Контакт

Култура

Џез вечери во Ресен

Објавено пред

Трите денови исполнети со џез музика на ресенскиот плоштад пред таверната, од 14-ти август до синоќа, донесоа многу публика и забава, како и уметнички ликовни креации. Во организација на Домот на културата „Драги Тозија“, настапија групите Skopje jazzinc, Александар Петров и Transmision project, Sethstat + Мирко Попов.

„Ова е прекрасна забава за нас младите. Има добра музика, а вака се собираме на едно место, па можеме и да се видиме, да се дружиме. Три вечери со џез музика во живо беше одлична можност топлите ноќи да ги поминеме на плоштадот во Ресен, да дојдат од сите краишта на Преспа, а беа присутни и многу доселеници“, рекоа присутните на џез вечерите.

Директорот на Домот на културата „Драги Тозија“, Васко Василевски, истакна дека бројната публика во рамките на трите џез вечери е мотив повеќе постојано да се организираат настани и манифестации, во интерес на локалното население.

„На младите им треба забава, особено во летниот период кога судентите се дома, а присутни се гости од странство. Нашата заложба, како културна институција, не е само да организираме некој културен настан, туку и да ја подигнеме креативноста кај младите. Тоа и се случи на овие џез вечери, затоа што младите ја покажаа и својата креативност, творејќи на платно“, посочи Василевски.

Во Ресен продолжуваат културните настани во организација на Домот на културата „Драги Тозија“. Вечерва, ќе се одржи промоција на светски познатата поезија на Руми  „Два света” во Домот на културата „Драги Тозија”  во Ресен во петок со почеток во 19.30 часот.Промотори и интерпретатори на дел од песните ќе биде преведувачот Тихомир Јанчовски, во придружба на Добрила Грашевска, вокалист на Чалгија саунд систем, митрополитот Пимен и струмичкиот поет Митко Гогов.На промоцијата Добрила Грашевска  ќе настапи со неколку изворни композиции од Македонската музичка ризница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Лисистрата“ на сцената на велешкиот театар

Објавено пред

Ова е прва изведба на претставата на репертоарот на театарот по нејзината премиерна изведба во Античкиот театар во Стоби на свеченото отворање и затворање на интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Дејството на оваа современа сценска адаптација на позната комедија од Аристофан се случува на плоштадот спроти „Акропол“. „Акропол“ во наводници бидејќи тоа не е атинскиот Акропол, туку јавна куќа со име „Акропол“ во Н-тиот град. Штрајкуваат проститутките од „Акропол“, кои се заклучиле внатре во борделот и не ги пуштаат мажите кај себе додека бандите војуваат едни со други. Државните работи се превртувааат од нога на глава не поради рационални причини, туку поради штрајкот во борделот.

Сценографијата за претставата и изборот на музиката е на Хакоб Газанчјан, асистент на сценографија е Софија Стојаноска, а костимите се на Катерина Чукниева. Во претставата настапуваат актерите: Ирена Илиевска, Марина Поп-Панкова, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Драгана Босниќ, Васил Зафирчев, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Ане Павлов.

Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот. Следната изведба на „Лисистрата“ на репертоарот на велешкиот театар е на 24 ноември, со почеток во 20 часот.

Прикажи повеќе...

Книги

Со признание за писателката Славенка Дракулиќ вечерва почнува фестивалот „Букстар 4“

Објавено пред

Со промоција на збирката раскази „Невидлива жена и други раскази“ од една од највлијателните авторки во Европа во моментот, Славенка Дракулиќ, вечерва, со почеток во 19.30 часот, во Клуб-ресторанот МКЦ, ќе почне четвртото издание на фестивалот на европска литература „Букстар 2018“, во организација на издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.

На писателката Дракулиќ ќе ѝ биде доделена и наградата „Букстар“ за книга што ја одбележува 2018 година. Како што велат од организаторот, расказите во книгата „Невидлива жена и други раскази“ ги осветлуваат темните слепи точки на нашето општество со тоа што ја земаат невидливоста на повозрасните луѓе смело прикажувајќи ги универзалните интимни мисли што секогаш ги одложуваме.

На вечерашниот настан промоторки на делото ќе бидат Ангелина Бановиќ-Марковска и Ана Мартиноска, а наградата на авторката ќе ѝ ја додели актерката Наташа Петровиќ.

