Контакт

Култура

Денови на рускиот филм од 28 септември до 2 октомври

Објавено пред

Од 28 септември до 2 октомври Кинотеката е домаќин на Деновите на рускиот филм во соработка со „Ленфилм“ од Москва. Гостин на Деновите на рускиот филм е филмскиот експерт Александар Поздњаков, автор на документарниот филм „Звуците на старите ѕидови“, со кој ќе биде затворена оваа манифестација во Кинотеката. Филм на отворањето е „Развод по сопствена желба“ на сценаристот и режисер Илија Северов.

dobivaj vesti na viber

Изборот на насловите од Деновите на рускиот филм се продуцирани во студиото „Ленфилм“ – најстарата продукциска компанија во Русија – во периодот од 60-тите години на минатиот век, па сè до поновата продукција на филмот што ја отвора манифестацијата „Развод по сопствена желба“ .

Александар Поздњаков е познат руски режисер, сценарист и историчар на филмот. Работи во „Ленфилм“ од 1983 и е претседател на асоцијацијата на филмските критичари на Санкт Петерсбург. Автор е на неколку книги и на документарните филмови АНАТОМИЈА НА ФИЛМОТ: ЧОВЕК АМФИБИЈА (Anatomy of film: Human Amphibian; 2001); МАНЕРХАЈМ И ПИЕТАРИ(Mannerheim e Pietari; 2004); СВЕТЛА НА СЦЕНАТА (Lights in the Stage; 2007 ); ГЕРМАН, ОД ДРУГАТА СТРАНА НА КАМЕРАТА (German, From the Other Side of the Camera; 2009); ДИЈАМАНТСКА СТРАНА (Diamond Facet; 2010); ЦАРСКА ПОСЕТА (Visiting Empress; 2010); 2016 – БОЖИКНО ДРВО НА БРЕГОВИТЕ НА НЕВА (2016 – Christmas Tree on the Banks of the Neva; 2016)…
Во петте вечери посветени на продукциите на „Ленфилм“ ќе имаме можност да видиме девет наслови на автори различни по нивната естетика, како и филмови од различни периоди на постоењето на ова филмско студио. Затоа на програмата на Деновите на рускиот филм со соработка со „Ленфилм“ ќе ги сретнете имињата на Борис Пастернак како сценарист, режисерите Григори Козинцев и Алексеј Герман (меѓу другите), актерот Инокентиј Смоктуновски и многу други значајни имиња од советската ера на руската кинематографија, но и новите имиња.

28 септември (сабота) 18:00 часот
РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА
(Развод по собственному желанию / Voluntary Divorce)
Игран филм, Русија
2015, 79 мин., Колор, ДЦП
Режија: Илија Северов (Ilya Severov)
Сценарио: Илија Северов (Ilya Severov)
Улоги: Константин Јушкевич, Наталија Суркова, Слава Коробицин ( Konstantin
Yushkevich, Natalya Surkova, Slava Korobitsin )

Тренерот, поранешен тркач со велосипеди, Сергеј (Константин Јушкевич) и основачот на синџирот книжарници Елена (Наталија Суркова) се заедно дваесет години. Неочекувана брачна расправија се заканува да прерасне во развод. Сергеј одлучува да започне одново и заминува од дома, не сомневајќи се дека животот може драматично да се смени за само неколку часа. Неверојатните авантури во кои е вклучен најдобриот пријател (Јуриј Галцев) и лудите ситуации со најблиските ќе ја тестираат силата на семејната врска на Сергеј и Елена. Филмот РАЗВОД ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА е воедно и драма и комедија. Сниман е во традицијата на „доброто старо советско кино“, во кое гледачот е принуден безусловно да сочувствува со хероите.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

28 септември (сабота) 20:00 часот
ЧОВЕК АМФИБИЈА
(Человек-амфибия / Amphibian Man)
Игран филм, Русија
1962, 96 мин., Колор, ДЦП
Режија: Владимир Чеботарев, Генадиј Казански (Vladimir Chebotaryov, Gennadiy Kazanskiy )
Сценарио: Акиба Голбурт (kiba Golburt )
Улоги: Владимир Коренев, Анастасија Вертинска, Михаил Козаков (Vladimir
Korenev, Anastasiya Vertinskaya, Mikhail Kozakov )

