува повеќе улоги одеднаш. Актерската екипа која ќе се појави на сцената на МНТ е составена од: Верица Недеска, Дамјан Цветановски, Игор Ангелов, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски. Претставата е режирана од Нела Витошевиќ, по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска. Во креативниот дел се потпишуваат уште и композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска.

Претставата „Замисли нов свет“ е проект на Телеком во соработка со МНТ, идеја на маркетинг-агенцијата Saatchi&Saatchi Скопје дел од Публицис Групацијата, а инспирирана од творештвото на нашиот најголем драмски писател Горан Стефановски, со кој ќе бидат заокружени активностите од иницијативата #НаправиМесто за 2024 година.

„Делата на Горан Стефановски се врежани во нашата меморија, подеднакво се силни и денес и нѐ обединуваат: да се прифатиме кои сме, да ги надминеме предрасудите и вистински да се поврземе. Годината ја почнавме со оваа тема, и ја завршуваме со истата порака, преку театарот како медиум кој се обраќа на целата јавност и преку делата на Стефановски. Претставата ’Замисли нов свет‘ е нашата инвестиција во културата и македонските уметници кои оставиле белег и чии дела треба да се пренесуваат“, изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.

Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона на Македонскиот народен театар, овојпат во продукција на „Сектор Филм“ и копродукција на Македонскиот народен театар, а како продуценти се потпишуваат Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија44 минути

Светската банка препорача зголемување на границата на пензионирање и на стапката на ДДВ

Северна Македонија има пензиски дефицит и без реформа, тој уште повеќе би се зголемил, оценува Светската банка во новиот извештај...

Топ2 часа

Загина млад скопјанец: дошол да му донесе јадење на татка си и паднал од објект во изградба

Дваесет и тригодишен скопјанец трагично го загуби животот по пад од објект во изградба на Бит Пазар. Според информациите од...

Македонија2 часа

Измама во Тетово: лекар и адвокати фалсификувале медицински извештаи за да наплатат осигурување

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Б.(52) – лекар во Клиничка болница Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба...

Македонија5 часа

По назначувањето две лица на црната листа на САД, ОЈО ја засилува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по предметот оформен по назначувањето две лица на црната листа на САД, презеде дејства во...

Македонија6 часа

Мицкоски: Ќе има предвремени парламентарни избори ако оваа Влада ги изгуби локалните в година

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори доколку Владата која ја предводи ги изгуби локалните избори...

Македонија6 часа

Се работат многу случаи за криминал на поранешни високи функционери од ДУИ, Мицкоски уверува дека јавноста набргу ќе слушне за нив

Актуелното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) повеќе се грижи да го заштити капиталот за кој постаојат сомневања дека...

Македонија7 часа

Време е за враќање на мандатот кај граѓаните, да ставиме крај на неспособноста и корупцијата на нелегитимната Влада, бара ДУИ

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Македонија9 часа

Од скопско „тобако“ уништени речиси 2 тони небезбедна храна

По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство во Скопје, спроведе контрола...

Македонија9 часа

Ахмети: Одлуката на Уставниот суд за еднострано свикување јавна дебата за репреговарање на Охридскиот мировен договор е апсурдна

Синоќа, на голем собир во Гостивар, претседателот на ДУИ, Али Ахмети остро ја осуди одлуката на Уставниот суд за еднострано...

Топ9 часа

(Видео) Запленети речиси четири тони марихуана во Валандовско

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР...

Европа12 часа

(Видео) Падна рингишпил во Бирмингем, неколкумина повредени

Две лица се префрлени во болница, а неколкумина се повредени откако се расипа рингишпил на саем во Бирмингем, пишува Скај...

Свет12 часа

„Мета“ му донира милион долари на Трамп

Мета донираше 1 милион долари на инаугуративниот фонд на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, потврди компанијата за Си-ен-ен. Да потсетиме, шефот...

Свет12 часа

Блинкен и Ердоган се сретнаа, разговараа за ситуацијата во Сирија

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна вчера во Турција на разговори фокусирани на клучниот аспект за воспоставување стабилност во Сирија,...

Европа12 часа

Америка најави нов пакет-оружје за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет оружје за Украина, иако количината или содржината на пакетот не се...

Македонија1 ден

Уставниот суд самиот треба да решава, а не ние да му кажуваме како да работи, вели Сиљановска-Давкова

Одлуката на Уставниот суд за одржување подготвителна седница за Законот за употреба на јазиците е очекувана за претседателката Гордана Сиљановска-Давкова....

Македонија1 ден

Се врши претрес во Судскиот совет за да се обезбедат записници поврзани со мандатот на Дамева

Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет. Oд Јавното обвинителство информираат дека претресот се врши за...

Македонија1 ден

Кузеска: Скандал – сопруга на градоначалник од ДПМНЕ избрана за член на Судскиот совет

Наместо реформи гледаме брутална партизација на судството, би рекла дури и окупација од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Скандалозен е изборот на Данка...

Македонија1 ден

За ДУИ, однесувањето на претседателот на Уставниот суд е неприфатливо и скандалозно, бараат итна оставка

„ДУИ силно ги осудува последните случувања во Уставниот суд, каде што моноетничките интервенции во повеќеетничка држава создаваат опасен преседан. Одлуката...

Македонија1 ден

Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиона евра годишно, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и на министерствата. Истражувањето...