Контакт

концерти

Џез-импровизации со Васил Хаџиманов и Душан Јевтовиќ

Објавено пред

Вечерва, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“, во организација на „3 гонга“, скопјани ќе може да уживаат во концертиот настап на српските џез-виртуози, гитаристот Душан Јевтовиќ, миленикот на нашата публика, Васил Хаџиманов на клавијатури, и Богдан Џурџевиќ на тапани.

Српскиот гитарист, кој по потекло е од Крагујевац, а со години живее и работи во Барселона, Шпанија, го издаде својот петти по ред албум со наслов No answer. Новото издание набргу доживеа голем меѓународен успех со повеќе од 30 позитивни музички критики и рецензии во светот, а Душан оваа музика ја направи заедно со Васил Хаџиманов.

„Васил снимаше во студио со мене и сакавме да се вратиме на оној стар трио џезерски звук, кој беше популарен во 60-тите и во почетокот на 70-тите години. Сакавме да направиме нешто интересно и мислам дека успеавме во тоа. Хаџиманов е навистина неверојатен со неговата лева рака и умее да направи чуда, многу е стабилен како музичар, врвен професионалец, така што знам дека направивме вистински потег соработувајќи заедно“, вели Јевтовиќ.

Инаку, Душан Јевтовиќ го вбројуваат во најталентираните европски гитаристи од помладата генерација, чиј музички сензибилитет критичарите го споредуваат со оној на Роберт Фрип. Неговата соработка со исклучителниот Васил Хаџиманов, едно од најголемите џез-имиња на овие простори за кој и не е потребна посебна најава, е интензивна изминативе години. Музиката на овие двајца талентирани и успешни музичари е своевиден амалгам од џез-импровизации, во кои е вткаен дури и сензибилитетот на големиот Џими Хендрикс. И на сето тоа го додаваат и дискретниот шарм на српскиот етнофолклор. Овие музичари создаваат еклектична фузија од звуци, кои несомнено заслужуваат да бидат слушнати.

концерти

Џез-концерт во Македонската филхармонија

Објавено пред

Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски ги канат љубителите на добрата музика на концертот насловен Midnight conversation, што ќе се одржи на 22 декември во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот.

„Апелгрен и Спасовски спроти новогодишните празници ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература. Концертот со пијано и глас ќе донесе комплексна, но атрактивна и пријатна музика која ќе направи магија за сетилата и ќе ја разбуди имагинацијата“, најавуваат од Македонската филхармонија.

Џон Илија Апелгрен се смета за еден од најдобрите џез-вокалисти во регионот, со зад себе импресивна кариера на многубројни настапи како солист и со разновидни оркестри и ансамбли, студиски албуми и настапи на фестивали и концерти надвор од земјава. Гордан Спасовски, пак, е пијанист од помладата генерација на џез-музичари во Македонија, кој во водите на џезот влегува под менторство на проф. Илија Пејовски и своето образование го продолжува на џез-одделот на Универзитетот за музика и сценски уметности во Грац, Австрија, каде дипломира со најголеми успеси. Спасовски зад себе има голем број  настапи на европските џез-фестивали, и соработки со значајни џез-имиња.

Прикажи повеќе...

концерти

Пијанистката Дуња Иванова на отворањето на Winter Apricots

Објавено пред

Третото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter Apricots ќе почне овој четврток во Прилеп, со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова. Во киното „Мис Стон“, со почеток во 21 часот, ќе прозвучи музиката на извонредниот полски композитор Збигњев Прајснер и неговите дела за филмските остварувања – „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“, „Три бои“, како и 10 едноставни пиеси за пијано.

Филмската програма на фестивалот Winter Apricots се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од енс-филмови на италијанскиот Stories We dance, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.
Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.

Прикажи повеќе...

концерти

„Лузер-фест“ во МКЦ

Објавено пред

Пред големата финална прослава, вечерва, е и последниот настан од офф-програмата на „Таксират 20“, најдругарскиот „Лузер-фест“, кој го става акцентот на најновите домашни имиња што допрва ќе ја освојуваат музичката сцена. Во МКЦ како финалисти на овој настан ќе настапат Halfgod од Кичево, Reinconnected од Охрид, „Дактили“ од Струмица и скопските Fiction, Thyme и Iyah. Специјални гости со настап за промоција на нивниот албум првенец е ланскиот победник Conspiracy! Билетите со симболична цена од 100 денари се достапни само на билетарница МКЦ, а тие воедно се и гласачко ливче со кои публиката заедно со гласовите од жирито ќе го избере новиот победник на „Лузер-фест“.