Рибарите од Буенос Аирес и ловците на бисери се исплашени од мистериозното морско чудовиште. Никој не знае што точно е тоа, а всушност се работи за синот на д-р Славатор. Човекот со бели дробови и жабри на ајкула се вика Ихтиандер – резултат на смелите експерименти на д-р Салватор со трансплантација на органи. Ихтиандер е слабо запознаен со луѓето и цивилизацијата – пораснал во куќата на неговиот татко и на море, негови пријатели се делфините. Еднаш, Ихтиандер здогледува девојче како се дави во морето и го спасува од смрт. Оваа минлива средба го менува животот на младиот човек. Тој за првпат излегува во градот и таму ја наоѓа шармантната Гутиер, која не знае кој е нејзиниот вистински спасител. Помеѓу младите се појавуваат чувства. Сепак, таткото на девојчето, Балтазар, инсистира таа да се омажи за Зурита (кого девојчето го смета за свој спасител). Гутиер се спротивставува, но конечно се предава, верувајќи дека Ихтиандер, кој се фрли во морето пред нејзините очи, се удавил, а нејзиниот вистински спасител е Зурита.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

29 септември (недела), 19 часот
ХАМЛЕТ
(Гамлет / Hamlet)
Игран филм, Советски Сојуз
1964 г., 140 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Григори Козинцев (Grigori Kozintsev)
Сценарио: Григори Козинцев, Борис Пастернак, Вилијам Шекспир (Grigori Kozintsev, Boris Pasternak, William Shakespeare)
Улоги: Инокентиј Смоктуновски, Михаил Названов, Елза Раѕина (Innokentiy Smoktunovskiy, Mikhail Nazvanov, Elza Radzina)

Хамлет, принцот од Данска, се враќа дома и открива дека татко му е убиен од чичко му Клавдиј, кој го презел тронот и се оженил со мајка му. Хамлет е вознемирен, го прогонуваат духови и е крајно нестабилен.
Григори Козинцев бил член на руската авангардна група „Фабрика на ексцентрични актери“, која била блиска со дадаизмот и футуризмот. Во 1923 г. требало да ја изведат пантомимата „Хамлет“, но не успеале во тоа и Козинцев се насочил кон кинематографијата. Сепак, се навраќа кон театарот и во 1941 го поставува „Кралот Лир“, а во 1954 „Хамлет“. Посветеноста на Козинцев кон Шекспир се гледа и во тоа што напишал книга на таа тема: „Шекспир, време и совест“. Уште при самото појавување, филмот се стекнува со големи пофалби и на Исток и на Запад. Западњаците ја подвлекуваат музиката на Шостакович како алтернатива на фактот дека филмот е снимен според рускиот превод на Пастернак и на руски јазик, а и славниот Питер Брук има главно поволни мислења за филмот и ја истакнува потрагата на Козинцев кон суштината на пиесата. Филмот има освоено Специјална награда во Венеција.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

30 септември (понеделник) 18 часот
ДАМАТА СО КУЧЕТО
(Дама с собачкой / The Lady with the Dog)
Игран филм, Русија
1960, 83 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Јосиф Хеифитс (Iosif Kheifits)
Сценарио: Јосиф Хеифитс (Iosif Kheifits)
Улоги: Илја Савина, Алексе Баталов, Нина Алисова(Iya Savvina , Aleksey Batalov, Nina Alisova)

Во деветнаесеттиот век во приморскиот град Јалта, Димитри Гуров, граѓанин од високата
класа, ја запознава Ана Сергејовна додека го шета нејзиното куче. Двајцата имаат несреќни
бракови: Димитри е во брак од интерес, склучен од страна на неговото семејство додека бил
на колеџ, додека Ана била мажена за лакеј од љубов, која повеќе не постои, и започнуваат
љубовна врска. Кога Ана се враќа во Саратов и Димитри во Москва, тој има здодевен живот
дома, го минува времето работејќи и одејќи во клубот за да пие и да игра карти со пријателите. За
Божиќ, Ана му недостига на Димитри и тој ја лаже жена си дека мора да оди на службено
патување во Санкт Петербург. Меѓутоа, тој патува во Саратов и ја сретнува Ана во операта со сопругот. Нивната љубов се распламтува и Ана му ветува дека ќе се сретнат во Москва. Во време
кога разводот е незамислив, Ана и Димитри се проколнати да се среќаваат во хотелски соби.
Филмот бил прикажан во Кан во официјалната селекција.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

