Контакт

Култура

Екодебата „Светла иднина“ во резиденцијата на Европската Унија: Треба да излеземе од удобната зона

Објавено пред

Треба да излеземе од удобната зона, да бидеме креативни како да создаваме помалку отпад и да размислуваме што ѝ правиме на нашата животна околина со секое наше однесување. Сакаме повеќе да се обрнува внимание на екологијата во образовниот процес, преку реални проекти и практики, а не само теоретски – велат гимназијалци од „Панче Арсовски“ од Скопје, кои учествуваа на дебатата „Светла иднина“ посветена на тоа како се справуваме со отпадот, што беше организирана минатата недела во резиденцијата на Европската Унија во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Дебатата, чиј директен повод е изложбата „Розеви тигри и златни гуштери и уште што не“ инспирирана токму од начелата на Зелениот договор, е прва од планираната пролетна серија во организација на Делегацијата на Европската Унија, во соработка со галеријата „Акантус“. Ученици, професори, уметници, експерти за животна околина, екоактивисти се обединија и разговараа на горливата тема. Прво дело од кое се инспирираа за дискусија беше „Светла иднина“ на уметникот Ајваз Озбек, дел од самата изложба. Преку делото, изработено од отпадно железо, уметникот ги претстави четирите страни на светот, сите споени во форма на светилка, навестувајќи ја нашата огромна потреба од енергија.

„Летниот период имаше многу пожари кај нас. Знаеме дека при пожар се сушат дрвјата. Дрвото поставено во централниот дел на делото е исушено. Светилката како енергија што ја имаме ни го претставува делото. Моите соседи почнаа да ми нудат шрафови, некако почна природно рециклирање во маалото. Колегите уметници сè почесто користат рециклирачки материјали за своите дела и тоа ме радува“, вели Озбек.

Бојан Д. Георгиевски од галеријата „Акантус“ истакна дека изложбата укажува на моменталните грижи и проблеми во сите општества на нашата планета, а повеќето уметници се фокусирале на биодиверзитетот.

„Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ изработија видео што ги разгледува проблемите на биодиверзитетот. Велимир Жерновски се фокусира на моќта на регенерацијата кај гуштерите, Маја Кировска го отвори прашањето што може секој поединец со малку труд да направи за подобрување на нашата околина. Ненад Тонкин, инспириран од детски цртежи, од рециклирани материјали создаде скулптури и зборува за губењето на живеалиштата“, истакна Георгиевски.

Домаќинот на настанот, Пол Бускот, истакна дека токму преку уметноста ќе бидат водени дискусиите зашто „таа е гласот на срцето, на душата.“

„Овде сме да разговараме, да упатиме пораки за работи што можат да бидат направени за оваа земја да биде подобро место за живеење“, рече Бускот.

Модератор на дискусијата беше Мила Јовановска од организацијата „Биди зелен“, која нагласи дека е многу важно отворено да се зборува за проблемите, а особено што климатските активисти најдоа начин преку уметноста да повикаат на акција.

„Отпадот многу придонесува за загадувањето на животната средина и за климатските промени. Секој од нас може да биде добар пример и да шири еколошката свест“, истакна таа.

На младите им пречи што нема доволно јавна свест, сакаат повеќе да се зборува и дејствува на оваа тема во образованието.

„Јас сум од Петровец и кај нас нема такви контејнери. И нема како да се рециклира, а сакам да го правам тоа. Уште од 4. одделение учествувам во екопроекти. Морам да кажам дека првенствено наставниците ни даваат добар пример. Јас неодамна научив дека постојат машини за пластични шишиња кои потоа ти даваат пари или некоја друга награда. Тоа треба и кај нас да се примени – вели еден од средношколците. За негов соученик, оваа тема треба да биде секогаш актуелна и со повеќе акции и кампањи по медиумите, но и на училиште. Младите се самокритични и признаваат дека не размислуваат премногу на темата како да го намалат количеството отпад и дека им е тешко да излезат од удобната зона. Тие, исто така, признаваат дека и ковид-пандемијата придонела за нивно созревање и добивање појасна слика за животната средина и нашето влијание врз неа.

Иван Дургутов, млад европски амбасадор од иницијативата на Европската Унија, забележа дека екологијата е тема што младите денес ја чувствуваат како поблиска. Тој посочи дека општеството сè уште нема создадено атмосфера за таа да се сфаќа посериозно.

Ана Каранфилова-Мазневска, одговорна на Секторот за справување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, им доближи на младите што значат законите што ги имаме и каде може да се информираат за сè што ги интересира на темата.

Низ интересни примери, Виктор Христов, експерт за цврст отпад, им објасни на младите различни аспекти од справувањето со отпадот.

„Отпадот е вид цивилизациска вредност. Затоа што кога ќе видиме како во некои земји добро се справуваат со отпадот, знаеме да кажеме ‘овие се поцивилизирани од нас’. Доколку влезете кај некого дома, ако не е чисто, мислите дека не е добар домаќин. Во 20 години сум работел во над 30 земји во светот. Законите секаде се релативно добри. За жал, кај нас примената законите е многу бавна“, вели Христов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Култура

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Објавено пред

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот којшто се одржа од 10 до 14 април, во своето 22-годишно постоење се залага за промоција на храбри филмови кои обработуваат општествени предизвици, но и говорат за смелоста на човековиот дух.

Цветановски го радува тоа што филмот по вторпат e наградeн во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона.

„Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека како автор сум горд што добивме награда овде, и тоа во конкуренција со американски филмови со многу поголеми буџети. Едвај чекам да завршиме со оваа светска фестивалска турнеја и во септември да го презентираме пред нашата публика. Очекувам филмот да отвори теми за дискусија на повеќе нивоа, но пред се‘ сакам да го продолжиме трендот од последниве години, во кој на домашните гледачи им се враќа довербата и желбата да гледаат македонски филмови“, рече Цветановски.

„Бизнисот на задоволството“ досега доби осум награди на филмските фестивали низ светот, од кои пет се за најдобар долгометражен филм.

Филмот ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Филмот е снимен со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Култура

Националниот џез оркестар со програмата Џез лектира гостува во Велес

Објавено пред

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата под наслов „Џез лектира“ гостува во Велес. Концертот ќе се одржи на 23 април, 2024 година, со почеток од 20 часот во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.

dobivaj vesti na viber

„На концертот „Џез Лектира“ се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како „Кралот на свингот“. Во 1935 година, тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група скоро 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично“, се наведува во соопштението на Националниот џез оркестар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија41 минута

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет59 минути

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија1 час

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион4 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет5 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија5 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет5 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија6 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија6 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија6 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија17 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија18 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија18 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија18 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија23 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија23 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...