Контакт

Култура

Љутков: Струшките вечери на поезијата се најголем промотор на македонската и на современата светска поезија

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, синоќа, на свеченото отворање на 63. издание на Струшките вечери на поезијата истакна дека оваа престижна манифестација, благодарение на ентузијазмот и креативноста на генерациите македонски поети, но и на присуството на најголемите светски автори, се етаблира како најголем промотор на македонската и на современата светска поезија.

„Струшките поетски вечери сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани, тие се динамична и жива антологија на светската поезија“, рече министерот Љутков нагласувајќи дека оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светската културна јавност.

„Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот што сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме“, истакна министерот за култура и туризам во своето обраќање пред присутните.

Изразувајќи задоволство што оваа година на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на Струшките вечери на поезијата ѝ се придружува и добитникот на „Златниот венец на поезијата“ за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, министерот Љутков потенцира дека за нас е голема чест што тој е вечерва со нас и што Струга и Македонија ќе бидат негов поттик и инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од ова големо срце на Балканот.

„Над шест децении познатата песна ’Т’га за југ‘ од корифејот на македонската уметничка поезија, Константин Миладинов, е светска химна за топлината внатре, во духот на човекот и различните цивилизации“, рече Љутков, кој посака многу успешни изданија на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата и најави дека Министерството за култура и туризам, со поддршка од македонската Влада, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности.

„Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор“, нагласи министерот Љутков.

Во рамките на церемонијата на свеченото отворање, во големата сала на Центарот за култура во Струга настапи нашиот познат пијанист Дино Имери, а истакнатиот поет Веле Смилевски прочита поетска порака. На традиционалното поетско читање „Меридијани“ свои стихови прочитаа: добитникот на „Златниот венец“, истакнатиот француски поет и драматург Жан-Пјер Симеон; добитничката на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2024 година, нашата истакната поетеса и книжевна теоретичарка Катица Ќулавкова; добитничката на наградата „Мостови на Струга“, германската поетеса Катрин Пиц, и други странски и домашни поети.

Мотото на годинешниот фестивал е „Допир на убавината“, со кое, меѓу другото, се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите преку тактилноста и релјефноста на Брајовото писмо, преку допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата.

Најново

Регион23 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава36 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...