30 септември (понеделник) 20 часот
НАЧАЛНИКОТ ЧУКОТКИ
(Начальник Чукотки)
Игран филм, Русија
1967, 66 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Виталиј Мелников (Vitaliy Melnikov)
Сценарио: Владимир Валутски, Виктор Викторов (Vladimir Valutskiy, Viktor Viktorov)
Улоги: Михаил Кононов, Алексеј Грибов, Генадиј Данзанов (Mikhail Kononov, Aleksey
Gribov, Gennadiy Danzanov)

Дејствието на филмот се одвива во 1922 година. Комесарот на Ревкомовски, Алексеј Михајлович Глазков, кој добил мандат од Советската влада да управува со областа Чукотка на Далечниот Исток, и младиот службеник Алјоша Бичков, кој го придружува, патуваат со тим кучиња до селото Ујгунан. На патот Глазков умира од тифус, а Алјоша го погребува. И покрај смртта на Глазков, тој стигнува во Ујгунан, каде го пречекува поранешниот царински службеник Крамов. Откако го примил Алјоша, лукавиот Крамов, тајно испитувајќи ги работите што ги донесол Алјоша, го наоѓа мандатот на Глазков и смета дека Алјоша е Глазков. Младиот патриот завршува во Чукотка веднаш по граѓанската војна каде има намера да ги шири идеите за правдата и еднаквоста меѓу локалните граѓани, но наместо тоа ги стекнува локалните капиталистички навики.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

1 октомври (вторник), 18 часот
ЖЕНИДБА
(Женитьба)
Игран филм, Русија
1977, 99 мин., Колор, ДЦП
Режија: Виталиј Мелников (Виталий Мельников)
Сценарио: Виталиј Мелников, Николај Гогољ ( Виталий Мельников, Николай Гоголь)
Улоги: Светлана Киручкова, Алексеј Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржелчик (Светлана Крючкова, Алексей Петренко, Олег Борисов, Владислав Стржельчик)
Подлегнувајќи на убедувањето на неговиот пријател Кочкарев, средовечниот советник во судот Подколесин, се сплеткал со зрелата девојка Агафија Тихоновна, ќерка на трговец. Во последен момент, откако поминал низ болен период на дружење и донесување одлука за свадба – младоженецот решава да избега од венчавката, скокајќи низ прозорецот…
Филмот е сниман според класичниот расказ „Женидба“ на Николај Васиљевич Гогољ.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: Бесплатен Влез

1 октомври (вторник), 20 часот
ДВАЕСЕТ ДЕНА БЕЗ ВОЈНА
(Двадцать дней без войны / Twenty Days Without War)
Игран филм, Русија
1977, 101 мин., црно -бел, ДЦП
Режија: Алексеј Герман (Aleksey German)
Сценарио: Константин Симонов ( Konstantin Simonov)
Улоги: Јудмила Гурченко, Алексеј Петренко ( Yuriy Nikulin, Lyudmila Gurchenko, Aleksey Petrenko)
За време на 20-дневниот одмор, воениот дописник Лопатин патува со воз до далечниот град Ташкент. Многу е далеку од фронтот, но се чини дека војната е присутна во умовите на луѓето дури и таму. Дописникот патува таму за да се сретне со семејството на загинат војник и да го посети филмскиот сет од адаптацијата на неговите приказни од војната. Лопатин покрај тоа успева да прошета низ улиците на Ташкент, да учествува на состанок на фабрички работници и да има кратка љубовна врска. Иако нема бомби и борби, во атмосферата се чувствува војната.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: Бесплатен влез

2 октомври (среда), 18 часот
ВЉУБЕН ПО СОПСТВЕНА ЖЕЛБА
(Влюблён по собственному желанию / Enamored by own Accord)
Игран филм, Русија
1982, 89 мин., Колор, ДЦП
Режија: Сергеј Микаелјан (Sergey Mikaelyan)
Сценарио: Сергеј Микаелјан, Александар Васински ( Sergey Mikaelyan, Aleksandr Vasinsky)
Улоги: Олег Јанковски, Евгенија Глушенко, Всеволд Шиловски (Oleg Yankovskiy, Evgeniya Glushenko, Vsevolod Shilovskiy)