Во рамките на годинешното издание на фестивалот, кој ќе трае од 13 до 21 ноември, покрај Славенка Дракулиќ (Хрватска/Шведска), пред македонската публика ќе бидат претставени уште шестмина докажани и признати писатели од самиот книжевен врв на Европа: Џамал Уаријачи (Холандија), Офејгур Сигурдсон (Исланд), Михал Ајваз (Чешка), Антон Баев (Бугарија), Рику Корхонен (Финска), Енес Халиловиќ (Србија), како и домашните Живко Грозданоски и Јосип Коцев (Македонија).

Дизајнот на официјалниот фестивалски постер и на другите промотивни материјали е на Зоран Кардула, а настанот е организиран во соработка со издавачката куќа „Готен“.

Годинешната фестивалска програма вклучува најголем број книжевни настани досега, при што, секако, во фокусот се гостувањата на авторите и промоциите на нивните дела. Фестивалските настани ќе се одржат на разни локации во Скопје, а влезот е бесплатен.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Филмот „Врба“ на Манчевски ќе се снима на повеќе локации во Скопје

Објавено пред

Вчеравечер во центарот на Скопје се снимаше една од најефектните филмски сцени за најновиот долгометражен игран филм „Врба“ во режија на Милчо Манчевски, а во продукција на „Банана филм“.

Во Скопје синоќа падна пороен дожд, вештачки произведен за филмската сцена што се снимаше и во која актерот Петар Мирчевски во улогата на Ставре доживува сообраќајна несреќа по што беше однесен со амбулантно возило во болница.

На сетот, покрај режисерот и неговиот посветен тим зад камерите, беа присутни младите актери Наталија Теодосиева, Ненад Нацев, Тино Костадиновски… и секако актерскиот ветеран Петар Мирчевски, кој игра и во претходните четири играни филма на Манчевски снимени во Македонија.

„Врба“ е љубовен филм за денешни и дамнешни души. Испреплетени приказни за љубов и доверба – од македонското средновековие и од македонската сегашност – се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба“ имаат слични грижи, радости и соништа.

Во Скопје деновиве се снима современиот, урбан дел од филмот, по завршувањето на снимањето на делот од 17 век. Режисерот Манчевски на паузата од сетот за медиумите изјави дека штотуку се вратил од 17 век, каде што рече дека си поминал многу убаво со ликовите Донка и Милан.

На прашањето зошто избрал љубовна приказна, одговори дека тоа е приказна што посакала да биде раскажана и дека често приказните сами го избираат него, а не тој нив.

„Никогаш не постои ниту само историски ниту само љубовен или само политички филм. Ако е добар филмот или ако е добар романот, тогаш тие се секогаш повеќе работи во исто време. Секогаш се покомплексни и раскажуваат за разни работи во исто време. ‘Врба’ е филм што долго време го чував во себе, а почна да се дефинира пред 4 години, приказните беа подготвени да се филмуваат мината година и еве годинава веќе ги снимаме за в година филмот да биде подготвен да се прикажува во кино“, изјави Манчевски.

Инаку, шестиот по ред долгометражен игран филм „Врба“ на Манчевски почна да се снима на 25 октомври во близина на прилепското село Крушевица. Во првите неколку недели филмот се снимаше во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец и во Преспанскиот Регион. По девет години, ова е прв филм што Манчевски го работи во Македонија.

Главните улоги во филмот ги играат: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив, во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ и други. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски во притвор

Миле Јанакиески и Кирил Божиновски од рано изутрина се во притвор. Адвокатот Еленко Миланов за ,,Макфакс” ја потврди информацијата дека...

Македонија11 час

Јанакиески: Немам намера да бегам, ја осудувам постапката на Груевски

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески го осудува бегството на експремиерот Никола Груевски. ,,Најостро го осудувам ваквиот чин...

Македонија13 часа

СЈО ќе бара притвори за обвинети, по бегството на Груевски

Специјалното јавно обвинителство од надлежниот суд ќе бара притвор како мерка за обезбедување  присуство за лица кои се обвинети во...

Македонија13 часа

Распишана меѓународна потерница за Груевски

Судот донел одлука за распишување меѓународна потерница за поранешниот премиер Никола Груевски, по информацијата дека тој се наоѓа во Унгарија....

Македонија14 часа

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија16 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања17 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија17 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток18 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија18 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија19 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток20 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет22 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија22 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа22 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет23 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија24 часа

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија1 ден

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија1 ден

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Досие