Одбележувањето на 20. јубилеј почна со концерт на Kraftwerk во февруари, потоа ги видовме Laibach, Gogol Bordello, Manu Caho, Inner Circle, Akua Naru, Peter Bence, Lord Of The Dance во Скопје и само во изминатите 7 дена повеќе од 30 концертни настапи во официјалната програма што почна со ПИН-музичката конференција, и тоа со најуспешното издание досега на кое Скопје беше местото за поврзување на европската музичка индустрија. И веќе имаме концерти што со сигурност се запишуваат во мемоарите на музичките вљубеници, но и на култните изведувачи, како историски моменти, а меѓу нив д-р Неле Карајлиќ, Страјк, Киборг, At the gates, Рамбо Амадеус со дури два распродадени настапа и последниот во низата, вчерашниот феноменален настап на „Киборг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија14 часа

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа15 часа

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Македонија15 часа

(Видео) Дебата: Невладините се судрија со власта – „План има, пари нема, помина и оваа зима во чад и задушување“

Во дебатната емисија на „Макфакс“, на која се говореше за проблемот со аерозагадувањето, претставници на невладиниот сектор се судрија со...

Македонија17 часа

Амнестијата ќе донесе и помали затворски казни, дали ќе се менува обвинението?

Кој сè ќе може да побара амнестија од учесниците во настаните на 27 април, најверојатно, ќе биде познато в понеделник,...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиевски: Животните што се хранат од медицинскиот отпад од македонските депонии се поголема закана од фабриката за преработка

По реакциите во врска со највата за изградба на фабрика за преработка на медицински отпад  на земјиштето во дворот на...

Крвав четврток17 часа

Пепиќ: Се колнам во своите чест и вера дека не го удрив Села

Покрај разговорите од одземените телефони на пратениците Јохан Тарчуловски и Љубен Арнаудов на денешното рочиште за крвавиот четврток беше презентирана...

Крвав четврток18 часа

Тарчуловски до Мицкоски по апсењата за 27 април: Не е фер да се враќаме во Собрание додека не ги пуштат луѓето од притвор

Во една од вибер-комуникациите помеѓу актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и обвинетиот пратеник Јохан Тарчуловски, кои јавното обвинителство денеска...

Крвав четврток18 часа

Василевски пред 27 април: Подобро е во Собрание да одиме без вратоврски, да не ни пречат

На денешното рочиште за крвавиот четврток беа презентирани докази од дополнителната листа на обвинителството. Помеѓу доказите беше и вибер-комуникација помеѓу...

Регион18 часа

Злосторство во Босна: Татко си ги заклал децата, по што се самоубил

Ужасна трагедија ги вознемири жителите на Босна и Херцеговина, откако медиумите објавија дека татко ги заклал своите три деца, по...

Крвав четврток19 часа

(Видео) Снимателите денеска куртулија од дополнителни проверки поради снимање на обвинителките

Снимателите кои направија снимки од денешното рочиште за крвавиот четврток, за разлика од вчера, не беа изложени на дополнителни проверки...

Топ21 час

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште

70-годишен неподвижен маж настрада во пожар во Сопиште. Како што информира полицијата, вчера, во 20:20 часот на улица 1 во...

Регион21 час

Парламентот ги усвои законите – Косово доби војска

Косовскиот парламент ги усвои законите кои овозможуваат трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили на Косово. Во Парламентот влегле...

Македонија22 часа

Одложено рочиштето за смртта на Никола Саздовски

Се одложи рочиштето за смртта на Никола Саздовски – Саздо, поради оправдано отсуство на еден поротник. Имал смртен случај. На...

Регион23 часа

(Видео) Пронајдени 15 килограми експлозив на автопатот Косовска Митровица – Приштина

Косовската полиција пронашла 15 килограми експлозив на Газиместан, пишува приштискиот весник „Коха“ повикувајќи се на портпаролот на полицијата во Пришина,...

Свет23 часа

Сенатот едногласен: Убиството на Кашоги го наредил принцот

Сенатот на САД едногласно ја усвои резолуцијата во која саудискиот принц Мохамед бин Салман е посочен како одговорен за убиството...

Европа23 часа

Три жени избодени во Нирнберг

Три жени се избодени со нож во одделни напади во Нирнберг, а германската полиција во моментов испитува дали овие инциденти...

Свет24 часа

Трамп и Путин нема да се сретнат ако Русија не ги врати запленетите украински бродови

Средбата на американскиот претседател, Доналд Трамп, и рускиот шеф на државата, Владимир Путин, нема да се оствари сè додека Русија...

Македонија24 часа

Возете внимателно, снег врне во Гостивар, Маврово, Стража, Кичево…

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со променлив интензитет има...

Европа1 ден

(Видео) Хаос во Будимпешта, се судрија полицијата и демонстрантите

Неколку илјади антивладини демонстранти синоќа се судрија со полицијата пред зградата на парламентот во Будимпешта. Полицијата употреби солзавец за да...

Досие