Животот по некоја случајност спојува двајца луѓе. Поранешен спортист и шармантниот, но сиромашен млад човек Игор и библиотекарката Вера, навидум непривлечна, но срдечна девојка, која доживеала многу разочарувања, склучуваат договор да се заљубат по пат на автотренинг. Меѓутоа, и покрај тоа што целата работа не успева, тие искрено се заљубуваат и без автотренинг.
Во филмот доаѓа до израз реалноста на доцниот Советски Сојуз со неговите неатрактивни страни – црн пазар, пијанство, растечки скептицизам и разочарување од идеалите.
Актерката Евгенија Глушенко ја освои наградата „Сребрена мечка“ за надобра женска улога на Филмскиот фестивал во Берлин 1983.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: Бесплатен Влез

2 октомври (среда), 20 часот
ЗВУЦИТЕ ОД СТАРИТЕ ЅИДОВИ
(Голоса в старых стенах)
Документарен филм, Русија
2019., 60 минути Колор, ДЦП
Режија: Александар Позњаков (Alexander Pozdnyakov)
Сценарио: Александар Позњаков (Alexander Pozdnyakov )
Улоги: Виталиј Аксенов, Игор Масленикнов, Виталиј Мелников, Сергеј Селјанов, Александар Сокуров ( Vitaly Aksenov, Igor Maslennikov, Vitaly Melnikov, Sergey Selyanov, Alexander Sokurov)

Документарен филм кој раскажува за сите главни историски пресвртници на филмското студио „Ленфилм“. Познати актери, режисери и продуценти се сеќаваат на „златната ера“ на „Ленфилм“ и прераскажуваат смешни и тажни приказни кои се случиле во тоа студио . Прикажани се и пробите на Театарската академија на Моховаја, каде се обучувала новата генерација актери. Ова е гротескен филм кој комбинира тажни и смешни сцени, носталгични спомени од убавите времиња на тивкото и убаво кино.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: Бесплатен влез

Култура

Марко Бањоли во Чифте амам

Објавено пред

На 23 април во 19 часот во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, Скопје ќе се отвори мултимедијалната изложбата „Тркало на времето“ на истакнатиот италијански уметник Марко Бањоли.

dobivaj vesti na viber

„Со оваа изложба ја објавуваме одлуката на Советот на Остен „Земја во фокус“ на Остен Биеналето Скопје 2024 да биде Италија“, велат од Остен.

Изложбата е организирана во соработка со Зеринтија, Асоцијација за современа уметност, а со поддршка на Италијанска амбасада во Скопје и Италијанскиот културен институт во Белград.

Прикажи повеќе...

Култура

Настап на Дуња Иванова и концерт посветен на Кире Костов во изведба на Биг бендот на фестивалот „Крај Вардарот џез“

Објавено пред

Во рамки на втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“, утревечер на 23 април во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот на пијано ќе настапи Дуња Иванова.

dobivaj vesti na viber

Нејзиниот концертен настап „Мирисот на липите“ ќе биде проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Музичко-поетски проект, кој раскажува приказна за познатите урбани и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“…

Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Получасовно патување низ симболите на Скопје, погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител од Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце.

Минатиот месец за „ПМГ Џез“, како 44 издание, излезе албум во живо, концерт на пијано на Дуња Иванова, кој беше реализиран во рамки на музичката програмата „Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска.

Веднаш потоа во 21 часот на истата сцена ќе започне долгоочекуваниот концерт на Биг Бендот со музика од Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Костов на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент.

Фестивалот ќе биде заокружен на 27 април во едукативно културниот центар Лабораториум со концертен настап на „Macedonian Free Society“ и со еден од највозбудливите музички проекти „Поетроника“.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија6 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија7 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија7 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија8 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија9 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија10 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија10 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија10 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија10 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија11 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија11 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија11 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија11 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија12 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија12 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија13 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија15 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија17 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....